„Испраќање јасна порака дека мигрантските коридори се затворени, создавање услови за мир и стабилност и одржлив економски развој во земјите на потекло, како и примена на заеднички пристап во борбата против нелегалната миграција се неопходни за решавање на бегалската криза“, порача претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во своето обраќање на денешната конференција „Геостратегиската и геополитичката положба на Република Македонија во услови на мигрантската и бегалската криза”. Претседателот Иванов во своето обраќање во Македонската академија на науките и уметностите порача дека освен предизвик, мигрантската криза е и можност за…
повеќе...Tag: бегалци
Меѓаши реагира за нехуманиот однос кон децата бегалци
На меѓуграничната зона меѓу Мaкедoнијa и Србија, надвор од Трaнзитниoт центaр Тaбaнoвце состојбата сo децaтa бегaлци е катастрофална, реагираат од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“. „Нехумани и нечовечки се условите во кои децата престојуваат, во импровизирани шатори на ниски температури. Децата бегалци се гушат во смрдеа и кал, се дават во нечистотија. Делегации и телевизии снимаат и толку… Понижување за нив а срам за човештвото се сликите кои нашите активисти ги видоа и забележаа на терен. Ѓубре на сите страни, но и лица кои го собираа сметот. Ваков третман со…
повеќе...Поради граничните рестрикции најмногу страдаат децата бегалци
Тешката ситуација на граничните премини на балканската копнена рута, особено во Македонија и Грција резултираше со илјадници деца заглавени на границите, под стрес и под ризик од влошување на здравјето и изложеност на злоупотреба, изјави УНИЦЕФ. Во овој хаос и збрканост децата се принудени да спијат на отворено во бедни услови повеќе од една недела, без можност да се измијат и да добијат соодветна храна. Постои ризик од одвојување на семејствата, а децата со часови остануваат заглавени надвор од транзитните центри во возови без јасна крајна цел. „Сведок сум дека…
повеќе...Иванов: Македонија не може да биде надворешна граница на ЕУ
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, на покана на претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, учествуваше на работен состанок посветен на мигрантската криза, со кој копретседаваше претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер. На состанокот, покрај претседателот Иванов, присуствуваа и претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ, претседателот на Владата на Република Хрватска, Тихомир Орешковиќ и претседателот на Владата на Република Словенија, Миро Церар, како и Федерика Могерини, Висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јоханес Хан, Комесар за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕУ и…
повеќе...Попоски: ЕУ ќе го забави приливот на бегалци кон Северна Европа
Ветување од земјите од ЕУ за забавување на приливот на бегалци кон Северна Европа, добила Македонија на состанокот на министрите за надворешни работи, кој викендов се одржуваше во Амстердам, тврди министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски. Според Попоски, Србија, Хрватска, Унгарија, Словачка и Чешка ѝ понудиле на Македонија помош во полицајци, опрема и за формирање центри за регистрација, додавајќи дека не е важно како таа помош ќе биде наречена. „Најважно е да имаме луѓе и опрема за да можеме да ја контролираме границата и да ја спроведуваме регистрацијата…
повеќе...Попоски за Вол Стрит Журнал: Три можни сценарија за бегалската криза
Министерот за надворешни работи Никола Попоски, во опсежно интервју за Вол Стрит Журнал, навестува дека постојат три можни сценарија за развој на состојбата со бегалската и мигрантската криза. Според Попоски, најдоброто сценарио останува планот А, а тоа е да профункционираат центрите кои Европската Унија се подготвува да ги отвори на грчките острови, да се засили соработката меѓу Грција и Турција за обезбедување на нивната граница, и на тој начин да се намали приливот на бегалците. Прашан за иницијативата на се поголем број држави од средна Европа Македонија да ја затвори…
повеќе...Четврта меѓународна конференција „Охрид-Водици 2016“
Во Охрид од 17ти до 19ти јануари ќе се одржи четвртата меѓународна конференција за културно наслество, економски развој, туризам и медиуми „Охрид-Водици 2016“. Годинава конференцијата ќе биде на тема „Тероризмот, миграција, бегалци – современи предизвици за културните идентитети, наследство, економијата, туризмот и медиумите“. На истата ќе учестуваат 62 реферати од 14 земји, а за прв пат ќе има учесници од 4 континети (Европа, Америка, Африка и Азија). Конференцијата ќе биде отворена на 17 јануари во 13 часот во „Куќата на Уранија“, а предходно во 12 часот ќе биде отворена фото-изложба „Славата на бреговите на Нил: Културното…
повеќе...Имаме нова реалност, бројот на бегалците се зголемува – претседателот Иванов го посети прифатниот центар во Гевгелија
Справувањето со мигрантската криза за Македонија претставува голем напор и оптоварување на сите наши буџетски средства. Сепак, покажавме дека можеме да се справиме со овој предизвик, иако сите ресурси се до максимум искористени, порача претседателот на Република д-р Ѓорге Иванов, по денешната посета на прифатниот центар во Гевгелија, каде се згрижуваат мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија. Претседателот Иванов констатираше дека Македонија се соочува со нова реалност и, според информациите на терен, наместо да се намалува, бројот на бегалците се зголемува. Се случувало и прилив од 1.000 бегалци за само…
повеќе...