Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“, Охрид информираат дека денес поради интервенција на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улица „Радојца Новичиќ“ во период од 09:30 до 12:00 часот.
повеќе...Tag: проаква
Кривична пријава за директор на „Проаква“ кој ја злоупотребил службената електронска картица за точење гориво
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.В. (49) од струшкото село Радолишта. Пријавениот, во својство на директор на јавното претпријатие „Проаква“, во текот на април 2013 година ја злоупотребил својата положба и овластување односно направил злоупотреба на службената електронска картица за точење на гориво која ја должел. Пријавениот во неколку наврати овозможил точење гориво во десеттина патнички моторни возила кои не се сопственост на МЈП „Проаква“ со што го оштетил јавното претпријатие во…
повеќе...Активности на МЈП – Проаква во рамки на проектот пешачка патека Студенчишта
МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ – Охрид во рамките на проектот пешачка патека Студенчишта финансиран од Општина Охрид, започна со изведба на систем за наводнување на жардињери и зелен појас.
повеќе...Кривична пријава за „злоупотреба“ за поранешен директор на „Проаква“
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело – “злоупотреба на службена положба и овластување “, ПС од Струга поднесе кривична пријава против А.В. (49) од струшкото село Радолишта. Пријавениот, во својство на директор на јавното претпријатие „Проаква“, во текот на 2011 година ја злоупотребил својата положба и овластување и оттуѓил, целосно амортизирани пикап возило „Застава-поли“, возила „Волга“ и „Хундаи Соната“ како и еден багер „Радое Дакиќ“. Тоа го направил иако за истите од страна на купувачите не биле уплатени парични средства на сметка на претпријатието при што за…
повеќе...Прекин во водоснабдувањето на улиците „Богомилска“ и „Петар Поп –Арсов“
Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ – Охрид, информираат дека поради дефект на водоводната линија и промена на шиберите, денеска во период од 9 до 12 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „Богомилска“ и „Петар Поп –Арсов“ .
повеќе...Поради ниските температури заштитете ги водомерите од замрзнување
Поради пад на температурите и најава за натамошно намалување на истите, се известуваат граѓаните дека е потребно да ги заштитат водомерните броила од замрзнување. Доколку настанат дефекти од тие причини, како што е пукнато стакло и слично, истите ќе се наплатуваат од страна на МЈП „Проаква“. Заштитата може да се изврши со обвивање на водомерот со изолационен покров или прекривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропол).
повеќе...Расчистена зелена депонија на „Ванчо Питошески“- се косеше во Рача и кај „Проаква“
По налог на општинскиот Инспекторат ЈП „Охридски Комуналец“ изврши расчистување на локацијата која се наоѓа на ул. „Ванчо Питошески“ во близина на градинката „Лихнида“. Надвиснатото и неуредено зеленило кое се ширеше од оваа локација и се наоѓа на приватен имот претставуваше опасност во движењето на пешаците и автомобилите. Беше расчистен зелен отпад во енормни количини: трње, капини и гранки , кои се транспортирани во три тури. Во рамките на тековните активности се изврши косење на тревата на ул. „Булевар Туристичка“ во близина на дирекцијата на „Проаква“ и косење на тревата…
повеќе...Кривична пријава за раководител на ЈП „Проаква“ – Струга
Поради постоење на основано сомнение за сторени казнени дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Несовесно работење во службата“ полициската станица од Струга против А.В. (48) од струшкото село Радолишта поднесе кривична пријава. Пријавениот, искористувајќи ја својата службена положба како раководител на јавното претпријатие „Проаква“, во своја корист а на штета на јавното претпријатие прибавил материјална имотна корист од 328.512,оо денари. Противправната постапка пријавениот ја направил во текот на 2012 и 2013 година, кога од фирма од Скопје подигнал ХТЗ опрема која воопшто не била донесена и прикажана во…
повеќе...Кривична пријава за поранешен раководител во МЈП Проаква – Струга
Поради постоење на основано сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ полициската станица од Струга против А.В. (48) од струшкото село Радолишта поднесе кривична пријава. Пријавениот, во текот на 2009 година, во својство на одговорно лице раководител на работната единица „Колектор“ овозможил продажба на старо железо при што на Јавното претпријатие „Проаква“ му нанел штета во износ од 1.051.500,оо денари. Противправната постапка ја направил иако знаел дека за ваквите продажби треба да формира посебна комисија, да објави тендер но и да има предходна одлука на Управниот…
повеќе...