ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ беше домаќин на регионалниот натпревар на стручните училишта од Прилеп, Битола, Струга и Охрид кој се одржа на 25-ти март. Се натпреваруваа вкупно 17 ученици од III година, во 5 образовни профили од електротехничката, машинската и сообраќајната струка. Учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ покажаа најдобри резултати и обезбедија учество на државниот натпревар кој оваа година ќе се одржи во Струмица. Први места освоија Климент Ѓорѓиевски – автотехничар мехатроничар, Филип Милошески – електротехничар за компјутерска техника и автоматика, Кристијан Богданоски – техничар за патен сообраќај. Втори места освоија…
повеќе...Tag: награди
Голем успех за основци од „Св.Климент Охридски“ на Регионалниот натпревар по природни науки
Учениците од ОУ„Св.Климент Охридски“ со најголем успех на Регионалниот натпревар по природни науки. Основците Петар Алчески ( прво рангиран), Ѓорги Чинго (второ рангиран) и Ангела Србиноска (трето рангирана) од вкупно 65 учесници од регионот си обезбедија учество на Државниот натпревар, каде што ќе имаат можност повторно да ги докажат своите знаења. Овие ученици беа под менторство на наставникот Галина Малезанова. „Честитки за учениците и менторот Галина Малезанова и им посакувам уште поголеми резултати на Државниот натпревар.“– вели директорот на ОУ „Св.Климент Охридски“, Јордан Пуроски. WebOhrid
повеќе...Ученици од „Јахја Кемал“ најуспешни на регионалната информатичка олимпијада
Продолжуваат успесите на учениците од Колеџот „Јахја Кемал“ од Струга. Ученикот Никола Стојкоски го освои првото место на регионалната информатичка олимпијада која се одржа во Скопје. Второто место го освои ученикот Љупче Милошески, додека пак третото место и припадна на ученичката Сања Симоновиќ. WebOhrid
повеќе...Во Охрид ќе се одбележи Денот на крводарителството
Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебрца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува. Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град. „Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв допринесе да бидат спасени многу човечки животи.“- велат од Црвен крст Охрид. Честитајќи им го 17ти март, Денот…
повеќе...Маскенбал во Велгошти по повод Прочка – Поклади
По повод празникот Прочка – Поклади, утре, недела (13-ти март), во село Велгошти, Месната заедница на селото го организира традиционалниот маскенбал. „Како и до сега, на маскенбалот се очекува да се пријават голем број на лица со креативно изработени маски. За најдобрите изработени маски во повеќе категории обезбедени се и богати награди.“– информираат од МЗ Велгошти. Настанот започнува во 11:00 часот од игралиштето пред спортската сала „Тодор Александров“. WebOhrid
повеќе...Прво и второ место за основци од „Живко Чинго“ на општинскиот натпревар по биологија
Денес во просториите на ОУ „Григор Прличев“, во организација на Друштвото на биолози на Република Македонија, се одржа Општинскиот натпревар по Биологија. Ученици од VII одделение од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти го освоија првото и второто место на натпреварот. Првото место го освои Екатерина Бочвароска, а второ местото Симона Кркачоска, под менторство на наставничката Маја Попоска. Покрај овие ученички на Регионален натпревер пласирани се и други ученици за што се чека информација од Друштвото на биолози на Република Македонија. WebOhrid
повеќе...Голем успех на учениците од ОУ „Живко Чинго“ на Општинскиот натпревар по математика
Денес во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии Свети апостол Павле – Охрид, а во организација на Здружението на математичари – Охрид, се одржа III Oпштински натпревар по математика. Во улога на домаќин беше ОУ„Живко Чинго“ – Велгошти. Меѓу другите, учениците од ова училиште, на овој натпревар, постигнаа значителен успех и забележителни резултати: – Втора награда освоија учениците: • Александар Трпески од 5 одд. под менторство на наставничката Гордана Цановска; • Екатерина Бочвароска од 7 одд. под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска и • Елена Кецкароска од 9…
повеќе...МОН продолжува со парично стимулирање на учениците кои ќе освојат награда на натпревар
Министерството за образование и наука објави конкурс за парични награди за основци и средношколци и за нивните наставници-ментори за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар по математика и природни науки. Рокот за аплицирање е до 30 јуни, а условот е на меѓународниот натпревар да учестувуваат најмалку десет држави. За прва освоена награда МОН ќе додели 50 отсто од просечна нето плата во РМ, 40 отсто за втора и 30 отсто за трета награда. Конкурсот се организира втора година, на минатогодишниот им биле доделени на 20 ученици кои…
повеќе...„Ана Франк“ на учениците од „Св.Климент Охридски“ прикажан на „Вечер на филмски аматери“
Филмот „Ана Франк“ на учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид влезе во селекција на поголем број аматерски филмови од Македонија и беше прикажан на „Вечер на филмски аматери“ во Скопје, што се одржа во организација на Кинотека на Македонија. Филмот беше проследен со внимание од страна на публиката, а авторот на филмот, Никица Мишева, за учеството прими пригодна награда. Инаку, играно-документарниот филм „Ана Франк“ за првпат беше прикажан минатата година во рамките на проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“ во организација на Меморијалниот центар на Холокаустот на…
повеќе...Доделени сертификати за успешно завршени бесплатни обуки
Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Отворениот граѓански универзитет „Кузман Шапкарев“, денеска на 15лица им беа доделени сертификати за успешно завршената бесплатна обука за заварувачи, фини подесувачи на машини и шивачи. Тоа е проект на општина Охрид, со кој на активен начин се подобрува конкурентноста на активните баратели на работа на пазарот на трудот. Сертификатите ги додели претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска. „Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид, согласно годишната програма на Одделението…
повеќе...