Египќанската интеграција треба да започне од Охрид

Драги мои, Египќаните во Охрид, Ресен и Битола, дадоа скромен, но пред се и над се, голем пријателски допринос, во убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ, без никакви договори, пазарења, или уценувања, едноставно му ја поклонија довербата на ВМРО-ДПМНЕ, како политички субјект, кој и тоа како помогна во основањето на десноцентристичката и едеинствена партија на Египќаните, Сојузот на Египќани на Македонија. Најголемата поддршка, очекувано ја добија во Охрид, каде Египќаните, неофицијално, но како одраз на објективната стварност се втори по бројност, веднаш зад доминантниот Македонски народ. Во таа подршка, голема улога одигра…

повеќе...

Доброто управување со водата – сигурност за државата и нацијата

Еколошкото друштво „Грашница“ се вклучува во одбележувањето на Светскиот ден на водите – 22 март. Овој ден е усвоен со Резолуција на ОН во 1992 год. во Рио, а декадата 2005 – 2015 г. е прогласена за декада за акција наречена „Вода за живот“. Да направиме едно резиме како стојат работите во нашиот регион: го имаме Охридското Езеро – едно големо сино око без кое веројатно Охрид и не ќе постоеше. Веднаш до нас, не помалку е значаен Црн Дрим за  Струга. Како синото да остане сино? Еден од врвните…

повеќе...

КОЛУМНА: Предизборна врева пред предизборен молк

Вреват сите. И врват. И едните и другите и десните и левите и либералите и лeвичарите и уличарите – сите врват и вреват, ама баш сите, па и оние доблесните – сите, дури и оние што не се со сите. Ме убиваат со децибелна и дебилна врева. Ми нудат во еден глас – спас за сè што досега не чинело, за сè што досега не врвело дека допрва ќе врви; она што не можело да се направи на први ќе било завршено до следниот први… И така, ден по ден,…

повеќе...

Предизборна фатаморгана „Куратица 2013“

Откако започна предизборната кампања за локалните избори, од кандидатите можеме да слушнеме и видиме разни идеи –програми (посебно од кандидатите за Градоначалник). Пред неколку дена до Куратица меѓу другите  стигна  и програмата од коалицијата „СОЈУЗ ЗА ИДНИНАТА СЕГА„  за што  бевме заинтересирани. Секако ја разгледавме, и се разбира застанавме каде и што е предвидено во програмата за Куратица и околните села. Еднаш прочитано, па уште еднаш, па уште еднаш…… – да не им веруваш на сопствените очи! Читаме …. Реконструкција на патот од Прентовмост до Куратица. Па господине, да не…

повеќе...

Зошто Египќаните треба да го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески

Драги мои, Египќаните се наоѓаат во ситуација, кога со само еден потег, можат да ја променат својата социоекономска, политичка, културна и егзистенцијална егзистенција. Години наназад, бевме неми сведоци, како мораше да интервенирам по медиумите, највисоките државни инстанци, меѓународниот фактор, за фригидното кршење на човековите права на Египќаните. Секојдневно стануваш со страв, особено оние наши Египќани, кои го држат чист Охрид, се плашеа да не ги казни по плата, се плашеа за нивната егзистенција, сведоци бевме како на најмангупски недозволиво ниско ниво, се малтретираа неколку египќански семејства, кои на пазарот продаваа…

повеќе...

Пофалба кон жената-мајка

Денес, во овој осмомартовски ден, како и секој ден досега, како и секоја измината година, како и секој миг изминат од мојот живот, повторно и денес, како и  за секоја мајка – нејзиниот син, така и  јас мојата прекрасна и најдоблесна мајка, мојата, и со големи букви од моево срце преку моиве усни изговорена МАЈКА, мојата топла прва лулка, моето прво млекце и прво мое залаче, моето топло прво гнездо, моето  прво седело, мојот најтопол шал среде сите лути зими, мојата ѕвезда деница среде сите минати, сегашни и можни идни…

повеќе...

Работата го краси човекот

 Повод за ова мое писмо е вашата анкета „Дали барате работа?“. Во моментот кога ги пишувам овие редови, го забележувам поразителниот факт: од 151 анкетиран само 32 имаат работа!  Вработувањето е едно од клучните прашања за барем колку- толку среден живот. А за маките да се најде работа дури и Тантал и Сизиф со нивните искушенија поради гневот на боговите се „гола вода“.  Да се најде работа е вистински макотрпна и долга одисеја од која не е сигурно дека ќе излезеш со позитивен исход.  Како сè започнува!  Да го прескокнам делот…

повеќе...

Египќаните за промена на името на ОУ „Братство-Единство“

Терминот „Братство-Единство“ потекнува од едно минато време, иако во себе има содржина на взаемно почитување и соживот, сепак го надминало времето, бидејки на сцена е Парламентарната и непосредна Демократија. Но, основот за ова лежи, што денес, не сум убеден колку се почитува основното значение и пораката што го носи терминот Братство-Единство. Затоа, имаше и инцидент, а тие се создаваат кога „вештачки“ се одржуваат во живот така значајни термини, како маска или шминка, зад нешто што се прави, едноставно тој термин се „злоупотребува“ и не е одраз на објективната стварност. Основачи…

повеќе...

Колумна: Се подготвува асимилација, етничко претопување и нов модерен робовладетелски однос кон македонските Египќани

Драги мои, децениската „сизифовска“ борба за неповратно позиционирање на припадниците на етничкиот кампус на Египќаните, како автохтон и автентичен етникум во мултиетничка Македонија, дефинитивно не успеа да се ефектуира кон она што значи да бидат дел од Преамбулата на највисокиот правен акт, која иако има декларативен карактер, е солидна почва од која генерираат низа форми на дискриминација, како еден општествен феномен, кој го гризе и онака кревкото мултиетничко и мултикултурно општество. Донесувањето на законот за спречување и заштита од дискриминација, донекаде и ќе ја амортизира таа состојба на т.н. дискурс…

повеќе...

Колумна: Египќаните заслужуваат повеќе

Египќаните се лојални граѓани на Република Македонија и во согласност со Уставот треба да бидат и рамноправни. Спаѓаат во категоријата ранливи етнички заедници, на кои катадневно им се заканува процесот на асимилација. Според принципите на парламентарната демократија, државата, која има намера да влезе во семејството на европските народи, треба да донесе позитивни прописи за да ги заштити. Египќаните не се правилно и соодветно интегрирани во институциите на системот и не се спомнати во преамбулата на Уставот, што од своја страна дефинитивно носи тешки последици за припадниците на оваа етничка заедница.…

повеќе...