Имплементација и поддршка на проекти и активности, што ќе придонесат за помирување помеѓу младите во Регионот, но и поттикнување на различноста, мобилноста и демократските вредности, се придобивките од Регионалната канцеларија за младинска соработка на земјите од Западен Балкан за која денеска беа промовирини досегашните активноститени пред нејзиното официјализирање на 5 јуни во рамките на Самитот за Западен Балкан, кој ќе се одржи во Париз. Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу истакна дека целта на создавањето на Регионалната канцеларија за млади е да ја поттикне регионалната соработка особено за младите…
повеќе...Tag: министертво
Пет години од „Спомен куќата на Тодор Проески“
Со песните на Тоше Проески и со спомените за нашата и балканска голема музичка легенда денеска во „Спомен куќата на Тодор Проески“ на Гумење во Крушево беше одбележана пет годишнината откако е отворено ова архитектонско здание. На пригодната свеченост присуствуваа посетители, почитувачи на делото и ликот на Тоше Проески, крушевчани, еминантни музички уметници, ученици, поети, музичари како и министерката за култура Елизабета Канческа Милеска која претходно го посети гробот наТоше на Гумење. За посетителите спомен-куќата го одразува духот и делото на Тоше, неговата хуманост, енергија, несебичност и музички талент. Според…
повеќе...Велики Петок неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 29 април 2016 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед коишто го чевствуваат им го честита празникот Велики Петок.
повеќе...МОН доделува 30 стипендии за постдипломски студии на Филмската академија во Охрид
Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување 30 стипендии за постдипломски студии на Институтот за филм – Филмска академија Охрид, која беше отворена минатата година и работи според наставните програми на престижната филмска академија ФАМУ во Прага. МОН лани првпат додели целосни стипендии за кандидати од првата генерација запишани на Институтот за филм во Охрид. Од понудените 20, беа доделени 13 стипендии. Покрај тоа што е зголемен бројот на стипендии за претстојната 2016/2017, има и четири нови студиски програми – за режија, камера, монтажа и за монтажа и…
повеќе...Отворен саем на кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа
Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, денеска присуствуваше на отворањето на 11 по ред Саем на криера во организација Центарот за кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Лутфиу рече дека на овој Саем на кариера, повеќе од една деценија се среќаваат студенти со своите потенцијални вработувачи, и бизнис заедницата со идните раководители, директори и менаџери во своите компании. „Убеден сум дека и годинава од контактите кои ќе се остварат на Саемот, ќе произлезат многу понатамошни соработки, вработувања, градење на успешни кариери. Компаниите веќе единаесет години од овој…
повеќе...Интензивно се работи на заштитата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во преспанското село Курбиново
Интензивно течат активностите за реализација на конзервацијата на еден од најзначајните споменици на средновековната уметност во Република Македонија, црквата „Св. Ѓорѓи“ во преспанското село Курбиново, проект кој се наоѓа во Програмата на Владата и на Министерството за култура. Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола во изминатиот период интензивно работеа на овој комплексен проект чија реализација се одвива во неколку последователни фази. Започнувајќи од 2013 година, беа извршени конзерваторски истражувања со кои беа опсервирани состојбите на архитектурата, сликарството и покривната конструкција на црквата…
повеќе...Министерот Лутфиу присуствуваше на дебата за изработка на Стратегија за образование за 2016-2020
Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска присуствуваше на Консултативната дебата со донаторската заедница за изработка на сеопфатна Стратегија за образование за 2016-2020. Тој истакна дека при донесување на еден ваков значаен образоване проект, од исклучителна важност е добрата координираност со сите релевантни страни. За таа цел Министерството за образование и наука воспостави работни групи, кои ќе ги покријат прашањата за инклузивноста по сите основи, интеркултурното образование, обезбедувањето квалитет во образованието, ИТ образованието и поврзаноста со пазарот на труд, потенцираше Лутфиу. „Предизвиците се големи, пристапот кон развивање на стратешки…
повеќе...Санација на четири вредни примероци на староградската охридска архитектура
Во рамките на проектот на Министерството за култура за реставрација и конзервација на фасади на старите градски јадра, кој се реализира од 2012 до 2017 година, во Охрид во тек се активностите за обнова на четири објекти кои ја отсликуваат староградската архитектура и кои комплетно сведочат за оригиналноста, препознатливоста и специфичноста за охридскиот стил на градба. Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, како надлежна установа од областа на заштитата на недвижното културно наследство, во Старото градско јадро на Охрид ги реализира проектите за: статичко зајакнување…
повеќе...Јолевски заедно со поранешните секретари на САД и Британија Олбрајт и Милибанд за мигрантската криза
Вчера во Вашингтон во организација на реномираниот германски институт Бертелсман и Фајненшал тајмс се одржа Конференција посветена на мигрантската криза. Министерот Јолевски заедно со поранешните секретари на САД и Британија Олбрајт и Милибанд говореа за мигрантската криза со која се соочува Европа. На самиот почеток министерот Јолевски истакна дека Македонија како земја кандидат за членство е посветена на заедничкиот, координиран и сеопфатен пристап кон менаџирање на бегалската криза. „Мерките што ги имплементира Македонија се во согласност со заклучоците на Европскиот совет и го штити интегритетот на Шенген областа. Македонските безбедносни…
повеќе...Во училиштата ќе се ангажираат 131 дефектолог
Во основните и средните училишта од 1 септември 2016 година ќе бидат ангажирани вкупно 131 дефектолог. Ова денес го истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски додавајќи дека на овој начин дополнително се унапредуваат стручните служби во образовниот систем, од аспект за асистенција на учениците на кои им е неопходна поддршка за правилен развој и тек на образованието. „Министерството за образование и наука во изминатите неколку недели направи директни контакти со сите училишта во Република Македонија и врз основа на податоците, односно бројот на ученици на кои им…
повеќе...