Три лица повредени во сообраќајка во близина на Буково

Три лица се повредени во сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 30 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Ресен во близина на депонијата Буково. Поради сериозноста на здобиените телесни повреди, во Општата болница во Охрид префрлени се: М.Б. (15), Л.Б. (44) двете од Скопје како и А.Р. (19) од Битола, кои, по укажаната медицинска нега се задржани на понатамошно лекување. Во сообраќајната незгода учествувале четири патнички моторни возила: „Голф“ со битолски регистарски ознаки управувано од Х.С. (20) од Битола, „Цитроен“ со тетовски регистарски управувано од И.П (33) од…

повеќе...

Се чистеше патот кон селото Завој

Во изминативе денови екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани на расчистување на патот кој води до селото Завој, со цел да се зголеми прегледноста за движење на возилата. „Ангажирани беа 5 работници за косење на тревата и сечење на трњето покрај коловозот, при што беа отстранети големи количини на зелен отпад.“- велат од претпријатието.

повеќе...

Асфалтиран патот Рача – Кромидишта

Патот кој ги поврзува двете населени места Рача и Кромидишта конечно се реализира. Со пригодна свеченост градоначалникот Никола Бакрачески го пушти во употреба овај пат кој е повеќе децениско барање на жителите од Рача. „Имаше дилеми и сомневања дека е невозможно да се реконструира патот и тешко е да се ангажира градежна механизација која ќе има пристап за работа. После три месеци подготвителни градежни работи ние денес успеавме да ја реализираме една од потешките задачи, од оние кои што ние ги имаме од програма во секторот за комунални дејности. Воедно…

повеќе...

Во Охрид се градат пешачки и велосипедски зони

Во рамки на денешната обиколка, градоначалникот Никола Бакрачески направи увид на патеката од каналот „Студенчишта“ до хотел Парк каде во тек се градежните активности за реконструкција на третата фаза од патеката. Според најавите патеката која е со вкупна должина од 1300 метри треба целосно да биде реконструирана во месец септември или почетокот на месец октомври годинава . „Знаете дека претходно ги завршивме првите 420 метри, а во овој момент се работат преостанатите 940 метри од патеката. За едниот дел средства се обезбедија од ЕУ фондовите односно од ИПА програмата за…

повеќе...

Министерот Мисајловски изврши увид во градежните активности на автопатот Кичево-Охрид

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски изврши увид во градежните активности на автопатот Кичево-Охрид. На новиот автопат од Кичево до Охрид се работи интензивно и на него работат преку 1200 работници и над 500 градежни машини. „Денеска сме во посета на кичевско-охридскиот регион каде извршивме увид во изградбата на новиот автопат од Кичево до Охрид. Ова е најголемата капитална инвестиција во последните неколку децении што ја реализираме во Република Македонија вредна 374 милиони евра. Ова практично е најголемиот автопат што до сега се гради во земјава“, рече Мисајловски за…

повеќе...

Прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека утре поради изведување градежни работи на пат (минирање), сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид кај Пресека ќе биде во прекин од 14 до 16ч. во времетраење од 15 до 20 минути.

повеќе...

Прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево кај Пресека денес ќе има прекин на сообраќајот. Сообраќајот ќе биде во прекин во времетраење од 15 до 20 минути во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

повеќе...

Изгоре автобус во близина на Стража

Денес околу 17:30 часот на патот Охрид-Гостивар, на превојот „Стража“, од засега непознати причини се запалил автобус со српски национални ознаки, управуван од З.Д. (44) од Р.Србија. Екипа на Територијалната противпожарна единица-Кичево го изгаснала пожарот. Од пожарот автобусот целосно е изгорен, додека повредени патници нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Кичево. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот. WebOhrid/Фото: Гоце Тренески

повеќе...

Утре краток прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Прекинот на сообраќај кој беше најавен за денес на патниот правец Кичево – Охрид кај Пресека, поради минирање, е откажан. Минирањето ќе се изврши утре (среда), во терминот од 13:00 до 15:00 часот, со затворање на патниот правец во интервал од 15-тина минути.

повеќе...

Утре ќе има прекин во сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека утре (четврток) поради изведување работи на пат (минирање) на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делот помеѓу Пресека – с.Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути во период меѓу 13.00 и 15.00 часот.

повеќе...