Римскиот театар во Скупи ќе биде обновен до 2017 година

Римскиот театар на локалитетот Скупи, кој потекнува од 2 век од наша ера, целосно ќе се реконструира до 2017 година. Ќе бидат обновени сценската зграда и околу 10.000 седишта во гледалиштето, со што локалитетот ќе биде оспособен за културни манифестации. На терен интензивно се работи под директна надлежност на Музејот на град Скопје и, според планот, оваа година треба целосно да се истражат амфитеатарот и сценската зграда, кои потоа ќе се реставрираат. Во ископувањата се откриени гробови и значајни наоди. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Скопје Коце…

повеќе...

Министерката Канческа-Милевска утре во посета на Струга

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (22 август 2014 г.) во 11 часот, во Спомен домот на Браќата Миладиновци во Струга ќе се обрати на прес-конференција по повод најновите резултати од конкурсот за странски издавачи кој веќе се потврдува како еден од најпродуктивните проекти во контекст на промоцијата на Република Македонија во меѓународни рамки. На прес-конференцијата ќе бидат присутни и дел од авторите чии дела во наредниот период ќе бидат преведени на некои од светските јазици.

повеќе...

Започна спроведувањето на теренско-тактичка обука на новите кандидати за полициски службеници

Денес  во Центарот за обука во Идризово, министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска присуствуваше на спроведувањето на Полициско теренско-тактичка обука (логорување) на новите кандидати за полициски службеници. На 15.01.2014 година започна основната обука за кандидат за полициски службеник. Од 440 кандидати кои ја започнаа обуката моментално обуката ја посетуваат 438, еден кандидат на сопствено барање ја прекина обуката, а на еден кандидат му беше прекинат договорот по основ на неисполнети резултати, останатите кандидати успечно го завршија првиот модул “Заштита на јавен ред и мир”. Моментално во фаза на спроведување…

повеќе...

Министерката Канческа-Милевска го прими хрватскиот пијанист Мрвица

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска го прими еминентниот пијанист од Република Хрватска, Максим Мрвица, кој утревечер во Охрид ќе одржи концерт во рамки на 54. издание на „Охридско лето“ … Канческа-Милевска го искажа своето особено задоволство што Мрвица ќе биде еден од звучните имиња кои оваа година ќе го збогатат репертоарот на веќе светски етаблираната манифестација. Таа му посака успешен концерт, како и голем успех во понатамошната кариера. На средбата министерката му подари фотомонографија „Чудесна Македонија“ во која се презентирани природните убавини и културното наследство на земјата. Ова ќе…

повеќе...

Едукативни флаери за младите возачи – „алкохол и волан – најлоша комбинација“

Податоци за бројот на загинати во сообраќајните незгоди во Република Македонија за периодот од 2006 до 2013 година, говорат дека процентот на загинати во сообраќајни незгоди на 100.000 жители за изнесува 7,8%. Притоа, според возрсата најголем број од настраданите се од 21 до 24 годишна возраст. Токму поради тоа МВР во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата продолжува со низата превентивни активности пред се кај маладата популација во насока на зголемување на степенот на сообраќајна едукација и култура кај учесниците во сообраќајот и генерално за зголемување…

повеќе...

Министерката за култура во посета на Албанскиот театар

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехаби, денеска го посетија Албанскиот театар во Скопје каде што е во тек реконструкцијата на објектот, која се очекува да биде завршена во септември следната година. Канческа-Милевска изрази задоволство од динамиката со која се реализира реконструкцијата на објектот и информираше дека наесен, во октомври или ноември, оваа институција ќе добие нова фасада, покривна конструкција и нови прозорци, по што ќе продолжи уредувањето на внатрешноста на објектот.   „Се работи за корисна површина од над 4.300 квадратни метри.…

повеќе...

Презентирани резултатите од Конкурсот за откуп на композиции од областа на класичната музика

Дваесет и три награди со износ од 1.790.000 денари се доделени на првиот конкурсен рок за 2014 година за нарачка на дела од областа на класичната музика. Конкурсот за стимулација на творештвото од областа на класичната музика, со кој на годишно ниво се предвидува создавање на 50 композиции од различен вид и за различни изведувачки состави и формации, во февруари го објави Министерството за култура.  Во првиот Конкурсен рок за 2014 година за нарачка на музички дела од областа на класичната музика, до Министерството за култура беa поднесени 36 апликации…

повеќе...

Средба на министерката Канческа-Милевска со полскиот амбасадор Мултановски

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во просториите на Минисњтерството за култура оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски. На средбата беа потенцирани традиционално добрите културни врски меѓу двете земји кои се одвиваат во рамките на Програмата за соработка во областа на културата меѓу македонското Министерство за култура и Министерството за култура и национално наследство на Република Полска, како и за интензивирање на соработката меѓу институциите од областа на културата. Ова ќе биде потврдено и со потпишувањето на новата програма за соработка меѓу…

повеќе...

Министерката за култура Канческа-Милевска со подароци за ѕвездите на „Охридско лето“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, пред почетокот на свеченото отвoрање на 54.тото издание на фестивалот „Охридско лето“, синоќа оставри средба со екслузивните гости, италијанските солисти Барбара Фритоли и Лео Нучи и аргентинскиот диригент Луис Горелик. На средбата, Канческа-Милевска им подари реплики од надалеку познатите теракотни икони со приказ на богатото македонско културно наследство, како и примерок од ексклузивната фото-монографија „Чудесна Македонија“ во која низ фотографии и текст се претставени убавините нашата земја. Италијанските оперски ѕвезди,  сопранистка Фритоли и нејзиниот колега баритонот Нучи, заедно со диригентот од Аргентина, маестро Горелик приредија…

повеќе...

Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија домаќин на два културни настани

Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија синоќа (10 јули) беше организатор и домаќин на два културни настани кои се реализираа во рамките на Програмата за поддршка на проекти од национален интерес на Министерството за култура. Програмата започна со откривање на ретроспективната ликовна изложба посветена на 50-годишниот јубилеј на Меѓународната ликовна колонија во Струмица, на која низ 30 ликовни дела беше направен пресек на најзначајните остварувања на една од најстарите и најпознати ликовни колонии кај нас. Изложбата на која беа презентирани дела од еминентни македонски автори како Мартиноски,…

повеќе...