Седум милиони евра за обнова на бесплатните учебници

И годинава продолжува проектот за бесплатни учебници, но сега, учебниците постари од пет години ќе се заменат со нови, освен оние по математика и природни науки за седмо, осмо и деветто одделение и за ова ќе бидат инвестирани вкупно седум милиони евра, информира денеска премиерот Никола Груевски. Проектот, нагласи, се спроведува веќе седма година и е значајно олеснување и голема помош за над 200.000 родители. „Оваа година ќе извршиме замена на старите со нови учебници. За таа цел ќе бидат испечатени нови учебници од прво до деветто одделение во основното…

повеќе...

Доделени признанијата за „Најбезбедно и најчисто училиште“

Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми заедно со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ, г-ѓа Маријане Берец, ги доделија признанија на училиштата победници на Јавниот повик за избор на најбезбедни и најчисти училишта во учебната 2014/2015 година. Адеми рече дека МОН и ОБСЕ, втора година по ред го реализират натпреварот за „Најбезбедно и најчисто училиште“. „Основната цел на училиштата е организација на воспитно образовната дејност. Најважната задача на наставниците е да ги образуваат учениците, да ги научат сами да донесуваат заклучоци, да ги развиваат своите вештини, да ги воспитуваат.…

повеќе...

Груевски: Завршени 78 училишни спортски сали, ќе се градат уште 10-тина

Премиерот Никола Груевски денеска оцени дека динамиката на градба на спортските училишни сали се одвива добро и оти досега се изградени и пуштени во употреба 78 сали. „Спортските училишни сали се градат според утврдената динамика. Досега 78 сали се завршени и пуштени во употреба, 13 се во градба од кои шест ќе бидат готови во наредните четири до пет месеци, а се подготвуваме за почеток на градба на уште 10-тина до 12 нови спортски сали. За нив се подготвува потребната документација и наскоро се надеваме дека и тие да почнат…

повеќе...

Изградба на нови приватни градинки во училиштата во Скопје и поголемите општини

Министерството за труд и социјална политика наскоро ќе понуди атрактивни локации во рамки на училиштата во Скопје и поголемите општини во земјава за отворање приватни градинки. Локациите ќе бидат понудени по почетна цена од 1 евро по метар квадратен со намалени комуналии за 95 проценти за разлика од минатата. Ова го најави ресорниот министер Диме Спасов кој рече дека целта е да се поддржи приватниот сектор. „Се трудиме максимално да ги потикнеме приватните инвеститори за да инвестираат во изградба и отворање нови приватни градинки. Во изминатите две и пол години…

повеќе...

Програмата Кембриџ од септември и за ученици од 4-то до 6-то одделение

Од септември и учениците од четврто, петто и шесто одделение ќе учат по Кембриџ програмата, од квалитетни учебници, без грешки и содржински прилагодени на возраста на децата. Нови наставни програми ќе има за математика и природни науки. Книгите се во завршна фаза, чекаат одобрување во Лондон а на почеток од август ќе се печатат и дистрибуираат до сите училишта на сите јазици. Заменик министерот за образование вели дека програмата одговара со возраста на децата, наставниците се тие кои треба да им ја доближат на учениците. „Децата во Република Македонија не…

повеќе...

Координирано против вандалите што го уништуваат имотот на училиштата и градинките

На состанок што се одржа денес со претставници од Секторот за внатрешни работи, претседатели на Урбани заедници, директори на основни училишта и детската градинка ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ се разговараше за проблемите со уништување на имотот во училиштата и градинките. Целта беше заеднички и координирано да се изнајдат решенија за справување со зачестената појава на вандалско уништување на имотите особено во детските градинки и училиштата. Беше договорено да се зајакнат полициските патроли особено во вечерните часови, во близина на градинките и училиштата, а особено на местата кои се познати како…

повеќе...

Од утре стартуваат уписите во средните училишта

Почнува запишувањето на полуматурантите во средно образование кое е задолжително во Македонија. Утре и задутре е првото пријавување во јунскиот уписен рок за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 24 јуни. Според Конкурсот кој Министерството за образование и наука го објави на крајот на март, второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 29-ти и 30 јуни, а резултатите од запишувањето ќе бидат објавени на 1 јули. Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе…

повеќе...

Охрид домаќин на шестиот по ред Училишен спортски камп

Агенцијата за млади и спорт, Министерството за образование и наука и Федерацијата на училишен спорт на Македонија и годинава ќе го реализираат Училишниот спортски камп во Охрид. Околу 260 учесници, односно најдобрите спортисти во машка и женска конкуренција од основните и средните училишта во земјава ќе си ги одмерат силите во вкупно 11 спортови. Кампот ќе се реализира во две смени и тоа од 22 до 27 јуни и од 29 јуни до 4 јули. По тој повод денес во просториите на АМС се одржа прес- конференција на која свое…

повеќе...

Одржан состанок на Меѓународниот Одбор за избор на најдобри училишни проекти

Министерството за образование и наука информира дека во периодот од 8-10 јуни годинава, во рамките на aces проектот се одржа состанок на Меѓународниот Одбор за избор на најдобри училишни проекти. аces е мрежа која ги поврзува 15 те земји партнери: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Унгарија, Косово, Република Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Словенија. aces е иницијатива на ERSTE Foundation и координирана од Interkulturelles Zentrum-Австрија и Vceli Dom-Словачка. Од вкупно 263 предложени проекти, во силна конкуренција беа избрани 42 проекти. Училиштата од Република…

повеќе...

Од утре почнува полагањето државна матура

Од утре до 19-ти јуни ќе се реализираат екстерните испити од државната матура во учебната 2014/2015. Според информацијата на Државниот испитен центар, матурантите утре ќе полагаат мајчин јазик и литература, на 15 јуни е полагањето странски јазик, на 17 јуни ќе се полага математика и на 19-ти јуни е тестот по хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и естетика. Тестирањето во сите денови почнува во 10 часот. Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит. ДИЦ соопшти дека…

повеќе...