Три лица повредени во сообраќајка кај Требеништа

Две лица се здобија со лесни, а едно со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што денес во 12 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот помеѓу селата Горенци и Требеништа. Тешката сообраќајната незгода се случила при разминување помеѓу патничко моторно возило марка „Опел корса“ со струшки регистарски таблици кое се движело во правец од Охрид кон Кичево и возило „Хундаи“ со охридски регистарски ознаки кое сообраќало во обратен правец. Во момент на разминување на двете возила, дошло до судар со предните страни од автомобилите.…

повеќе...

Едно лице повредено во сообраќајна незгода на ул.„15 Корпус“ во Охрид

Едно лице се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што синоќа во 22 часот и 20 минути се случи на улицата „15 Корпус“ во Охрид. Со скршеници на черепот и по останатите делови од телото како и крварење во мозокот, Љ.К. (48) од селото Лескоец со возило на итна медицинска помош е пренесен во хируршкото одделение при општата болница во Охрид каде, по укажаната лекарска помош е задржан на понатамошно лекување. Сообраќајната незгода се случила во момент кога врз сега тешко повредениот, кој по улицата управувал велосипед, налетало…

повеќе...

Охриѓанец загина во сообраќајка на автопатот Тетово – Скопје

Вчера околу 07.30 часот на автопатот Тетово-Скопје, кај Смилковско езеро, се случила сообраќајна незгода во која А.М. (56) од Охрид, управувајќи ПМВ „БМВ Х6“ со охридски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот, удрил во метални еластични одбојници, се извртел со возилото и запрел на локалниот пат с.Смиљковци-н.Бутел. По незгодата сопатниците Н.М. (22) и дванесетгодишно дете, двајцата од Охрид, биле пренесени во Ургентен центар – Скопје каде им е укажана лекарска помош и им се константирани тешки телесни повреди. Истите се задржани за понатамошно лекување. Додека кај возачот А.М. на местото…

повеќе...

Моторциклист загина во сообраќајка кај Велешта

Вчера околу 15:20 часот на регионалниот пат Струга-Дебар кај с.Велешта случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Сеад Кордоба“ со охридски регистерски ознаки управувано од Џ.М. (22) од с.Подгорци-струшко и моторцикл„Сузуки“управуван од Един Р. (20)-с.Октиси-струшко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот кој бил пренесен во Специјалната Болница „Св.Еразмо“-Охрид каде што околу 17:20 часот им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот извршил ЈО и увидна екипа на ПС-Струга, а по наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на…

повеќе...

Сообраќајка на патот Струга – Дебар

Вчера во 17:20 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта-Струга, се случила сообраќајна незгода во која Б.Х.(1976) од с.Велешта, управувајќи ТМВ„Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, удрил во пешакот К.В.(1954) од с.Велешта. Во незгодата К.В. се здобила со ТТП (фрактура граден кош и други фрактури) која по укажаната лекарска помош во МЦ-Струга, е префрлена во Болницата Св.Еразмо-Охрид за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Струга.

повеќе...

Едно лице повредено во сообраќајка на патот Охрид -Кичево

Вчера во 15.30 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Требеништа и Мешеишта, се случила сообраќајна незгода во која Е.У. (54) од с.Зајас, кичевско, управувајќи ПМВ „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот. Во незгодата Е.У. се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на лева клучна коска) и по укажаната лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“ е пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид.

повеќе...

Охриѓанец го загуби животот во сообраќајка на улица „15-ти Корпус“

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот се случи на улицата „15 ти Корпус“ во Охрид. Од здобиените повреди, на лице место почина Иван Н. (74) од Охрид. Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот движејќи се по улицата, на коловоз бил удрен од патничко моторно возило марка „Хундаи Гец“ со охридски регистарски таблици кое се движело во правец кон селото Лескоец. На критичното место, на уличниот коловоз се случил удар со предниот дел од возилото врз сега починатиот. Тука, набрзо пристигнала медицинска…

повеќе...

Загина велосипедист на улицата „Радојца Новичиќ“

Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода што синоќа во 17 часот се случи на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид. Иако веднаш пренесен во болницата „Св.Еразмо“ од здобиените тешки телесни повреди, во болницата починал Здравко Н. (62) од Охрид. Сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко моторно возило марка „VW Пасат“ со охридски регистарски ознаки кое се движело по улицата „Радојца Новичиќ“, движејќи се од Охрид кон селото Долно Лакочереј, преминало на левата коловозна страна и со предниот лев дел од возилото удрил во сега починатиот кој со…

повеќе...

Се преврте автомобил на брегот од Охридското Езеро

Денес околу 17 часот на магистралниот пат Охрид-Св.Наум кај Долно Коњско, поточно на удолницата веднаш после хотелот „Гранит“, автомобил излета од коловозот, се преврте и падна на брегот од Охридското Езеро. Според очевидците кои ги затекнавме на лице место, станува збор за автомобил марка „Пежо“ со охридски регистарски таблички. За брзо време пристигнало амбулантно возило и биле хоспитализирани три лица, кои се наоѓале во возилото. На овој дел од патот денес беше извршен прекоп поради дефект со водоводната линија. И покрај поставените сообраќајни знаци, излетувањето од патот најверојатно е настанато поради…

повеќе...

Загина лице од Требеништа во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

Едно лице го загуби животот по тешката сообраќајна незгода што синоќа во 17 часот и 45 минути се случи на на магистралниот пат Охрид-Кичево кај спојот со локалниот пат за селото Требеништа. Од здобиените повреди, во возило на брза помош на пат кон Општата болница во Охрид, почина Јонче Ј. (64) од селото Требеништа. Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот го преминувал коловозот на магистралниот пат од левата према десната страна при што дошло до удар од патничко моторно возило марка „Рено Лагуна“ со охридски регистарски ознаки…

повеќе...