Известување за услужни дејности поврзани со водениот превоз

Општина Охрид ги информира и потсетува сите физички лица кои вршат услужни дејности поврзани со водениот превоз кои се реализираат со пловен објект со јачина на мотор кој не надминува 20 коњски сили и кој вклучува превоз на максимум 12 лица, согласно член 52 од Законот за туристичка дејност, потребно е истите да се регистрираат во Регистарот за туристичка дејност што го води Градоначалникот на општина Охрид. Физичките лица кои поседуваат вакво РЕШЕНИЕ потребно е да поднесат ново БАРАЊЕ за вршење на туристичка дејност бидејќи истото е со важност од…

повеќе...

Утре ќе биде реализирана вежба „Гаснење пожар на брод и спасување давеници од вода“

Практична вежба „Гаснење пожар на брод и спасување давеници од вода“ ќе биде реализирана утре (25 јуни) во 12:00 часот на кеј „Македонија“, кај старото пристаниште. Предвидените активности од практичната вежба се организирани од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, а ќе ја реализираат претставници од Единицата за специјални задачи, СВР Охрид, езерската полиција, Капетанија на пристаништа, Територијалната против-пожарна единица Охрид, Општинскиот црвен крст-Охрид како и медицински екипи на Брза помош-Охрид. Целта на показната вежба е координација и меѓусебна соработка на стручните служби во спасување на загрозени лица и…

повеќе...

Шест години од потонувањето на бродот Илинден

Денес се навршуваат шест години од потонувањето на бродот “Илинден“, кога животот го загубија 15 Бугарски државјани. Пред паметникот за оваа бродска несреќа на кејот “Македонија“, претставници на општина Охрид, на Бугарскиот културен центар од Скопје, Ротари клубовите од Охрид и Пирдоп, Здружението “5 Септември“ и капетанот на капетанијата во Охрид, положија свежо цвеќе и оддадоа почит за трагично настраданите бугарски туристи. Директорката на Бугарскиот културен центар од Скопје, Светлана Славева, им се заблагодари на општина Охрид и охриѓани, за пиетеот кој го покажуваат за овој настан и изрази увереност…

повеќе...

Се поставуваат бови во Охридското Езеро

Со цел да се зголеми безбедноста на сите учесници во езерскиот сообраќај, во Охридското Езеро се поставуваат бови на потегот од  Радожда до Св. Наум. Бовите се користат за да се обележи растојанието и правецот на движење на пловните објекти. „Бовите се поставуваат на целата брегова линија. На број ги има 32 и се разместени од Радожда до Св. Наум. Истите служат да се обележи просторот на кој може да се глисира или да се вози со поголема брзина, а во исто време педалините и останатите реквизити за забава на вода…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на крстарење заедно со учесниците на ракометната академија „Андреа Лекиќ“

Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорот на СРЦ „Билјанини извори“ Ристе Мишев и учесниците на ракометната академија „Андреа Лекиќ“, беа на двочасовно крстарење по Охридското езеро. Пред учесниците на третата по ред ракометна академија „Андреа Лекиќ“ се обрати градоначалникот Бакрачески кој им посака пријатен престој во Охрид и успешно совладување на сите ракометни тајни од големите мајстори како што е Андреа Лекиќ. „Ми причинува огромно задоволство што имам можност да присуствувам во вашето друштво помеѓу овие ведри, насмеани и задоволни лица од успешното совладувањето на ракометните вештини. Благодарен сум што…

повеќе...

Првачињата од ОУ „Христо Узунов“ на прошетка со брод

Учениците од  прво одделение од ОУ „Христо Узунов“, заедно со нивните учителки Лидија Цветковиќ и Наташа Групчева Пупиноска, беа на прошетка по водите на Охридското езеро со бродот „Кристина Ројал“. Посетата беше организирана во соработка со родителите во согласност со проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, со цел учениците практично да ги применат знаењата од сообраќајот. Среќни и задоволни од нeзаборавното патување, учениците се упатија кон стариот дел на градот, кон нови доживувања. Од ОУ „Христо Узунов“ упатуваат голема благодарност до Капетанијата на град Охрид која им ја…

повеќе...

Пожар на грчки ферибот со 466 патници

На грчки ферибот, со 466 патници и членови на екипажот, избувнал пожар. Бродот се наоѓал во близина на островот Крф во Јадранско Море. Според локалните медиуми огнот избувнал во просториите под палубата на бродот и брзо се проширил. Капетанот испратил сигнал за помош и наредил итна евакуација. Според локалните власти евакуацијата е во тек, и во неа учествуваат неколку бродови и хеликоптери. Засега нема информации за жртви. Фериботот „Норман Атлантик“, што е сопственост на грчката компанија АКАК, пренесувал 222 возила, 411 патници и 55 членови на екипажот, од источното грчко…

повеќе...