Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска во рамки на Сегментот на високо ниво на Советот за човекови права на ОН се сретна со претседавачот на Советот г. Јоаким Рукер. На средбата претседателот Иванов, ги поздрави неговите напори за зголемување на ефикасноста на работата на Советот за човекови права, кои се дел и од заложбите на Република Македонија при поднесувањето на кандидатурата за ова тело. Македонскиот претседател ја поздрави и иницијативата на г. Рукер за подобрување на координацијата на релациите помеѓу сродните тела на ОН во Њујорк и во…
повеќе...Tag: средби
Ставрески во Лондон: Финансиските зони интересни за Британците
Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески одржа повеќе средби со претставници на бизнис заедницата во Лондон. Како што соопшти Министерството за финансии, на одржаните средби вицепремиерот Ставрески ги запознал стопанствениците со условите за водење бизнис и поволноста на бизнис климата во Македонија. „На досегашните состаноци најголем интерес е покажан за секторите прехранбена и автомобилска индустрија. Особен интерес лондонската бизнис заедница покажала за македонската финансиска зона, погодностите кои ќе ги нуди за меѓународните финансиски компании и за условите за инвестирање во зоната“, информира Министерството.
повеќе...Остварени средби со жителите на неколку месни заедници
Градоначалникот Бакрачески, заедно со неговите соработници и директорите на Јавните претпријатија, синоќа оствари средби со жителите на неколку месни заедници. Според претходно утврдена агенда средби со жителите се остварија во село Куратица, Вапила – Ливоишта и Косел. Целта на ваквите средби е запознавање на градоначалникот со тековните проблеми кои ги имаат овие луѓе, како и слушање на идеи преку кои можат да се решат. Покрај изнаоѓањето на решенија за проблемите од ваквите средби произлегуваат голем број на идеи кои преку разни проекти ќе бидат реализирани исто како што во минатото…
повеќе...Средби со ректорите и претставниците на државни универзитети, претседателите на Студентските парламенти и Синдикатот за образование, наука и култура
Министерството за образование и наука на Република Македонија информира дека во текот на денешниот ден беа реализирани одделни средби со ректорите и претставниците на државни универзитети, претседателите на Студентските парламенти и Синдикатот за образование, наука и култура, а во врска со предложениот пакет мерки за унапредување на целокупниот образовен систем во земјата. Средбите се дел од планот за детално информирање на сите засегнати страни по однос на новините кои на иницијатива на Министерството за образование и наука ги предложи Владата на Република Македонија. Раководствата на универзитетите, синдикалната организација, како и…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески денес во посета на неколку месни заедници
Во рамки на посетите на месните заедници кои градоначалникот Никола Бакрачески ги реализира, денес со почеток во 17 часот ќе биде во посета на Куратица, во 18:30 часот Вапила – Ливоишта и 19:30 часот Косел. На средбата покрај соработниците на градоначалникот ќе бидат присутни и директорите на Јавните претпријатија. Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.
повеќе...Стручно советодавни средби со наставниците од средните училишта коишто имаат најголеми отстапувања во добиените показатели од екстерното проверување
Бирото за развој на образованието во периодот на месец ноември реализира стручни советодавни средби со наставниците од сите средни училишта во Републиката коишто имаат најголеми отстапувања во добиените показатели од екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците во средното образование. На средбите на наставниците им се даваат насоки за надминување на евидентираните слабости во однос на добиените резултати од екстерното проверување на постигањата на учениците, по наставните предмети.
повеќе...Охридските пратеници Николоски и Василевски на средби со граѓаните
Согласно практиката на отвореност и интензивна комуникација со граѓаните пратениците Александар Николоски и Сашо Василевски во тим со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славе Трпевски, а придружувани од претставници на централните и локалните инситуции во изминатиот период од 40 дена посетија 19 населени места во Охридско и Ресенско. Беа посетени сите поголеми села во Охридско и значаен дел во Ресенско. Во Охридско беа посетени населените места Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, Елшани, Рача, Вапила, Ливоишта, Подмоље, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Косел, Лескоец и Велгошти, а во Ресенско населените места…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески утре во посета на Долно и Горно Лакочереј
Во рамки на посетите на месните заедници кои ги реализира градоначалникот Никола Бакрачески, утре со почеток во 18 часот ќе биде во посета во Горно Лакочереј, а во 19 часот ќе оствари средба со жителите на Долно Лакочереј. На средбите покрај соработниците на градоначалникот ќе бидат присутни и директорите на јавните претпријатија. Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.
повеќе...Утре градоначалникот Бакрачески во посета на Коњско и Рача
Утре, со почеток во 16 часот, градоначалникот Никола Бакрачески, во придружба на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорите на јавните претпријатија и раководителите на сектори ќе биде во посета на населените места Коњско и Рача. Агендата на посетата е следна: – 16 часот – с. Коњско – 17 часот – с. Рача Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.
повеќе...Се откажуваат средбите со жителите во Коњско и Рача
Општина Охрид ја известува јавноста дека се откажуваат закажаните средби со жителите на населбата Рача и селото Коњско кои претходно беа закажани од страна на Локалната самоуправа. Оттаму информираат дека истите ќе се одржат во нов термин, за кој јавноста благовремено ќе биде информриана.
повеќе...