Јовановски: Наша цел е Охрид да биде отворена и услужна општина за сите

Наша цел е Охрид да биде отворена и услужна општина за сите. Граѓаните да добиваат побрзи и поквалитетни услуги од јавната администрација. Затоа предвидуваме развојот на Охрид да биде со максимална употреба на паметните технологии. Паметниот урбанистички развој на градот обезбедува максимален квалитет на живот со минимално трошење на ресурсите. Сето тоа го правиме со користење информациски технологии со кои ќе се воспоставуваат современи одржливи форми на комуникација и мобилност. Ова денес го истакна кандидатот за советник од СДСМ и Коалицијата, Филип Јовановски. „Најпрво создаваме институционална рамка за паметен урбан…

повеќе...

СДСМ Охрид: Неспособноста на ДПМНЕ се гледа во секое јавно претпријатие

ОО СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Веројатно како што им се ближи денот кога ќе ја загубат локалната власт, од ДПМНЕ се повеќе се губат во сопствените лаги. Се чини најзбунет од сите во редовите на ДПМНЕ е директорот на ЈП „Градски гробишта“, Зоран Симоноски. Во неговото вчерашно излагање, покрај редовните жалопојки, овој човек се дрзна да зборува за некакво физичко и психичко малтретирање на вработени во јавните претпријатија кога на власт беше СДСМ. По се изгледа, Симоноски доби инспирација за вакви говори откако пред само…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Трајкоски, ајде кажи колку општински пари и додели на твојата сестра!?

ОО СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Трајкоски во изминативе четири години општинските пари наменети за финансирање на граѓанските организации во голема мерка ги делел на роднински и партиски подобни здруженија на граѓани, без почитување на одлуката за критериумите и постапката за распределба на финансиски средства на здруженијата на граѓани и фондациите од буџетот на општина Дебрца, донесена од советот на општината. Особено , посебна грижа водел за неговата сестра, која е основач на Здружението “Мавивест”, од село Велмеј, организација за која никој   и  да не слушнал…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Јован Стојаноски да одговорат зошто ја стопираа изградбата на автопатот Охрид-Кичево?

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „СДС се неспособни и целосно неодговорни кон граѓаните. СДС во своите мрачни денови на власт само блокира и крати па така автопатот Кичево – Охрид е жртва на неодговорноста и некадарноста на СДС. Неспособните СДС наоѓаа најбанални изговори, како да се запре изградбата на автопатот. Градбата на Автопатот Кичево – Охрид е во целосен застој повеќе од четири месеци. До мај преку автопатот се гледаше работата на ВМРО-ДПМНЕ. Денес пак преку автопатот се гледа работата на СДС. До мај 1000…

повеќе...

Меѓународен ден за намалување на катастрофи

Со резолуцијата 64/200 од 21 декември 2009 година, Генералното собрание одлучи да го назначи 13 октомври како датум за одбележување на Денот и да го промени неговото име на Меѓународен ден за намалување на катастрофи. Целта на одбележувањето е да се подигне свеста за тоа како луѓето преземаат мерки за намалување на ризикот од катастрофи. Кампањата за 2017 година се обидува да ја подигне глобалната свест за ефективните акции, политики и практики преземени за да се намали изложеноста на ризик од катастрофи на ниво на заедницата, со што се придонесува…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Дали прекинувањето на проектот за Центарот за култура значи живот за Охрид и охриѓани?

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „ВМРО-ДПМНЕ бара од СДС веќе еднаш јавно да излезат и да им објаснат на охриѓани за одлуката за поништување на проектот за реконструкција, надградба и осовременување на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, донесена тајно, нетранспарентно и зад грбот на јавноста. Прашуваме дали Охрид и охриѓани не се достојни да добијат објект на кој ќе се гордеат и во кој ќе може да ги следат културно-уметничките настани во својот град, посочувајќи дека во Центарот за култура се сместени и работат националните…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е изгубена и единствено што знае е да копира туѓи проекти и со нив да се фали!

Во врска со прес-конференцијата на Бесим Демиров, реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во која стои: „СДС е изгубена и почна да ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ кои претходно ги критикуваше. СДС единствено што знае е да копира туѓи проекти и со нив да се фали. Продолжувале со нив, па засрамете се! Очигледно нивниот кандидат за советник сè уште мисли и по превртувањето на неговата страна дека зборува за ВМРО-ДПМНЕ. Жителите на УЗ Воска и Далјан многу добро паметат што сè е направено за да можат да ви ги препознаат лагите.…

повеќе...

Нова мобилна апликација „Органски пат“

Апликацијата „Органски пат“ е развиена од Организацијата на потрошувачите на Македонија во партнерство со Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит од Скопје и Здружението на агро-новинари „Медиа плус“ од Скопје. „Органски пат“ овозможува: да дознаете каде во ваша близина можете да набавите или консумирате органска храна; пребарување, контактирање и планирање посета на производителите на органска храна во Македонија, како и ресторани, продавници, сместувачки или туристички објекти кои нудат органска храна во своите понуди; да дознаете што е органска храна и како можете да ја препознаете; да откриете зошто органската храна е добра за зачувување на…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДС е на власт, владее криминал, корупција и непотизам

Во врска со реакцијата од ОО СДСМ Охрид, контра-реакција испрати ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, во која стои: „СДС живее во некоја измислена бајка во која само тие веруваат и остануваат слепи при очи, глуви при уши, и што е најстрашно без разум. ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот охридски градоначалник Никола Бакрачески на последните локални избори победија убедливо уште во првиот круг од изборите. Разликата беше над 8 илјади гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е јасен одговор на граѓаните кои го казнија катастрофалното работење на СДС и нивниот пиун Петрески. Фактите поврзани со…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески и неговиот тим направи увид на градежните активности на неколку објекти

Градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со неговите најблиски соработници, денеска направи увид на градежните работи на неколку објекти кои започнаа да се градат за време на неговиот мандат. Во обиколката беа посетени градилиштата на новата автобуска станица, тротоарите наспроти бензиската пумпа „Лук Оил“ на влезот во Охрид, покриениот градски пазар, тротоарите на улицата „ Гоце Делчев“ од амбулантата до поранешната ветеринарна станица, тротоарите и велосипедските патеки на Бул. „Туристичка“, од музичкото училиште до крајот на населбата „Билјанини извори“ како и пешачко-рекреативната патека од мостот на каналот „Студенчишта“ до „Билјанини извори“ .…

повеќе...