Побрза исплата на надоместоци за боледувања и породилно отсуство

Проектот „Побрза исплата на надоместоци за боледувања и породилни отсуства“ е дел од програмата на Владата и е во надлежност на Фондот. Денес го промовираме новото софтверско решение со кое комплетно ја дигитализираме работата во делот на исплатата на боледувањата и породилните отсуства, процес кој ни овозможува ефикасна и прецизна обработка на податоците и што е најважно, побрза исплата на средствата по овој основ за нашите осигуреници, истакна директорот на ФЗОМ, д-р Сашо Стефаноски. Ова е уште еден проект со кој ги кратиме бирократските процедури а, директен бенефит од ова…

повеќе...

Поблиска соработка со Фондот за иновации

Општина Охрид во иднина ќе остварува поблиска соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, за да се обезбеди поширока афирмација на нивните проекти на кои би аплицирале повеќе микро, мали и средни претпријатија од охридското подрачје. Ова беше речено на денешната средба на заменик градоначалникот Ангел Јанев и директорката на Фондот за иновации Јасмина Поповска. Беше договорено, две лица од општина Охрид да учествуваат на следната обука што во Скопје ќе ја организира Фондот, за да можат пред распишувањето на вториот јавен повик, на заинтересираните фирми да им помагаат…

повеќе...

Фондот за иновации и технолошки развој ги додели првите 16 грантови

По првиот успешен конкурс за кофинансирани грантови на стар ап и спин оф претпријатија и иновации, Фондот за иновации и технолошки развој денеска ги потпиша договорите со претставниците на 16 компании, чии проекти беа избрани во рамки на конкурсот. За реализација на овие проекти беа доделени вкупно 458.700 евра, а во втората половина од оваа година ќе биде објавен и втор повик за сите инструменти на Фондот со расположлив буџет во износ од милион и 680 илјади евра. Дел од наградените проекти вклучуваат платформа за навигација и известување во затворени…

повеќе...

Директорите на Фонд за здравствено осигурување на Македонија директно со осигурениците

„Директорите на ФЗОМ директно со осигурениците“ е новиот проект на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, што почна да се спроведува од денес, 11 јуни 2015 година. Директорите заедно со стручниот тим ја посетија подрачната служба Скопје. Идејата на проектот е еден ден во неделата директорите на Фондот, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, заедно со стручниот тим, да поминат најголем дел од работното време, во подрачните служби на Фондот и работејќи заедно со вработените, на лице место да остварат непосреден контакт со осигурениците. Од „прва рака“ ќе може да се…

повеќе...

Започнаа „Отворените денови за осигурениците“ во сите подрачни служби на ФЗО

Почнувајќи од денес – секој четврток од 10:00 до 15:00 часот ќе бидат „Отворени денови за осигурениците“, во сите подрачни служби на Фондот за здравствено осигурување. Подрачната служба Охрид за успешно реализирање на овој Проект одреди посебна просторија, (сала за состаноци – соба бр. 13 на втори кат) и службеници кои ќе се потрудат да им помогнат на осигурениците со информации за остварување на нивните права и обврски од здравственото осигурување. Во Струга, осигурениците можат да се обратат во канцеларија бр. 2, 3 и 13. Инаку, како и до сега,…

повеќе...

Отворени денови на Фондот за здравствено осигурување на Македонија во сите 30 подрачни служби

Фондот за здравствено осигурување на Македонијав воведува нова пракса на отворени денови за осигурениците и нивните идеи, предлози и прашања. Денеска во Струмица, директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и директорот Орхан Рамадани во рамките на работната посета на подрачнатаслужба на Фондот во Струмица, директно ги информираа осигурениците дека вратите на ФЗОМ се отоворени за сите нивни дилеми и потреби кои се во надлежмност на ФЗОМ.  Директорот Стефаноски информираше дека од оваа недела (четврток, 09 април 2015 година) отворените денови на ФЗОМ ќе се организираат секој…

повеќе...

За иновативни проекти 2,2 милиони евра помош преку Фондот за иновации

Домашни компании од областа на иновациите од утре ќе можат да аплицираат за финансиска помош со кофинансирање преку првата програма на Фондот за иновации и технолошки развој за која се одвоени 600.000 евра. „За планираните четири инструменти за годинава на Фондот за иновации и технолошки развој се предвидени 2.280.000 евра, а генерално за функционирање на Фондот 10 милиони евра,“ рече денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Со првиот инструмент за кој ќе биде објавен повик утре, се предвидени кофинансирани грантови за 20-ина проекти на старт-ап и спин-оф…

повеќе...

Малите и средните претпријатија ќе добијат поддршка од Фондот за иновации, но треба и од банките

Финансискиот сектор во Македонија е стабилен, со позитивни трендови. Раст бележат депозитите и кредитите, кои пак се повеќе насочени кон поголемите претпријатија, а многу малку кон малите и средните претпријатија и почетните бизниси. Ова беше истакнато на 12. Конференција за финансии, деловни можности и економски развој – ФИНЕКСПО 2014, што се одржа денеска во Скопје. „Финансискиот сектор има позитивни трендови. Имавме висок степен на стабилност и ја задржавме и во услови кога Европа се соочуваше со висока нестабилност, но сега освен таа финансиска стабилност имаме и поосетна поддршка од финансискиот…

повеќе...

Ставрески: Речиси целосно искористен фондот за Проектот за подобрување на општинските услуги

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставерски оцени дека сосема добро оди досегашната реализација на проектот што Министерството за финансии го реализира со Светска банка за поддршка на општините со вкупен фонд од 56 милиони евра. „Проектот што го реализираме со СБ за поддршка на општините има вкупен фонд од 56 милиони евра. Досега 34 општините искористија 26 милиони евра за 45 проекти. За останатите средства веќе имаме проекти од општините кои се во завршна фаза и финално одобрување, така што веќе се врзани сите средства, со исклучок на 1-1,5…

повеќе...