Од Дебарско – кичевската епархија информираат дека утре по повод празникот Цветници ќе има Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 17 часот. Во понеделник, на Велики Понеделник ќе се одржат Часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско, со почеток во 7:00 часот. Истиот ден, со почеток во 17:00 ќе има Бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие во црквата „Св.Богородица“- Каменско. WebOhrid
повеќе...Tag: богослужби
Охриѓани со духовна процесија „Сите кон Свети Климент“ му оддадоа почит на својот заштитник
Трета година по ред охриѓани со духовната процесија „Сите кон Св.Климент“, во пресрет на празникот, му оддадоа почит на својот заштитник. Традиционално, процесијата започна пред споменикот на светецот од градскиот плоштад. Со свеќи во рацете и со икона од Свети Климент Охридски, голем број охриѓани, од градскиот плоштад низ улиците од стариот град се упатија во храмот на Плаошник, каде присуствуваа на празничната вечерна богослужба. Утре, со почеток во 9 часот и триесет минути, градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на делегациите кои се во Охрид во чест на патронот на…
повеќе...Вечерна богослужба и света литургија за празникот Свети Стефан
По повод манастирската слава на манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, се информираат сите православни верници дека вечерва, во манастириот „Свети Стефан“, по повод празникот „Пренос на моштите на св. архиѓакон Стефан“, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19 часот. Утре, во манастирот „Свети Стефан“, ќе се служи света литургија, по повод празникот „Пренос на моштите на св. архиѓакон Стефан“, со почеток во 8:30 часот. По тој повод манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
повеќе...Вечерна богослужба и света литургија за празникот „Св. Петка“
По повод манастирската слава на манастирот „Света Петка“ – с. Велгошти, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека вечерва, во манастириот „Света Петка“, с. Велгошти, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19 часот. Утре (сабота), во манастирот „Света Петка“, – с. Велгошти, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, со почеток во 8:30 часот. Света архиерејска литургија, по повод празникот на „Света Петка“, ќе се служи во…
повеќе...Василиева Литургија и Воскресна богослужба за Велика сабота и Воскресение Христово
Утре, 11-ти април, сабота, Велика сабота, ќе се служи вечерна со Василиева Литургија во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 8:30 часот. На Воскресение Христово, ќе има Воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23:30 часот. Митрополитот г. Тимотеј ќе богослужи во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, со почеток во 23:30 часот.
повеќе...Свети литургии по повод празникот Богојавление – Водици
Утре 18-ти јануари (недела), на Водокрст ќе се служи света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:30 часот. На 19-ти јануари (понеделник), на празникот Богојавление-Водици ќе се служи света василиева литургија во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:00 часот. Во Плаошкиот манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ нема да има богослужба тој ден. Во 10:00 часот на градското пристаниште ќе се изврши голем Богојавленски водосвет и ќе се фрли чесниот крст во водите на Охридското Езеро. На 20-јануари (вторник), на празникот Собор на Свети Јован…
повеќе...