Потврден терминот за нов курс за УЕФА А тренерска Диплома

Центарот за Едукација на тренери при ФФМ ги информира тренерите кандидати кои се пријавени за курсот за добивање на УЕФА А Тренерска Диплома дека е потврден терминот на одржување на првиот од трите семинари од курсот и тоа: 13 – 17 Ноември 2015 год. во Спортскиот Центар на Хотел Истатов – Нов Дојран, со почеток во 12 часот. Термините за одржување на останатите два семинара од курсот ќе бидат договорени во координација со тренерите кандидати во оваа група. Од ФФМ ги информираат тренерите дека зголемувањето на бројот на семинари за…

повеќе...

Љубинко Друловиќ не е повеќе селектор на Македонија

Љубинко Друловиќ не е повеќе селектор на македонската фудбалска репрезентација. Од една страна неговиот договор со македонската репрезентација заврши, а од друга страна Управниот одбор на ФК Партизан од Белград на денешната одржана седница едногласно го избра Друловиќ за нов тренер на клубот. „Договорот со Љубинко Друловиќ свечено ќе биде потпишан утре и ќе трае до јуни следната година. Причина за чекањето до утре е што раководството на Партизан ја почитува Фудбалската федерација на Македонија, која кон Друловиќ и Партизан беше искучително коректна, без да му застане на патот во продолжувањето…

повеќе...

Доделени тренерски лиценци на тренерите во Прва и Втора МФЛ

Тренерската организација и Центарот за едукација при ФФМ денеска го одржаа редовното годишно лиценцирање на тренерите во Прва и Втора МФЛ. Лиценцирањето се одржа во хотел „Гранд Плаза“, а на присутните тренери им се обратија претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, претседателот на Тренерска организација, Ѓоре Јовановски и директорот на Центар за едукација, Небојша Марковски. „Сите ние кои сме дел од Фудбалската федерација на Македонија имаме одговорност и обврска активно да се вклучиме во програмите на федерацијата кои придонесуваат за развој на македонскиот фудбал. Едукацијата на тренерите е едно од важните…

повеќе...

Во Струга ќе се одржи семинар за ракометни тренери

На 14 и 15 Август во Струга ќе се одржи семинар за ракометни тренери како еден од задолжителните за тренерска лиценца за натпреварувачка сезона 2015/16. Семинар за ракометни тренери Струга 2015

повеќе...

Утврден почетокот за УЕФА Б лиценца

Уписот за УЕФА Б курс е завршен и закажан е првиот семинар за периодот од 31.05 – 06.06.2015 во Спортскиот Комплекс на Хотел Истатов, со почеток во 12 часот. Упис за добивање на УЕФА А Диплома сеуште трае а терминот ќе биде дополнително утврден. Сите заинтересирани тренери да ја достават следнава документација до архива на ФФМ: -Копија од важечка УЕФА Б Диплома -Потврда за тренерски стаж од најмалку 2(две) години како носител на УЕФА Б Диплома, од кои најмалку една како тренер на сениорска екипа. -Важечко лекарско уверение -Уплатница за…

повеќе...

Тренерите на клубовите од Првата лига мора да поседуваат УЕФА ПРО Диплома

Тренерската Организација и Центарот за Едукација при Фудбалската Федерација на Македонија информираат дека согласно Правлиникот за лиценци (дозволи) за работа на тренери во Фудбалска Федерација на Македонија што се однесува на тренерите во Прва МФЛ, како и согласно Правилникот за лиценцирање на клубови за учество во натпреварувања на УЕФА, дека тренерот кој е носител на активностите на сенироскиот тим (Тим Менаџерот), мора да поседува УЕФА ПРО Диплома. Исто така, претходно важечкото правило за 50% проследена настава на УЕФА Про ниво повеќе не е на сила за натпреварувачка сезона 2015/16. Од тие…

повеќе...

Љубинко Друловиќ нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Љубинко Друловиќ е изборот за селектор на најдобрата македонската фудбалска репрезентација. Со некогашниот прославен фудбалер на Порто и Бенфика и поранешен репрезентативец на СР Југославија е потпишан договор на две и пол години. Одлуката за избор на новиот селектор беше донесена според предходно дефинираните критериуми на Фудбалската федерација на Македонија. Програмата и визијата за македонскиот фудбал, подготвеноста да има директен увид во случувањата во македонскиот фудбал, работата како тренер и остварените резултати, имиџот во јавноста, карактерот, како и покажаната желба за извршување на функцијата, пресудија изборот да биде на Љубинко…

повеќе...

Пет ракометни тренери од Охрид по теркот на EHF

Пет ракометни тренери од Охрид успешно го завршија првиот модул во обуката според принципите на RinckConvension. Стручниот штаб на женскиот ракометен клуб „Моби Дик“ Билјана Богданова – Смилевска, Јованка Јованоска, Филип Јовановски и Атанас Поп – Стефанија, како и Александра Џамтоска од академијата на Металург во Охрид се првите ракометни тренери од Охрид кои ја добија лиценцата од првиот модул без која во иднина нема да можат да се водат ракометните екипи. Обуката беше организирана во два дела. Првиот се одржа во Дојран, додека вториот дел беше организиран минатиот викенд…

повеќе...

Повик за ангажирање на тренери и медицинско лице за потребите на спортските паралелки

Повик за пројавување на интерес за ангажирање тренери и медицинско лице за потребите на дисперзираните класови на спортската академија Општина Охрид објавува повик за пројавување интерес за ангажирање на : -Два фудбалски тренери (еден тренер за работа со фудбалери и еден тренер за работа со голмани) на ученици во паралелката за фудбал – Еден ракометен тренер – Едно медицинско лице – физиотерапевт за медицинска грижа за учениците во паралелката по фудбал. Конкурсот се објавува во согласност со правилникот за работа на центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ),…

повеќе...