Повредена охриѓанка во сообраќајка на патот Охрид – Св.Наум

Вчера во 15:50 часот во Охрид, на регионалниот пат Охрид – Св.Наум се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од шеснаесетгодишник од Охрид, ПМВ „Фолксваген Бора“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(71) од Битола и паркирана работна машина „Риго“, паркирана од Ѓ.Ч. од с.Мислешево, струшко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила седумнаесетгодишна сопатничка во ПМВ „Фолксваген бора“ од Охрид, која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата Св.Еразмо, по што била препратена за хируршка интервенција во болницата „Систина“ во Скопје.…

повеќе...

Две лица загинаа во сообраќајна незгода кај Пештани

Две лица ги загубија животите во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот и 05 минути се случи на на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на околу 400 метри од пешачкиот остров пред влезот на хотелот Десарет. Од здобиените повреди, на лице место починал Александар Л. (26) од Охрид а на пат према Општа болница во Охрид, во возило од брза помош починал Виктор С. (22) од селото Ваташа-Кавадарци. Двете починати лица се наоѓале на моторцикл марка „Гилера“ со охридски регистарски таблици и по коловозот се движеле од правец на Св.Наум…

повеќе...

Минибус се судри со автомобил на „Туристичка“

Вечерва околу 19:30 часот на булеварот „Туристичка“ наспроти Државниот архив во Охрид, се случи сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки и охридски минибус „Фолксваген“.  На лице место увид изврши екипа на СВР Охрид, при што беше регулиран и сообраќајот, како би се избегнал поголем застој на кружниот тек. WebOhrid

повеќе...

Три лица повредени во сообраќајка во близина на Буково

Три лица се повредени во сообраќајната незгода што вчера во 17 часот и 30 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Ресен во близина на депонијата Буково. Поради сериозноста на здобиените телесни повреди, во Општата болница во Охрид префрлени се: М.Б. (15), Л.Б. (44) двете од Скопје како и А.Р. (19) од Битола, кои, по укажаната медицинска нега се задржани на понатамошно лекување. Во сообраќајната незгода учествувале четири патнички моторни возила: „Голф“ со битолски регистарски ознаки управувано од Х.С. (20) од Битола, „Цитроен“ со тетовски регистарски управувано од И.П (33) од…

повеќе...

Мала сообраќајка на крстосницата на „Галичица“ и „8ми Септември“

Мала сообраќајна незгода на крстосницата на улиците „Галичица“ и „8ми Септември“ се случи денес нешто по 10:00 часот, во која учествуваа охридски пикап и српски голф. За среќа, и двете возила поминаа само со гребнатинки. Сообраќајот на оваа крстосница се одвиваше со мал застој, поради тесниот премин покрај возилата и увидот кој беше во тек од страна на полициските службеници. WebOhrid

повеќе...

Камион згази 6-годишно дете во Ченто

Вчера околу 10,45 часот во с.Сингелиќ–Скопје, поточно на клучката со ул.„Методија Андонов Ченто“, се случила сообраќајна незгода во која Е.Ш.(1977) од Скопје управувајќи ТМВ„Мерцедес“ удрил во дете велосипедист на вораст од 6 години од Скопје кое поради карактерот на здобиените повреди починало. По незгодата Е.Ш. сам се пријавил во ПС-Гази Баба. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

повеќе...

Три лица повредени во сообраќајна незгода на патот Охрид – Кичево

Три лица се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што денес во 07 часот и 50 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот помеѓу селата Мешеишта и Требеништа. Со возила на брза помош, две тешко повредени лица се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ додека третото повредено лице се наоѓа на одделот хирургија при Општата болница во Охрид. Во тешката сообраќајната незгода учествувале две патнички возила-џип: „Порше“ со дипломатски ознаки и „Крајслер“ со американски национални ознаки како и едно товарно моторно возило марка „Ивеко“ со македонски национални ознаки.…

повеќе...

Седум лица повредени во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

Седум лица, се тешко повредени во сообраќајната незгода што денес утрово во 09 часот се случи на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на планинскиот превој „Пресека“. Поради сериозноста на здобиените тешки телесни повреди, на Ургентниот центар во Скопје испратени се И.А. (21) и М.С. двајцата од Скопје, Б.С.(25) од скопското село Глумово и Д.В. од струшкото село Лабуништа. Со сериозни тешки повреди, во болницата во Св.Еразмо во Охрид, префрлени се Д.А. и М.Ш. и двајцата од селото Лабуништа и Н.А. (46) од селото Глумово. Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно…

повеќе...

Малолетник од Дебар го загуби животот во сообраќајна незгода

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што рано утрово во 01 часот и 15 минути се случи на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Дебар. Од здобиените повреди, на лице место починал Р.Р. (17) од Дебар. Со тешки телесни повреди се здобил Е.Ј. (17) од Дебар кој поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентен центар во Скопје. Во општата болница во Дебар е хоспитализиран Е.К. (18) кој има телесни повреди. Сообраќајната незгода се случила кога, сега тешко повредениот Е.Ј. по улицата „Вељко Влаховиќ“ кон излезот од градот, без…

повеќе...

Повредени три лица во сообраќајка на патот Подмоље – Струга

Три лица од кои две посериозно, се здобија со телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 20 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Подмоље-Струга кај крстосницата со локалните патишта за „Еврохотел“ и селото Милешево. Поради сериозноста на повредите, во општата болница во Струга задржан е А.З. (20) од струшкото село Ливада додека во болницата Св.Еразмо -Охрид задржано е едно малолетно лице. Во сообраќајната незгода учествувале патничките моторни возила марка „Голф“ со струшки регистарски ознаки управувано од Б.М. (24) од селото Франгово во кое се наоѓало малолетното…

повеќе...