СДСМ: Бакрачески и локалната власт веднаш да одговорат зошто е паднато нивото на водата во Охридското Езеро

ОО на СДСМ Охрид, испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „Бараме градоначалникот Никола Бакрачески и локалната власт во Охрид веднаш да одговорат на граѓаните на Охрид, но и на Македонија – зошто е паднато нивото на водата на Охридското Езеро?! Трет ден состојбата со Охридското Езеро е критична. Алармантно ниското ниво на водата во езерото е директна закана за растителниот и животинскиот свет во и околу езерото. А Бакрачески и општината под негова надлежност ништо не преземаат. Дали тоа значи дека со знаење на Бакрачески и советниците на…

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод 11ти ктомври – Денот на народното востание

По повод одбележувањето на 75- годишнината од 11 Октомври- Денот на народното востание, градоначалникот Никола Бакрачески, до граѓаните на општина Охрид, упати празничка честитка. „Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание, симболот на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ.Благодарение на пожртвуваноста на храбрите борци во Народноослободителната антифашистичка борба, на темелите на историските традиции на македонскиот народ низ вековите, на илинденците и АСНОМ- ците, ние ја живееме слободата. Живееме во слободна и независна Република Македонија, сон на многу генерации слободољупци, кои оставиле аманет да ја чуваме со…

повеќе...

Чартер летови од Варшава до Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески, на денешната средба со сопственичката на полскиот тур-оператор „ Рего Бис“ , Габриела Манка-Сокули, беше информиран дека во месеците јули и август, оваа компанија воведува чартер линија од Варшава до Охрид и обратно. Доколку, првата година биде успешна полскиот тур-оператор најави зголемување на чартер летовите и бројот на туристите. „Општина Охрид, го поздравува деловниот потфат на „ Рего Бис“ и стои на располагање за помош околу промоцијата на Охрид на полскиот туристички пазар. На саемот што ќе се одржи во Варшава од 22 до 24 ноември 2016…

повеќе...

Олимпијката Нина Балабан на прием кај градоначалникот Бакрачески

Охридската олимпијка во дисциплината стрелање со воздушна пушка, Нина Балабан, денес беше примена од градоначалникот Никола Бакрачески. Во срдечна атмосфера, младата охридска спортистка го информираше градоначалникот Бакрачески за подготовките за олимпијадата во Рио и нејзните очекувања. Градоначалникот Бакрачески во разговорот посочи дека верувањето во своите способности е првиот чекор кон остварување на врвните резултати, но во секој случај истакна дека охриѓани во сабота наутро ќе бидат покрај телевизиските екрани и ќе навиваат за Нина. Балабан говорејќи за очекувањата во Рио, искрено и самоуверено рече дека на олимписките игри оди да…

повеќе...

Продолжува реконструкцијата на училиштето во Оровник

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид врз градежните активности кои се одвиваат околу проектот за реконструкција на Основното училиште во Оровник, каде деновиве започна втората фаза од реконструкцијата на Основното училиште. „Во втората фаза се предвидува замена на кровот, изработка на фасада, изработка на нови плафони, глетовање и молерисување на внатрешните ѕидови, поставување на нова електрична, водоводна и канализациона инсталација и нови санитарии за најмалите ученици. Со завршувањето на втората фаза од реконструкцијата, училиштето ќе добие комплетно нов лик и од следната учебна година учениците во подрачното основно училиште…

повеќе...

Денот на Охридското Езеро во знакот на најмладите

Седумнаесетта манифестација, „Денот на Охридското Езеро“, денес беше одржана на кејот Македонија, со присуство на делегација од соседен Поградец, предводена од градоначалникот Едуард Капри. Домаќинот, градоначалникот Никола Бакрачески со својот колега, најпрво ги разгледа штандовите на кои беа презентирани активности на повеќе клубови и организации чија дејност е поврзана со езерото и неговата заштита. Пригодна свеченост беше одржана во градскиот парк, а најмладата генерација, деца од ЈОУДГ “Јасна Ристеска“ со завет запечатен во шише и пуштен во водите на езерото се обврзаа дека и тие во иднина ќе бидат посветено…

повеќе...

Градоначалникот на македонско-чешкиот форум: Охрид и Македонија ги имаат сите предуслови за равој на успешни бизниси

Градоначалникот Никола Бакрачески во улога на домаќин се обрати на македонско – чешкиот бизнис форум што денеска се одржува во Охрид а на чие отворање присуствуваа македонскиот и чешкиот претседател Ѓорге Иванов и Милош Земан. Пред стопанствениците од Македонија и Чешка градоначалникот Бакрачески истакна: „Среќен сум што овој Макодонско – Чешки бизнис форум се одржува во нашиот преубав Охрид. Градот кој е од голема историска важност за регионот, Европа и Светот. Град кој ги поврзува Македонскиот и Чешкиот народ преку сесловенските просветители браќата „Кирил и Методиј“, кои ги исцртаа контурите…

повеќе...

Охрид успешно претставен на третиот глобален состанок на градовите со езера во Исео – Италија

Во рамки на работниот престој во Италија, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески имаше успешно учество на Третиот глобален состанок на официјалните делегации на Европската мрежа на езера што денес се одржува во градот Исео. На состанокот се направи ретроспектива на досегашната соработка, се презентираа проектите, „LAKtive tourism“ и „СУ Спорт од Ерасмус“ како и Програмата и проектот „Дијалализа за време на одмор“. Општина Охрид имаше своја презентација со свои сугестии и идеи за унапредување на европската соработка, како и подобра реализација на започнатите активности и проекти. На состанокот на официјалните…

повеќе...