Три лица загинаа во сообраќајка на патот Гостивар – Кичево

Три лица ги загубија животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 19 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на селото Букојчани. Од здобиените повреди, на лице место починале Халит А.(16), Адмир В.(19) и Зуфер З.(46), сите од кичевското село Колари. Нивната смрт е констатирана од лекар од Брза помош. Во сообраќајната незгода, со телесни повреди се здобиле Џ.Ј.(50) од селото Букојчани и А.М.(25) од селото Зајас. Сообраќајната незгода се случила кога возило марка „Форд Ескорт“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од сега починатиот…

повеќе...

МВР: Д.С. предизвикал две сообраќајки и избегал при контрола

На 28.10.2016 година во 23:20 часот Е. А. на бројот 192 пријавил дека во градскиот парк во Скопје, движејќи се по сервисната улица кон хотел  Парк со своето возило ПМВ Фолксваген со скопски регистарски таблици кое што лично го управувал, бил удрен од ПМВ Туарег со скопски регистарски таблици кое доаѓало од спротивен правец. Поради тоа што возачот на ПМВ Туарег по предизвиканата сообраќајна незгода не застанал туку се дал во бегство, Е.А. со возилото се упатил по ПМВ Туарег. Возачот на ПМВ Туарег продолжил да се движи по ул.Франклин…

повеќе...

Автомобил излета од патот Охрид – Кичево

Вчера во 09.30 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на м.в. „Сливоски анови“, се случила сообраќајна незгода во која Е.М. (27) од с.Радолишта, струшко, управувајќи ПМВ „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, удрил во сообраќајни знаци за обележување на автопатот во изградба, и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.М. и сопатниците Р.Ф. (31) од Струга и седумнаесетгодишник од Струга. Истите биле пренесени во Болницата Св.Еразмо, каде Е.М. и Р.Ф. биле задржани на лекување, додека малолетникот, поради сериозноста на повредите…

повеќе...

Едно лице загина, три се повредени во сообраќајка на патот Охрид – Струга

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што вчера во 17 часот и 45 минути се случи на регионалниот пат Охрид-Струга во близина на „Оровничка плажа“. Од здобиените повреди, на лице место почина Александар С.(26) од селото Горенци општина Дебрца. Со тешки телесни повреди се здобил Р.А.“(39) од Охрид кој поради сериозноста на повредите е префрлен во болницата „Св.Еразмо во Охрид. Лицата И.С. (29) и В.Т.(55) двајцата од Охрид се здобиле со лесни повреди и по извршениот медицински преглед во болницата „Св.Еразмо“ се пуштени на домашно лекување. Сообраќајната незгода…

повеќе...

Тешка сообраќајка на патот Охрид – Ресен

Вчера околу 17:05 часот на магистралниот пат Ресен-Охрид, поточно кај м.в.„Рибник“, атар на с.Крушје, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Југо Корал“со битолски регистерски ознаки управувано од Д.С. (20) од с.Подино-битолско, и патничко возило „Волксваген Пасат“ со ресенски регистерски ознаки управувано од Љ.Д. (47) од Ресен. Во незгодата на самото место починал 17 годишен сопатникот од патничкото возило „Југо Корал“, додека возачот Д.С. се здобил со тешка телесна повреда кој по укажаната лекарска помош во Здравствен дом-Ресен бил пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница-Охрид, а возачот на…

повеќе...

Тешко повреден велосипедист во сообраќајна незгода во Струга

Вчера околу 12:00 часот во Струга на ул.„Владо Малески“ случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Цитроен“Ц3 со скопски регистерски ознаки управувано од Т.Ѓ. (74) од Скопје и велосипед управуван од В.Т. (72) од Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на черепот и левата половина од горната вилица и крварење во главата) се здобил возачот на велосипедот, кој бил пренесен во МЦ-Струга, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во болницата Св.Еразмо-Охрид, каде бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот бил извршен од ЈО и увидна…

повеќе...

Четири лица повредени во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

Четири лица се повредени во сообраќајната незгода што синоќа во 19 часот и пет минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на бензиската пумпа „Петрол“. Со тешки телесни повреди-скршеници на лева надколеница се здобил А.Ј.(46) од Охрид додека со лесни повреди се здобиле Д.Ш. (44) од гостиварското село Горна Баница, Г.Т. (49) и Н.Т. (20) двајцата од охридското село Елшани. Повредените, од местото на незгодата, со возило на брза помош се пренесени бо болницата „Св.Еразмо“ каде се задржани на понатамошно лекување. Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило…

повеќе...

Едно лице загина во сообраќајка на патот Струга – Охрид

Вчера околу 06:10 часот на регионалниот пат Струга-Охрид во близина на бензинска пумпа се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Пежо“ со охридски регистарски ознаки управувано од Н.Ј.(1977) од с.Оровник и ПМВ „Хјундаи“ исто така со охридски регистарски ознаки управувано од Љ.Ч.(1961) од Охрид. Н.Ј. бил пренесен во болница „Св.Еразмо“, каде им подлегнал на повредите. Увид извршила екипа од СВР Охрид.

повеќе...

Охриѓанец почина во сообраќајка кај Требеништа

Вчера околу 16:55 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Требеништа, се случила сообраќајна незгода помеѓу ТМВ „Ивеко“ со албански национални ознаки, управувано од Л.Ц. (30) од Р.Албанија и мотоцикл „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управуван од К.В. (44) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.В. кој бил пренесен во болницата Св.Еразмо каде што починал. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

повеќе...

Повредено едно лице во сообраќајка на „Туристичка“

Едно лице се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што вчера во 12 часот и 45 минути се случи на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здоби Б.М.(45) од Охрид, кој по булеварот, од „Охридска банка“ кон улицата „Јане Сандански“ управувал мопед марка „Кивеј“ со охридски регистарски ознаки. На критичното место, во близина на спортската сала, Б.М. изгубил контрола, преминал на десната сообраќајна лента и со предниот дел удрил во задната лева страна од паркирано патничко моторно возило марка „Пежо“ со охридски регистарски…

повеќе...