Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, градоначалникот на Велес Славчо Чадиев и директорот на Велешкиот театар Јордан Витанов денеска присуствуваа на проба од подготовката на првата премиера во новата театарска зграда во Велес – претставата „Најважната работа на светот“ од Братислав Димитров во режија на Љубиша Георгиевски… Канческа-Милевска изјави дека претставата има одлична екипа која и досега покажала одлични резултати и му се заблагодари на професорот Љубиша Георгиевски кој прифати да ја режира. Оцени дека пробите се одвиваат согласно со предвидената динамика. „Во претставата ќе бидат прикажани сите можности кои ги…
повеќе...Tag: министерка
Министерката Јанкулоска во Рим на конференција „ИПА 2013 Западен Балкан“
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска и утре во Рим, Италија, учествува на министерска конференција „ИПА 2013 Западен Балкан“, во организација на италијанското Министерство за внатрешни работи, а посветена на ИПА проектот „Борба против организираниот криминал – меѓународна соработка во казненото право“. На маргините од конференцијата, министерката Јанкулоска имала средба со домаќинот на настанот, нејзиниот италијански колега Аџелино Алфано, на која се разговарало на повеќе теми од заеднички интерес. Двајцата министри, соопшти денска МВР, ја оцениле досегашната соработка како исклучително квалитетна во духот на пријателството меѓу двете држави. На…
повеќе...Јанкулоска: Построга регулатива за располагање и ракување со службено оружје
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска информира дека се разговара за преземање одредени мерки кои ќе значат нови нормативни решенија што се однесуваат на построга регулатива во располагањето и ракувањето со службено оружје, затоа што Законот за оружје се однесува само на оружјето што е со приватна дозвола за поседување. Се чини, рече таа, дека постои дополнителен простор за построга регулатива во делот на ракувањето и располагањето со службеното оружје. „Владата веќе најави една иницијатива по однос на која постапуваме и очекувам многу брзо сите институции, а ги има повеќе…
повеќе...Културни активности по повод одбележување на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Чешката Република
На изложбата „Трансфигурирање“, чиј куратор е Ана Франговска, се презентирани дела од реномирани македонски уметници, припадници на различни генерации … Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и министерот за култура на Чешката Република, Даниел Херман, вечер во престижната галерија на Чешкиот центар во Прага свечено ќе ја отворат изложбата „Трансфигурирање“ на Националната галерија на Македонија. Изложбата, на која се поканети голем број гости и претставници на дипломатскиот кор, претставува централна активност во одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Чешката Република во чии рамки, во текот на целата година,…
повеќе...Само со “нулта толеранција“ кон престапниците можно е општество ослободено од корупција
„Постои потреба од засилување на казнената политика во делот на корупцијата и коруптивното однесување за истата да соодветствува на заканите по нашите земји, олицетворени во овој вид на криминал. Само со промовирање на „нулта толеранција“ и строги санкции кон престапниците, може да обезбедиме општество ослободено од корупција и коруптивно однесување“. Ова меѓу другото го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во своето обраќање на Третата сесија на генералното собрание на земјите членки на Меѓународната анти-корупциска академија (IACA) која се одржува во Баку, Азербеџан. Јанкулоска во своето обраќање нагласи дека…
повеќе...Промовирана книга за културната дипломатија
Културната дипломатија, која е дефинирана како мека, софистицирана моќ во меѓународните односи, е малку позната област во Македонија и во регионот во однос на земји од Европа и светот во кои културната е претходница на политичката и на економската дипломатија. Тоа го поттикнало Васко Шутаров да ја истражува и да спореди како и колку највлијателните земји ја употребуваат културата за своето претставување во светот. Од 2006 година споредбено анализирал културни политики во надворешните односи на 30-ина земји и од тоа произлезе неговата студија „Јавна и културна дипломатија” која денеска ја…
повеќе...Министерката Јанкулоска одржа предавање за влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанции кај младите
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ одржа предавање за влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанции кај младите – од безбедносен и од здравствен аспект, во рамки на заедничките превентивни активности кои се насочени кон младата популација на МВР и Министерството за здравство. Предавањето, истакна Јанкулоска, го посветивме на сообраќајот и употребата на алкохолот, но на едукативните часови, посочи, не се разгледува употребата на алкохолот само од аспект на ризик фактор во сообраќајот, туку и од аспект на последиците по здравјето на младиот…
повеќе...Врачени четири нови решенија на добитници на национални пензии
Македонската музичка легенда Вања (Лазарова) Димитрова, писателот Раде Силјан, истакнатиот културен работник од областа на библиотекарството Миле Бошески, како и реномираниот диригент Рамадан Шукри, се нови носители на национална пензија. Со овие четири, досега се доделени 57 решенија за национална пензија на уметници од најразлични дејности од областа на културата. Добитниците на националната пензија ќе примаат месечен надомест од Министерството за култура во висина на разликата меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во Република Македонија. На примателите, решенијата за национална пензија денеска им ги врачи министерката за култура…
повеќе...Форумот на словенските култури одбележува десетгодишнина од постоењето
Со третиот семинар за музејска дејност, овојпат посветен на театарската музеологија во 21 век, денеска во Македонскиот народен театар во Скопје започна одбележувањето една деценија од Меѓународната фондација Форум на словенските култури. Во Форумот се обединети 13 држави и над 300 милиони нивни жители (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија, Бугарија, Украина, Русија, Белорусија, Полска, Чешка и Словачка), кои соработуваат и разменуваат знаења и искуства за проекти што треба да ги зачуваат и негуваат нивните култури. Андреја Рихтер, директорка на Меѓународната фондација Форум на словенските култури, чие…
повеќе...Иницијатива за интензивирање на културните врски со Кралството Шпанија
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија, Рамон Абароа Каранза. На средбата, меѓу другото, стана збор за иницијативата за продлабочување на соработката во областа на културата меѓу двете земји, и тоа преку поголема размена на експерти, уметници и проекти. Амбасадорот Каранза ја искажа поддршката на Шпанија за европската интеграција на Република Македонија и нагласи дека Европската Унија нема да биде целосна без вклучувањето на нашата земја. Тој, исто така, ја пренесе големата заинтересираност на Министерството за култура на Кралството Шпанија за поголема…
повеќе...