Селекторот Милевски го објави списокот за У21 квалификацискиот дуел со Ерменија

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски го објави спосокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификацискиот натпревар против Ерменија на 5 септември на гостински терен во Ереван. Милевски вели дека фудбалерите кои се наоѓаат на списокот го заслужија повикот, принципите за работа во оваа селекција остануваат исти. „Во принцип не сум некој што сака да менува. Овие фудбалери беа повикани на пријателскиот натпревар со Црна Гора, а и со игрите во своите клубови го заслужија повикот. Критериумите и принципите остануваат исти, сите кои се стандардни…

повеќе...

Најдобрите македонски борачи ќе учествуваат на СП во Париз 2017

Во периодот 23-27 Август 2017 година, најдобрите македонски борачи Елмедин Сејфулау, Владимир Егоров и Магомедгаџи Нуров предводени од селекторот Љуљзим Вренези ќе учествуват на Светското првенство во борење (слободен стил), во Париз (Франција). Македонскиот олимписки комитет во целост ги покри сите финансиски трошоци на ФБСМ за учество на најдобрите македонски борачи на ова Светско првенство. За време на ова СП ќе се одржи и конгрес на UWW (United World Wrestling) на кој ќе учествуваат претседателот и потпретседателот на ФБСМ, Бетим Вренези и Дејан Богданов кои ќе се обидат да добијат…

повеќе...

Започна летниот фудбалски камп на школата за фудбал на ФК Барселона

Започна летниот фудбалски камп на школата за фудбал на ФК Барселона. Во една одлична фудбалска атмосфера, под раководство на врвните фудбалски тренери од школата на Барселона, позната како BESCOLA, 7 дена, учесници од цела Македонија ќе можат да уживаат, да се дружат и секако да ги усовршат своите фудбалски знаења. Тука се и локалните фудбалски тренери кои што работат заедно со тренерите од школата на Барселона и исто така се на висина на задачата. Се тренира 2 пати на ден, и тоа во групи од по 10-12 деца. Атмосферата во…

повеќе...

Комплетирано второто коло од Првата МФЛ

Со денешниот натпревар помеѓу Шкупи и Шкендија беше комплетирано второто коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Ренова  0:3  Силекс Академија Пандев  2:0  Скопје Пелистер  1:1  Работнички Вардар  4:0  Победа Шкупи  0:3  Шкендија По две одиграни кола на врвот од табелата се Шкендија и Силекс со по 2 победи. WebOhrid

повеќе...

Селекторот Ангеловски го објави списокот на фудбалери за натпреварите со Израел и Албанија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за квалификациските натпревари на А репрезентацијата против Израел и Албанија кои ќе се одиграат на 2 и 5 септември 2017 година. На повикот на Ангеловски на 28 август треба да се јават 23-ца фудбалери. По објавувањето на списокот повикани фудбалери за натпреварите со Израел и Албанија, селекторот Ангеловски даде свое видување за играчкиот кадар во селекцијата и очекувањата од натпреварите во рамки на циклусот за пласман на СП 2018 година. Предводникот на нашата најдобра селекција на прес-конференцијата…

повеќе...

Започнува Школата за фудбал на ФК Барселона во Охрид

Од денес започнува Школата за фудбал на ФК Барселона во Охрид. Jesus Almansa Monserat , Jonatan Lopez Albiach, Marc Montero Casado, Guillem Costa Pinazo, Albert Batalla Fernandez, Oriol Gutez Lopez, Hector Carmona Pastor, се имињата на тренерите од фудбалската школа од ФК Барселона кои од денес до 27ми август ќе ги пренесат своите фудбалски вештини и знаења на учесниците во фудбалскиот камп кој што се одржува на терените на СРЦ „Билјанини Извори“. На кампот учествуваат деца од 6-16 години кои истите ќе ги учат фудбалските вештини од врвни фудбалски тренери на…

повеќе...

Кошаркарите не ги минаа претквалификациите

Македонската сениорска репрезентација не успеа да ги мине претквалификациите за Светското првенство 2019 откако во последниот натпревар во рамки на групната фаза Косово ја совлада Естонија. Со тоа, нашата селекција е третопласирана во групата Ц, зад првопласираната Естонија и Косово и не обезбедува пласман во квалификациите за СП. Ждребот за последните осум места во групите за квалификациите за СП2019 ќе биде одржан в четврток (24. август).

повеќе...

Германецот Стунџиски победник на Охридскиот пливачки маратон

Во крајно неизвесниот финиш на 31,Охридски пливачки маратон, на кој учествуваа 22 маратонци, блегоа седум пливачи во машка и женска конкуренција. Најбрз и највешт беше Александар Стуџински од Германија кој победи пред нашиот пливач Евгениј Поп Ацев и Аргентинецот, Гилермо Бентола. Пливачите на целта на градското пристаниште ги пречекаа покровителот, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и организаторот на манифестацијата, градоначалникот Никола Бакрачески, кои на првопласираните им дадоа лаворови венци. „Не очекував да победам. Минатата година имав операција на десното рамо и ова ми е само втора маратонска трка по…

повеќе...

Започна 31. Охридски Пливачки маратон

Точно на пладне, од Св. Наум, 22-ца натпреварувачи го започнаа препливувањето на 30 километарската патека – „Климе Савин“. Градоначалникот Никола Бакрачески на сите натпреварувачи им посака успех и мирна вода, по што го означи стартот на 31. издание на Охридскиот пливачки маратон. Пред самиот почеток на трката, насобраната публика со аплауз ги мотивираше пливачите. Се очекува околу 17 часот на градското пристаниште да пристигнат и првите маратонци.

повеќе...

Вардар со сензационална победа против Фенербахче, висок пораз за Шкендија во Милано

Вардар успеа да победи со 2:0 против Фенербахче во рамките од плеј-офот за Лигата Европа. На Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, Вардар поведе со 1:0 со голот на Басегјан во 20 минута. Во последните моменти од натпреварот Топал постигна автогол (90+2) со што Вардар дојде до предност од 2:0 и забележа сензационална победа пред повратниот дуел во Турција. За разлика од Вардар, Шкендија не помина добро во Милано. Милан забележа победа од 6:0 со што речиси го обезбеди пласманот понатаму. Останува уште средбата во Скопје каде Шкендија ќе има невозможна…

повеќе...