Со вечерни настапи на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ , продолжува предновогодишната програма, што ја организира Локалната самоуправа. Синоќа во времето од 18 до 20 часот со свои специјално подготвени културно- забавни програми настапија учениците од ОУ „Живко Чинго“ Велгошти, ОУ „ Христо Узунов“ и ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ . Вечерва, во редовниот термин од 18 до 20 часот, ќе настапат учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“, ОУ „ Кочо Рацин“ и ОУ „Св. Климент Охридски“, а утре, петок, 26 декември, ќе може да се проследат програмите на Студиото…
повеќе...Tag: нова
Продолжува предновогодишната програма на градскиот плоштад
Во рамки на неколкудневната предновогодишна програма што општина Охрид ја реализира на плоштадот „Св. Климент Охридски“ синоќа настапија учесниците на фестивалот „Распеани рибарчиња “ и учениците од основните училишта „Ванчо Николески“ и „Братство- единство“. Вечерва на плоштадот е предвиден настапот на учениците од основните училишта „Живко Чинго“ и „Христо Узунов“ и од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
повеќе...Хуманитарен новогодишен ручек за социјално загрозените семејства и лицата со хендикеп
По повод претстојните Новогодишни празници, традиционално и оваа година, Локалната самоуправа на Охрид и Црвен крст Охрид, за социјално најзагрозените семејства и лицата со хендикеп од Охрид, организираат хуманитарен Новогодишен ручек во Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески” во Охрид. Хуманитарниот ручек ќе биде утре (четврток) со почеток во 14:00 часот. Предвидено е градоначалникот на Охрид во 14:20 часот. да ги поздрави присутните и заедно со Дедо Мраз, на најмладите, да им подели новогодишни пакетчиња.
повеќе...„Рибарчињата“ и основците ја загреаа предновогодишната атмосфера во Охрид
Синоќа на градскиот плоштад „Св. Климент- Охридски“ започна неколкудневната предновогодишна програма која е во организација на општина Охрид. Бројни охриѓани ги проследија настапите на дел од учесниците на детскиот фестивал „Распеано рибарче“ и на учениците од основните училишта „Григор Прличев “ и „Св. Наум Охридски “ од Пештани . Вечерва, во рамки на новогодишната програма која започнува во 18 часот на градскиот плоштад ќе настапат учениците од основните училишта, „Ванчо Николески“ од село Лескоец и од „Братство – единство“. До четврток во реализација на празничната програма се вклучени учениците од…
повеќе...Започнува богатата предновогодишна програма на градскиот плоштад
Со настап на учесниците од детскиот фестивал „Распеано рибарче “ денеска со почеток во 18 часот на плоштадот „Св. Климент Охридски“, започнува неколкудневната предновогодишна програма која е во организација на општина Охрид. По настапот на „рибарчињата“ во културно уметничката програма вечерва на плоштадот ќе настапат и учениците од основните училишта „Григор Прличев “ и „Св. Наум Охридски“ од Пештани . Од утре до четврток во реализација на празничната програма се вклучени учениците од сите основни и средни училишта во градов. Во петок (26-ти декември) во период од 18 до 20…
повеќе...Започнаа предновогодишните празнувања во Охрид
Со вклучување на раскошното светло на новогодишната елка на плоштадот „Св. Климент Охридски“, и со културно уметничка програма во која учествуваа децата од танцовиот клуб „Соната“ и од детската градинка “Јасна Ристеска“, вечерва симболично беше означен почетокот на предновогодишните празнувања во Охрид кои ќе траат до 31 декември. Градоначалникот Бакрачески, кој симболично го означи почетокот на празнувањата најави дека на плоштадот секојдневно ќе има бројни настани и богата културно- уметничка програма на која ќе учествуваат охридските основни и средни училишта, детската градинка „Јасна Ристеска“, бројни културно-уметнички друштва, оркестри и ансамбли,…
повеќе...Охрид блесна во предновогодишен сјај
Охрид блесна во предновогодишен сјај, и според начинот на украсување истиот годинава е рамо до рамо со познатите светски метрополи. Светлечките реквизити поставени на плоштадот „Св. Климент Охридски“, кејот „Македонија“ и чаршијата се во единствена бела боја, а украсувањето е надополнето и со стари и репарирани новогодишни реквизити ѕвезди, петокраки, двојни петокраки, украсни и светлечки црева. Новогодишната елка се очекува да биде поставена во текот на утрешниот работен ден со што би се заокружил процесот на разубавување и китење на центарот од градов. Во следните работни денови ќе бидат украсени…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески будно го следи украсувањето на градот
Градоначалникот Бакрачески во рамки на денешната обиколка на локациите каде се изведуваат инфраструктурни зафати беше и во централното градско подрачје за да се увери како течат завршните подготовки за предновогоднишно украсување на градот. Воедно ги посети ново поставените тезги за продажба на новогодишни реквизити и попатно оствари повеќе непосредни средби со граѓаните.
повеќе...Охрид доби убаво уредени тезги за продажба на новогодишни реквизити
Убаво уредени тезги за продажба на новогодишни честитки и останати реквизити се поставени на плоштадот „Чинар“. Со тоа просторот доби многу подобар и унифициран изглед. Дрвените и уредно покриени објекти за продажба на новогодишни честитки и реквизити ги заменуваат досеашните тезги . Општина Охрид апелира до закупците на тезгите да не ги нагрдуваат ново поставените продажни објекти со најлони, затоа што истите негативно влијаат на естетскиот излед на централниот дел од Охрид.
повеќе...Започна новогодишното украсување на централното градско подрачје
Започна новогодишното украсување на централното градско подрачје. Екипи од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид помогнати од оперативата на ЈП “Охридски комуналец“ во текот на денешниот ден започнаа со поставување на новогодишните реквизити долж охридската чаршија. Се очекува чаршијата целосно да биде украсена до крајот на престојниов викенд а во текот на наредната недела ќе биде украсено и поширокото централно градско подрачје. Како и за минатите новогодишни празници така и годинава се очекува Охрид да блесне во полн сјај.
повеќе...