Ракометарките поразени од Шведска за почеток на квалификациите за ЕП 2018

Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби на гостувањето кај првиот фаворит групата, Шведска, за почеток на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП Франција 2018. И покрај поразот од 38-26, избраничките на Симе Симовски покажаа солидна игра пред се во нападот, многу подобра во однос на средбите против истиот противник во рамки на јунскиот бараж за СП. Предводени од Елена Ѓеорѓиевска и Сара Ристовска, нашите ракометарки стигнаа до почетно водство од 2-0, но следуваше серија на Шведска за пресврт и водство на домашниот состав кое го одржа и зголеми до полувремето.…

повеќе...

Прием на кик-боксерите во АМС по повод успехот на Европското и Балканското првенство

Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, по повод успешната организација на последното Европско првенство во кик бокс за кадети и јуниори во Скопје и големиот успех на македонските кик-боскери, Директорот Дарко Каевски организираше прием за кик-бокс репрезентацијата предводена од Претседателот и селектор Дејан Митровски – Урко и тренерот Драган Атанасовски. Каевски изјави дека Македонија уште еднаш се покажа како одличен домаќин и потврди дека секогаш е спремна за организација на вакви големи натпреваруња,а воедно им честита и за остварениот успех на младите кик-боксери. „Ми претставува чест што…

повеќе...

Трајкоски: Нашата цел отсекогаш била подобрување на животниот стандард на жителите на Општина Дебрца

Кандидатот за градоначалник за Општина Дебрца, Игор Трајкоски денес одржа прес-конференција пред фудбалското игралиште за голем фудбал во Волино. На прес средбата беа презентирани досега реализираните проекти од областа на спортот, како и проектите од новата програма кои ќе бидат реализирани во новиот мандат од областа на спортот. „Нашата цел отсекогаш била подобрување на животниот стандард на жителите на Општина Дебрца. Со таква мисла и со такви планови ја започнавме и оваа кампања. Можеме денес да се пофалиме со многу, но исто така знаеме дека не чека макортпна работа за…

повеќе...

Милевски ги соопшти избраните фудбалери за Србија и Гибралтар

Селекторот на Македонија до 21 година го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Србија (6. октомври, тренинг центар „Петар Милошевски) и Гибралтар (10. октомври, Фару) за пласман на ЕП 2019 во Италија. На списокот на Милевски се наоѓаат 22 фудбалери. Елиф Елмаз (Фенербахче) и Никола Ѓорѓев (Твенте) ќе бидат дел од селекцијата до 21 година само за натпреварот против Србија во Скопје. Благоја Милевски, селекторот на репрезентацијата на Македонијадо 21 година по објавувањето на списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Србија (6 октомври, тренинг центар…

повеќе...

Несторовски постигна два голови, а заработи и два жолти картони

Илија Несторовски постигна два голови во победата на Палермо од 2:1 против Про Верчели. Капитенот на Палермо, Несторовски, најпрво го изедначи резултатот на 1:1 во 25 минута, а во 51 минута го постигна вториот гол и го доведе својот тим во предност од 2:1. Покрај двата голови, Несторовски заработи и два жолти картони, од кои првиот во 72 минута, додека пак вториот во 85 минута што значеше и црвен картон и исклучување за нашиот репрезентативец. По шест одиграни натпревари Несторовски има постигнато 4 голови, а неговиот тим Палермо се наоѓа…

повеќе...

Селекторот Ангеловски ги одреди фудбалерите за натпреварите против Италија и Лихтенштајн

Селекторот на најдобрата репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски одбра 23 фудбалери за двата последни натпревари од квалификациите за СП 2018 година во Русија, против Италија (6 октомври во Торино) и Лихтенштајн (9 октомври во Струмица).

повеќе...

Јаховиќ постигна автогол, но возврати со хет-трик

Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ денес успеа да направи подвиг за својот клуб Гозтепе, кој денес забележа значајна победа во гости против Сиваспор. Најпрво, во 16 минута Јаховиќ си постигна „ефектен“ автогол со глава, по што Сиваспор поведе со 1:0. Но, Јаховиќ успеа да ја поправи својата грешка во 33 минута кога изедначи на 1:1, а во судиското надополнување од првото полувреме (45+2) прецизно биеше од белата точка за да му донесе предност на неговиот тим од 1:2. Во второто полувреме повторно беше досуден пенал за Гозтепе и повторно прецизно го…

повеќе...

Олимписка обука за напреден спортски менаџмент (петта генерација)

Македонскиот олимписки комитет во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), на 16 Октомври 2017 година ќе ја започне Олимписката обука за напреден спортски менаџмент (петта генерација), за која силно смета дека е основа и еден од главните фактори за постигнување на врвните спортски резултати на најдобрите македонски спортисти. Станува збор за многу обемна и квалитетна едукативна спортска програма која претставува теоретско-практична платформа за унапредување на работата во рамките на Олимписките спортски организации (ОСО) во кои спаѓат спортистите, тренерите, судиите, спортските клубови, НСФ-ии, Меѓународните спортски федерации, Националните олимписки комитети, ИОК, Организационите…

повеќе...

УЕФА Лига на нации: Што претставува и кога ќе започне?

УЕФА подготви ново натпреварување во кое фановите ќе уживаат во најсилните спортски натпревари, додека ние подобро го искористуваме времето во постоечкиот календар на меѓународни натпревари. Освен тоа, ќе се задржи рамнотежата помеѓу натпреварите на репрезентациско и клупско ниво. Во исчекување на УЕФА Лигата на нации!

повеќе...

Доделени 500 стипендии на млади талентирани спортисти

Спортот како потреба на секоја земја има доминантно место во интересите на државите, особено има големо влијание врз секојдневието на младите во насока кон правилен психофизички развој, како и превенција на младиот човек од зависностите и другите социо-патолошки појави. Грижејќи се за нивниот статус во општествениот и спортскиот живот, како темел за идно развивање на младиот човек, Агенцијата за млади и спорт додели стипендии на 500 млади талентирани спортисти до 20 години, со цел талентираните спортисти да продолжат во процесот на градење на професионалниот лик како и во делот на…

повеќе...