Утре на охридскиот плоштад ќе се вршат здравствено-превентивни прегледи

Во рамки на одбележувањето на празникот Св.Климент Охридски, а со цел превентивна грижа за здравјето на населението, особено во време на високи температури на воздухот, Црвен крст Охрид во текот на целиот ден на 8 август 2017 година, на Градскиот плоштад во Охрид во периодот од 9 – 23 ч. во соработка со Здружението на лица со дијабет Тип 1 Охрид, и Здружението „Мозочен удар“ Охрид ќе врши здравствено-превентивни прегледи. Медицинските екипи на Црвен крст Охрид, Здружението на лица со дијабет Тип 1 и Здружението Мозочен удар ќе бидат на…

повеќе...

Традиционална крводарителска акција за празникот Св.Климент

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент, и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа на 8 август (вторник) во периодот од 19-24 ч. и на 9 август (среда) во периодот од 9-13 часот. Се покануваат сите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.

повеќе...

Четвртата генерација деца успешно ја заврши интернационалната едукативна Бреинобреин програма

Четвртата генерација на деца кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, успешно ја заврши интернационална едукативна Бреинобреин програма. Тие деновиве го положија последното десетто ниво и се стекнаа со меѓународно призната диплома. Како награда за својата посветеност и успех, предводени од тренерите тие уживаа во еднодневна екскурзија во прекрасната природа на Вевчани. Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, како прв франшизен центар на Балканот, започна да се имплементира во 2010 година и неа за 6 години…

повеќе...

Црвен крст објави брошура за правила и препораки за однесување при земјотрес

Поради се почестите земјотреси кои се случуваат во регионот на Охрид што допринесува за вознемиреност кај населението во ова подрачје, Црвен крст Охрид објавува брошура за правила и препораки за однесување за време на земјотрес, после земјотресот, но и мерки за претпазливост и подготовка за земјотрес. БРОШУРА

повеќе...

Показна вежба за извлекување давеници, укажување прва помош и реанимација

Со показна вежба на извлекување давеници, укажување прва помош и реанимација денес на старото градско пристаниште во Охрид, Црвен крст Охрид преку дел од своите тимови на спасители на вода и тимови на парамедици ја покажа својата подготвеност за справување со предизвиците поврзани со безбедноста на вода на капалиштата, во претстојната летна сезона. Вежбата ја следеа дваесет претставници на Црвен крст на Норвешка кои не ги криеја своите позитивни импресии од професионалноста на тимовите за спасување на Црвен крст Охрид. Напоменуваме дека од утре, 19 јуни па се до 20…

повеќе...

Заврши четвртото издание на „Вдиши театар“

Со настапот на театарската група од Црвен крст Крагуевац и оригиналната изведба на претставата „РУСКИ РУЛЕТ“, вчера во предворјето на црквата Св.Софија беа спуштени завесите на четвртото издание на Младинскиот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид од 1-4 јуни се одржа во Охрид. Талентираните крагуевчани на оригинален и креативен начин прикажаа една современа семејна драма во која се преплетуваат емоциите, проблемите и искушенијата и се истакнува еден, се почест проблем на денешницата, семејното насилство и последиците од него. И оваа година Младинскиот аматерски театарски…

повеќе...

Младите волонтери од Црвен крст Бар настапија на вториот ден од „Вдиши театар“

Блескав настап на младите волонтери на Црвен крст Бар, Црна Гора на вториот ден од Младинскиот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“. Тие вчера, на сцената во предворјето на црквата Св.Софија ја изведоа претставата „РАЗБУДИ СЕ И БИДИ ТУКА“ преку која на сликовит начин ги истакнаа врсничкото насилство, дрогата и трговијата со луѓе, како најчести предизвици, проблеми и искушенија со кои се соочуваат младите и испратија силна порака за љубов, здравје, радост, среќа, насмевка, доверба како вистински смисол на животот. Завршетокот на „ВДИШИ ТЕАТАР“ е резервиран за младите актери од театарската…

повеќе...

Започна четвртото издание на „Вдиши театар“

Тесен беше просторот во предворјето на црквата Св.Софија да ги собере сите оние кои вчера дојдоа да „вдишат театар“ и бидат дел од отворањето на Младински аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид по четврти пат, како предвесник на охридското културно лето, се реализира од 1-4 јуни во Охрид. Првиот ден од овој фестивал беше резервиран за младите талентирани актери од театарската група на Црвен крст Охрид кои премиерно ја изведооа претставата БАГАЖ. Под менторство на авторите на претставата Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка…

повеќе...

Од утре започнува четвртото издание на „Вдиши театар“

Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, го организира четвртиот по ред Меѓународен Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши Театар“. Целта на овој театарски фестивал е поттикнување на младите за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на театарски надарените волонтери на Црвен крст Охрид, но и поттик за останатите да се приклучат и ги стекнат и негуваат вештините на актерството. Самиот…

повеќе...

Вечерва ќе се одржи првиот Бреинобреин Демо Фест на младите таленти

Црвен крст Охрид го организира првиот Бреинобреин Демо Фест на младите таленти кои ја посетуваа едукативната Бреинобреин програма во Центарот за развивање на животни вештини, Бреинобреин-Црвен крст Охрид. Преку 100 деца на возраст од 4-14 години на атрактивен и креативен начин ќе ги презентираат знаењата, техниките и вештините кои ги стекнале и развиле со следење на Бреинобреин програмата, а кои ја потенцираат фотографската меморија, нумеричките и вербални способности, мултитаскингот. Не пропуштајте го овој единствено интересен настан кој ќе се реализира вечерва во предворјето на црквата Св.Софија, со почеток во 19:00…

повеќе...