Исплатени пензиите на 300.047 пензионери

Владата денеска ја исплати пензијата за овој месец. На сметките на 300.047 пензионери префрлени се 3 милијарди 849 милиони денари. Просечната пензија заклучно со овој месец изнесува 13.077 денари. „Исплатата на пензиите се одвива и ќе продолжи да се одвива редовно во секоја прва недела од месецот. Поддршката на животниот стандард на пензионерите и социјалните категории останува приоритет на Владата“, се наведува во соопштението на Министерството за финансии. Извор: МИА

повеќе...

Министерството за култура додели уште шест решенија за национална пензија

Министерството за култура денеска додели уште шест нови решенија за национални пензии со кои вкупниот број на носители е 61. Во новата група корисници на национална пензија се: Мајда Тушар – актерка; Фејзи Бојку – писател за деца; Костадин Костадиновски – музиколог и композитор; Васил Тоциновски – писател, есеист, критичар, книжевен историчар и преведувач; Доне Милјановски – академски ликовен уметник и фолклористот Димитар Узунски, раководител на Фолклорната група „Копачка“ од делчевското село Драмче. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на врачувањето на решенијата рече дека добитниците се истакнати поединци кои значајно…

повеќе...

Ставрески: Историски највисоки инвестиции и најнизок дефицит, зголемени пензии и социјална помош

Со предлог буџетот за 2016 година ќе се овозможи историски највисоко ниво на инвестиции, ќе се зголемат пензиите и надоместоците за социјална помош, а буџетскиот дефицит ќе се намали од 3,6 на 3,2 проценти од БДП, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Во образложението за Предлог-буџетот за 2016 година пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет Ставрески рече дека капиталните инвестиции се планирани на износ од 25.092 милиони денари, како развојна компонента на буџетот што директно ќе помогне за динамизирање на економската активност во следната година. Капиталните…

повеќе...

Ставрески: Исполнето најкрупното владино ветување за зголемување на пензиите

Околу 300.000 пензионери од го добија ветеното зголемување од 621 денар. Зголемујвање е линеарно кај сите пензионери, а најголемо е кај оние со под 9.000 денари пензија каде зголемувањето е 7 проценти. Зголемувањето на пензиите и поддршката што ја добиваат пензионерите од Владата преку други проекти денеска беше повод за средба на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов со раководството на Сојузот на пензионери на Македонија. „Исполнето е едно од најкрупните ветувања на Владта на Република Македонија. Од утрово во…

повеќе...

Пешевски: Продолжува трендот на зголемување на пензиите

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски за време на денешната посета на село Лисиче во општина Чашка, имаше средба со граѓани, меѓу кои и со пензионери кои изразија задоволство од измените на Законот за пензии со кои се овозможи зголемување на пензиите за 5 проценти за 2016 година. „Владата на РМ во изминативе 6-7 години посвети особено внимане на пензионерите како посебна социјална група. Во периодот од 2006 до 2014 година пензиите се зголемени за околу 70 проценти и ако во 2006 година просечната пензија изнесувала 7.683 денари денеска…

повеќе...

Со зголемување на пензиите и социјалната помош бенефит ќе имаат 335 илјади граѓани

На 5 октомври годинава ќе биде исплатена септемвриската пензија која е зголемена за 621 денар за секој пензионер во Република Македонија. Од следната година предвидено е за уште пет проценти да биде зголемена социјалната и постојаната парична помош. Со овие зголемувања бенефит ќе имаат вкупно 335 илјади граѓани, од кои 300 илјади пензионери, 30 илјади корисници на социјална парична помош и пет илјади корисници на постојана парична помош. Зголемувањето на пензиите и на социјалната помош е целосно буџетирано за 2016 година. Средствата за овие зголемувања се обезбедени и ќе бидат…

повеќе...

Груевски: Ново покачување на пензиите и социјалната помош и во 2016-та

Премиерот Никола Груевски денеска најави зголемување на пензиите и социјалната помош од пет отсто и во 2016 година. „На последната седница Владата одлучи да поминат законските измени со кои за социјално најзагрозените граѓани, примателите на социјална и постојана парична помош, покрај тоа што оваа година помошта која ја добиваат ја зголемивме за 10 проценти, предвивуваме ново дополнително зголемување за наредната 2016-та година од нови 5 отсто. Истовремено, донесовме одлука и за ново зголемување на пензиите. Оваа година, додека пензионерите ја чекаат исплатата на септемвриската пензија која ја покачивме за 5…

повеќе...

Спасов: За 9 години пензиите зголемени за 70 проценти

Македонија бележи конкретен развој во зајакнување на стандардот на пензионерите. Од 2006 година до денес, ја зголемивме просечната пензија за цели 70 проценти, а најниската за рекордни 84 отсто. Во 2006 година просечната пензија изнесуваше 7.683 денари, а во октомври 2015 истата ќе изнесува 13.073 денари. Ова денеска пред пензионерите го истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на отворањето на 20-тите јубилејни Републички пензионерски спортски натпревари кои се потпокровителство на Владата на Република Македонија. „За разлика од другите држави во Република Македонија пензиите се исплатуваат редовно и…

повеќе...

Груевски: Септемвриските пензии повисоки за пет отсто

Септемвриските пензии ќе бидат зголемени за пет проценти, потврди денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на охридскиот регион. Тој посочи дека зголемувањето е програмирано во Буџетот. Се уште нема одлука за начинот на зголемување, но најверојатно, според него, ќе има линеарно зголемување што ќе значи 600 до 630 денари повисока пензија. „Речиси секоја година вршиме зголемување на пензиите. Досега пензиите се зголемени за над 67 проценти“, изјави Груевски.

повеќе...

Груевски: Остануваме посветени на ветеното, ќе се зголемат пензиите и социјалната помош

Посветени сме на она што го ветивме и ќе останеме посветени на тоа, независно што се случува и со какви подмолни напади се соочуваме, истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се реализираат одредени проекти како што сe зголемувањето на пензиите и социјалната помош, со оглед на сериозната политичка состојба во земјата. Владата, нагласи, ќе остане посветена на реализација на она што е ветено во предизборната програма и ќе останат доследни на тоа. „Сакам да истакнам дека досега пензиите се зголемија во просек од околу 62 проценти…

повеќе...