Почна снимањето на филмот „Слобода или смрт“

Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Слобода или смрт“ по сценарио и режија на Владимир Блажевски. На првата клапа, во куќа покрај кејот на Вардар позади Железничката станица во Скопје, присуствуваа и министерката за култура Елизабета Канечска – Милевска, како и директорката на Агенцијата за филм на Република Македонија Мими Ѓоргоска Илиевска. Филмот е сатирична комедија, копродукција со Косово, Србија и Словенија, ќе има 114 сцени, а ќе се снима 52 дена или околу 2,5 месеци на околу 80 различни локации во Скопје, Битола, околината на Гостивар, Дебар,… Се најавува…

повеќе...

Ученици – лидери на струки во 2015/2016 година

Согласно програмата за работа на Владата на Република Македонија за периодот 2014 – 2018 година, Министерството за образование и наука во соработка со Центарот за стручно образование и обука, а со поддршка на професори од високо образовните установи во државата и претставници на бизнис заедницата, втора учебна година по ред го имплементираа проектот “Лидер“, во чии рамки се организираат натпревари на локално и државно ниво помеѓу ученици од сродни образовни профили во завршните години во средните стручни училишта. Со тоа, по втор пат во една средношколска генерација, се избраа ученици…

повеќе...

Министерот Лутфиу присуствуваше на завршните активности на проектот за професионален и кариерен развој на наставниците

Министерот за образовани и наука м-р Пиштар Лутфиу денеска присуствуваше на свеченоста по повод завршување на проектот за професионален и кариерен развој на наставниците. Во своето обраќање Лутфуи нагласи дека активностите од проектот завршуваат, но активностите за реализација на прифатените промени во оваа сфера допрва следат. „Реформите во образованието што ги спроведува Министерството за образование и наука веќе подолг период се насочени и кон подигање на квалитетот на работата на наставниците. Оттука многу ни значи поддршката што во оваа насока ја добиваме од УСАИД преку бројните обуки за наставници, но…

повеќе...

Околу 500 млади невработени лица ќе добијат можност да се стекнат со практични знаења

Околу 500 млади невработени лица ќе добијат можност да се стекнат со практични знаења преку владината мерка за практиканство. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски денес на прес конференција го најавија новиот повик за оваа мерка, која што се реализира со средства обезбедени од Европската Унија односно од ИПА Програмата. Ова е само една од мерките што беше воведена со цел намалување на невработеноста и намалување на невработеноста кај младите лица во Република Македонија. Станува збор за…

повеќе...

Договор меѓу Македонија и Албанија за социјално осигурување

Од 1 јуни 2016 година стапува на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Албанија за социјално осигурување. Со примената на Договорот се регулира остварувањето на правата од осигурување за граѓаните на овие две држави и членовите на нивните семејства. Ова е современ европски договори со оглед на тоа што истиот се однесува на лица, а не на државјани на двете договорни страни и спаѓа во редот на таканаречените “отворени договори”. Договорот содржи одредби за права од пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување и здравствена заштита и…

повеќе...

Министерот Лутфиу на доделувањето на дипломи на Универзитетот на Југоисточна Европа

Министерот за образование и наука м-р Пиштар Лутфиу, денес присуствуваше на доделувањето на дипломите на дипломираните студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа. „Денес се чувствувам привилегиран, бидејќи имам можност да се обратам пред дипломираните студентите од универзитетот на еден од најдобрите рангирани високообразовни установи во земјата и во регионот. Овој универзитет е промотор на промени и прогресивни идеи за подобрување на квалитетот на високото образование. Промотор на национално и на демократските вредности. Центар за стекнување на знаење и арена на конкуренција за повеќе квалитет“, истакна во своето обраќање пред дипломираните…

повеќе...

Промовирани нови 150 наслови на аудио книги од проектот „400 Аудио книги“

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателот на Националниот сојуз на слепи лица на Република Македонија Жарко Селковски денес промовираа нови 150 наслови на аудио книги од проектот „400 Аудио книги“ наменети за лицата со оштетен вид. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателот на Националниот сојуз на слепи лица на Република Македонија Жарко Селковски денес промовираа нови 150 наслови на аудио книги од проектот „400 Аудио книги“ наменети за лицата со оштетен вид. На самиот почеток на своето обраќање Спасов потенцира дека соработката…

повеќе...

Свечена промоција на проектот „Ничија земја“ на 15. издание на Биеналето на архитектурата во Венеција

Со поддршка од Министерството за култура, утре (26 мај) во 17.30 часот во историскиот воен локалитет „Арсенале“ свечено ќе биде инаугуриран македонскиот павилјон во рамките на 15. издание на најпрестижниот светски настан од областа на архитектонското творештво – Биеналето на архитектурата во Венеција, коj се одржува од 28 мај до 27 ноември. На свечената промоција на годинашниот национален претставник, проектот „Ничија земја“ на проектантското студио „Стоун дизајн“, свое обраќање ќе има и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Како одговор на темата на Биеналето „Известувања од фронтот“, Република Македонија, под покровителство…

повеќе...

Промовирана монографија за националниот уметник Есма Реџепова-Теодосиевска

Во Музејот на ВМРО синоќа беше промовирана монографијата за реномираниот естраден уметник со богата повеќедецениска кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска, на која во 2013 година Министерството за култура ѝ ја додели титулата национален уметник. Автор на оваа монографија е Славе Николовски-Катин, а книгата е во издание на „Македонска искра“ и Асоцијацијата „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје. „Оваа значајна монографија на своите 410 страници мошне импресивно и умешно ја овековечува одисејата на Реџепова, во форма на еден биографско-публицистички времеплов за 55-те години на сцената на Реџепова-Теодосиевска и нејзиниот животен сопатник, истакнатиот…

повеќе...

Известување за полагање на испит за добивање на уверение за рибочувар

Се известуваат кандидатите кои го имаат положено теоретскиот дел од испитот за добивање уверение за рибочувар (одржан на 07.04.2016 година) дека на 1 Јули 2016 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул.Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на практичниот дел од испитот. На денот на полагање кандидатите задолжително да поседуваат документ за идентификација (лична карта). Воедно се известуваат сите заинтересирани кандидати дека во истиот термин ќе се одржи и полагање на теоретскиот дел од третиот испит за добивање уверение за…

повеќе...