Кривична пријава за скопјанец поради разбојничка кражба

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојничка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р. (38) од Скопје. Него одредена му е мерка притвор во траење од триесет дена. На седми овој месец, пријавениот заедно со уште едно засега непознато женско лице, со подесен алат ги скршиле двата катинари од метална решетка поставена на влезната врата од продавницата „Заум пром-Маргарите“ ДООЕЛ Охрид лоцирана на улицата „Јане Сандански“ во Охрид. Настанот се случил во 03 часот и 30 минути, кога двајцата, со патничко моторно возило марка „Фолксваген-пасат“ со…

повеќе...

Познат деликвент фатен по тешка кражба во стан “вредна“ милион денари

ЕОК – Одделение за имотни деликти при Отсекот за тешки кражби до ОЈО – Скопје со кривична пријава го предаде лицето Г.Т. (26) – од Прилеп, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело “тешка кражба“, предвидено и казниво по член 236 од КЗ, за што од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена. Со намера да се стекне со противправна имотна корист, пријавениот на 11 овој месец, околу 14,30 часот, на ул. „Атинска“, пријавениот заедно со уште едно засега непознато…

повеќе...

Босанец и Срби краделе во охридски хотел

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Л. (38), босански државјанин и против В.Р. (65) и Р.С.(51) српски државјани поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“. На 22-ри јули, во периодот од 00,30 до 03,00 часот во Охрид на ул. „Петар Чаулев“ во хотел „Ди Англо“ пријавените во згодна прилика извршиле две кражби во соби на фински и американски државјани, при што одзеле девизни средства, денари, мобилни телефони, камери и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 47.000 денари. Од страна на…

повеќе...

МВР: Фатен крадецот на златен накит

СВР Скопје- Отсекот за дрски и разбојнички кражби поднесе кривична пријава против З.Г.(30) од Скопје заради постоење на основано сомнение дека сторил шест кривични дела тешка кражба на особено дрзок начин предвидени и казниви по чл.236 ст.3 т.1 од Кривичниот закон на Република Македонија. Имено пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист на подрачије на град Скопје во периодот од април до Јули 2015 година сторил шест тешки кражби на дрзок начин со што се стекнал со вкупна материјална корист од околу 152.000 денари. Од страна на…

повеќе...

Кражба во црквата „Св.Никола“ во Пештани

Засега непознат сторител извршил кражба на пари од црквата „Св.Никола“ во Пештани. Настанот се случил вчера околу 09 часот кога сторителот низ отворените врати влегол во внатрешноста на црквата и во еден дел ја забележал металната каса. Тука употребил подесен алат, насилно ја отворил металната каса, противправно одзел околу 1000 денари и избегал. На местото на настанот, извршен е увид. СВР Охрид работи на расчистување на случајот и идентификација на сторителот.

повеќе...

Кривична пријава за прилепчанец кој извршил кражба во Кичево

Поради постоење основи на сомнение за сторени дванаесет казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.А. (43) од Прилеп. Во периодот од јуни 2014 се до март 2015 година, пријавениот со употреба на подесен предмет и кршење на бравите, цилиндрите и стаклата, насилно отворал врати и прозорци од куќи и помошни објекти низ градот. Притоа тој противправно одземал пари, златен накит, ЛЦД телевизор, лап топ компјутери, мобилни телефони,текстилна стока, разни видови алати и апарати, рачни машки и женски часовници и други предмети. На тој начин,…

повеќе...

Жители на Слатино фатиле крадец во куќа во селото

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(52) од кичевското село Туин. Во пријавата опфатени се уште едно, засега непознато лице за чие пронаоѓање се преземаат дополнителни мерки и Д.А.(40) од селото Долно Страгомиште-кичевско, за сторено казнено дело „помагање“. Него одредена му е мерка притвор во траење до осум дена. На 21-ти овој месец околу 23 часот, тројцата пријавени, во казино во Кичево направиле договор да одат во охридското село Слатино и да извршат кражба. Притоа првопријавениот А.А. на третопријавениот…

повеќе...

Тешка кражба во куќа во Дебар, полицијата трага по сторителот

Полициската станица од Дебар, интензивно работи на пронаоѓање на сторителот на кривичното дело „тешка кражба“, кој од куќа во Дебар, според пријавата на оштетениот сопственик, одзел 19.700 евра и златен накит. Кривичното дело, во полициската станица во Дебар е пријавено во текот на вчерашниот ден од Б.И. (48) од Дебар сопственик на куќата кој со семејството е на привремена работа во Италија. Според поднесената пријава, казненото дело тешка кражба била извршена во периодот јануари-април оваа година. Засега непознатиот сторител, со употреба на скала се искачил до прозорецот од купатилото на…

повеќе...

Кривична пријава за лице од струшко Лабуништа поради кражба

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.М.(29) од струшкото село Лабуништа. На шести март оваа година, пријавениот од златарата „Корал“ лоцирана во безистенот во Струга, одзел една детска златна белегзија со што се стекнал со противправна имотна корист од 12000 денари. Откако пристигнал во златарата, С.М. од сопственикот на златарата побарал да види какви модели на златни детски белегзии се нудат. Во моментот кога сопственикот на златарата вршел мерење на белегзиите, пријавениот С.М. искористил згодна прилика и успеал…

повеќе...

Кривични пријави за пет лица од Дебар поради тешка кражба

Поради постоење основи на сомнение за сторени десет казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Дебар поднесе кривични пријави против Љ.А.(18), О.Х.(19), А.М.(22), Е.К. (20) и Ј.К. (26) сите од Дебар. Од почетокот на оваа година, пријавените самостојно но и во група ги извршиле тешките кражби пред се во куќи низ Дебар за кои знаеле дека во нив не живее никој бидејќи сопствениците биле на привремена работа во странство. Тие, тешки кражби извршиле во работилница и трафика во градот. Пријавените, со употреба на тврди предмети но и со погоден алат…

повеќе...