Продолжуваат едукативните предавања за безбедноста во сообраќајот на патиштата

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, изминативе два дена реализира сообраќајни едукативни часови со најмладите. Едукативни проактивни предавања се одржаа со учениците од III и IV година во Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ и со учениците од осмо одделение во основното училиште „Григор Прличев“. Предавањата ги спроведе полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид, а беа поврзани со одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, правилата на сообраќај, системот на сообраќајни знаци и опрема и други аспекти од…

повеќе...

Едукативни предавања за безбедноста на патниот сообраќај

Во рамки на предвидените активности за одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денес и утре ќе реализира сообраќаен едукативен час со најмладите. Едукативни проактивни предавања ќе се одржат денес во 11 часот и 30 минути во Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“, а утре во основното училиште „Григор Прличев“. Предавачи ќе бидат полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид. Целта на овие предавања е јакнење на свеста за одговорно и совесно учество пред…

повеќе...

Владина поддршка за отворање училишни компании и финансирање бизнис идеи

Министерството за образование и наука за околу четириесет дена ќе распише јавен повик со кој ќе додели финансиска стимулација, еден вид субвенција наменета за средните стручни училишта во Република Македонија. Субвенцијата ќе биде во насока на интензивирање и формирање училишни компании и за иновативни проекти во средните стручни училишта, изјави заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски. „Со ова како Влада ставаме фокус на развојот на средното стручно образование како еден од одговорите на потребите на пазарот на труд. Висината на износот на оваа финансиска стимулација ќе биде 20 илјади…

повеќе...

Пријавување за наградување на еко-училишта и еко-градинки

Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ се имплементира преку канцеларијата во Министерството за образование и наука на Република Македонија, согласно потпишаниот Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка. Програмата ја спроведува Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО како организација со долгогодишно искуство во областа на заштитата на животната средина и еколошката едукација. Главна придобивка од Програмата е можноста за создавање мрежа на еко-училишта и еко-градинки кои ја усвоиле заштитата на животната средина како една од основните вредности во својот развој и управување. Со…

повеќе...

Акција за разубавување на делови од дворот на ОУ „Св.Климент Охридски“

Денеска Советот на родители при ОУ„Св.Климент Охридски„ – Охрид, вработените и учениците организираа акција за разубавување на делови од училишниот двор. „Акцијата се состоеше од фарбање на скалите, делови од фонтаната и местата за седење,со цел училишниот двор да стане повесел и попријатен за учениците.“- информираат од училиштето.

повеќе...

Зголемен бројот на првачиња во Охрид

Од денес за основците и средношколците почнува новата учебна 2015/2016 година. Во Македонија, во училишните клупи првпат ќе седнат околу 20.000 првачиња. Во однос на минатата година во Охрид зголемен е бројот на првачиња. Според информациите до кои дојде WebOhrid, во ОУ „Григор Прличев“, денес во училишните клупи ќе седнат 105 првачиња, а во подрачното училиште Рача 6 првачиња. Во ОУ „Христо Узунов“ Охрид во училишните клупи ќе седнат 150 првачиња, што е за околу 26 повеќе првачиња од минатата година. Во ОУ „Св.Климент Охридски“ Охрид бројката изнесува 36 првачиња. Во централната зграда…

повеќе...

Се уредуваат училишните дворови

ЈП „Охридски Комуналец“ традиционално пред почетокот на школската година ги уредува и расчистува дворните површини и јавните пешачки и други површини околу школските дворови. „Овие акции се и мотивација за учениците да учат и растат во здрава и чиста животна околина со уредено зеленило и чисти училишни дворови. Дел од образовните установи се веќе расчистени, а останатите ќе бидат опфатени во наредните денови. Извршено е темелно расчистување и хортикултурно средување на реонот опфатен со дворот на ОУ„Климент Охридски“ во населба Даљан, просторот околу школото, пристапниот пат и крајбрежниот појас во овој…

повеќе...

Охридските училишта подготвени за почетокот на учебната година

Во пресрет на почетокот на учебната година, градоначалникот Никола Бакрачески одржа редовен работен состанок со директорите на охридските основни и средни училишта. На средбата присуствуваше и директорот на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ при што се разгледаа одредени аспекти од работењето на оваа воспитна институција. Директорите го информираа градоначалникот Бакрачески за сите преземени активности во рамки на институциите кои ги раководатпри што од негова страна беше посочено дека ќе имаат максимална поддршка во создавањето предуслови за унапредување на образовниот процес во градот. Притоа беше подвлечено дека општината максимално ќе се заложи и ќе…

повеќе...

За спортски објекти инвестирани околу 23 милиони евра, спортот останува владин приоритет

Изградбите на спортските и училишните сали, фудбалските терени, тениските и повеќенаменските игралишта во сите региони и општини претставуваат еден од приоритетите на државата за развојот на спортот и спортската култура кај граѓаните. Паралелно со изградбата на Националната арена „Филип Втори“ и спортската сала „Борис Трајковски“, спортски објекти се изградени или се градат во секоја општина низ државата. Во рамки на проектот за изградба на училишни спортски сали досега се изградени вкупно 47 училишни спортски сали, за кои се инвестирани 1,4 милијарди денари или околу 23 милиони евра, со што се…

повеќе...

Инвестирани над 50 милиони евра во изградба на нови и реконструкција на постојни училишта

Владата предводена од премиерот Никола Груевски во периодот од неполни девет години има инвестирано над 50 милиони евра за изградба и темелна реконструкција на училишта во целата држава. Како што прецизира премиерот Груевски денеска во одговорот на новинарско прашање по посетата ОУ„Браќа Миладиновци“ и амбулантата во Миладиновци, општина Илинден, во целата држава за изградба на 74 нови училишта се инвестирани над 20 милиони евра, а за извршена темелна реконструкција на 350 постојни училишта инвестирани се околу 30 милиони евра. „Од почетокот на летото минатата година досега целосно е завршена изградбата…

повеќе...