Арнаудов: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ произлегува од реалните потреби на граѓаните

Во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид денес се одржа прес-конференција, на која беше презентирана програмата на ВМРО-ДПМНЕ – Реално за период 2017-2020 година. Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид и кандидат за пратеник во ИЕ 5 Др. Љубен Арнаудов истакна дека оваа програма го носи токму тој наслов од неколку причини. Прво дека програмата произлегува од реалните потреби на граѓаните на Република Македонија, опфаќајќи ги различните сегменти во општественото живеење. Вели, дека најзначајно е да се разгледаат реалните побарувања, да се согледа потребата од нивно сублимирање, се со цел да…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ со честитка за Илинден

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот 2-ри Август – Илинден „Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот празник 2-ри Август – Илинден. Денес Македонија ја прославува борбата на илјадниците македонски дејци, револуционери и борци за слободна и независна татковина, Република Македонија. Празникот Илинден е силно вкоренет во традицијата, но и меморијата на граѓаните на Македонија како симбол на неопокорот на големиот број знајни и незнајни јунаци кои се жртвуваа пред олтарот на слободата. На ден Илинден 1903-та година во славното Крушево нашиот народ манифестираше…

повеќе...

Груевски: Во август и септември започнуваат да се градат уште три нови делници

Гасификацијата е одличен проект на кој долго работевме во смисла на негова подготовка, преговори и конечно минатата година успеа да се затвори се, да се затворат сите отворени прашања и да се започне градбата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој присуствуваше на настанот по повод завршувањето со изградба на магистрален гасовод Делница Клечовце – Блок станица 5, во непосредна близина на Штип. Во јуни минатата година започна градбата на овој гасовод долг 61 километар кој чини 75 милиони долари, од кои 15 ги обезбедува Република Македонија од буџетот, а…

повеќе...

Од 1 август рурална амбуланта за Пештани, Трпејца и Љубаништа

Од 1 август стартува со работа руралниот лекар во Пештани, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за време на средби со жителите на туристичката населба Коњско при денешната посета на Охрид. „Три дена во седмицата лекарот ќе работи во населеното место Пештани, додека по еден ден седмично ќе ги покрива населените места Трпејца и Љубаништа. Во тие три места живеат три илјади жители, тоа се исто толку потенцијални пациенти кои имаат свои потреби од лекар, така што на овојначин ќе им се излезе во пресрет при одредени медицински услуги и…

повеќе...

Работен состанок на Груевски за проектот „Купи куќа за млади“

Досега одобрени се вкупно 18 апликации, од кои 16 се за изградба на нова куќа, а 2 се за доградба/надградба на куќа, од кои 17 се за моделот „субвенција на ратата“, а 1 е за моделот „субвенција на учеството“. Покрај овие одобрени барања во банките во фаза на разгледување се околу 80 барања кои треба во наредниот период да се обработат. Ова го истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на работниот состанок за проектот „Купи куќа за млади“ и основање на индустриски зони во општините. Преку првиот модел –…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ е против импичмент на Иванов, бидејќи не го прекрши Уставот на Република Македонија

Интегрален текст од изјава за медиуми – Илија Димовски, Координатор на Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ „Почитувани, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, која што е најбројна во Собранието на Република Македонија ќе гласа против оваа постапка заради тоа што цениме дека претседателот Иванов со своите одлуки го нема прекршено Уставот на Република Македонија без разлика дали нам ни се допаѓа или не ни се допаѓа неговата одлука. Ние и кажавме дека ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со одлуката за аболиција. Сепак како Собрание на Република Македонија имаме одговорност…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: ГДОМ и македонскиот народ ја бранат државата од насилните и вандалски постапки на СДСМ

Во врска со соопштението од ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ во која стои: „Хулиганите, демолирачите, насилниците и уништувачите од СДСМ – Охрид, кои со помош од надвор, за туѓи интереси тенденциозно се одлучни да ја рушат сопствената држава и да го уништат сопствениот народ се дрзнаа да кажат дека нашите сограѓани присилно биле праќани на собирите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Радикална левицо од СДСМ, ако Вие не се чувствувате Македонци ние гордо кажуваме дека сме тоа –МАКЕДОНЦИ, кои секогаш доброволно ќе ја бранат…

повеќе...

Нов проект за земјоделците и за земјоделието во Македонија – „Агро бизнис зона Македонија“

„Денес ќе објавам нов проект за земјоделците и за земјоделието во Македонија наречен „Агро бизнис зона Македонија“. Ова подразбира интегрирана зона во која на едно место ќе бидат застапени и сконцентрирани складишните центри, трговци и компании, како и други претставници на синџирот на набавки на свежи и преработени земјоделски производи, се разбира на доброволна база“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање. Груевски рече дека „Агро бизнис зона Македонија“ ќе овозможи собирање на свежото земјоделско производство на Република Македонија и негова дистрибуција кон крајните потрошувачи во и надвор од државата.…

повеќе...

Невработеноста се намалува, мерките за вработување даваат резултати

Активните мерки за вработување имаат ефект. Невработеноста се намалува, а тоа го покажува и статистиката. Проектот „Македонија вработува“ продолжува да покажува позитивни резултати. Преку палетата мерки кои ги нуди Владата за работодавачите и невработените, досега работно место пронашле речиси 13 илјади лица. Невработеноста се намалува, мерките за вработување даваат резултати За пофалба е тоа што забрзано се намалува и стапката на невработеност кај младата популација, нешто што одамна претставува проблем на пазарот на труд. Имено преку мерката за вработување на млади лица до 29 години, во последниве две години се…

повеќе...

Музички хепенинг во Охрид во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Со културно-уметничка програма, денес пред Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа музички хепенинг во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – Охрид. Овој хепенинг беше организиран по повод Меѓународниот ден на жената – 8ми Март.

повеќе...