На 17.06.2017 година околу 10:30 часот во ПС Струга, В.Т. (53) од Струга пријавил дека на 15.06.2017 година во дворот од сопствената куќа пронашол една рачна бомба од непознато потекло. В.Т. ја предал експлозивната направа во ПС Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
повеќе...Tag: двор
Доделени наградите за најубаво украсен новогодишен двор
Денес во Општина Охрид, беа доделени наградите за најубаво украсен двор. Годинава во избор на девет учесници, првата награда ја освоија Иванка и Бруно Гигер, второто место е за семејството на Наумче Неданоски, а третата награда за Антоанета Тасеска. Признанијата ги додели секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески, кој го истакна задоволството од учеството во акцијата, со која градот не само во центарот, туку и во другите градски населби го има празничниот амбиент со украсените дворови. Првонаградените сопружници Гигер, средствата од наградата ќе ги донираат за семејството Садик, чиј дом…
повеќе...Доделени наградите за најубаво украсен новогодишен двор
Денес во просториите на општина Охрид, беа доделени пофалници за најубаво украсени новогодишни дворови. Годинава на традиционалната акција која ја спроведува локалната самоуправа, учествуваа девет апликанти. Тричлената комисија која направи увид и фотодокументација кај сите учесници, едногласно првата награда ја додели на Климе Караѓуле, втората на Јованка Бубеска Чалдрмоски, а третата награда ја освои Наташа Бошалеска. Пофалниците на најуспешните и најкреативните им ги додели секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, кој истакна дека акцијата на локалната самоуправа е да ги стимулира граѓаните со украсувањето на своите домови, покрај убавата слика…
повеќе...Акција за разубавување на делови од дворот на ОУ „Св.Климент Охридски“
Денеска Советот на родители при ОУ„Св.Климент Охридски„ – Охрид, вработените и учениците организираа акција за разубавување на делови од училишниот двор. „Акцијата се состоеше од фарбање на скалите, делови од фонтаната и местата за седење,со цел училишниот двор да стане повесел и попријатен за учениците.“- информираат од училиштето.
повеќе...Се уредуваат училишните дворови
ЈП „Охридски Комуналец“ традиционално пред почетокот на школската година ги уредува и расчистува дворните површини и јавните пешачки и други површини околу школските дворови. „Овие акции се и мотивација за учениците да учат и растат во здрава и чиста животна околина со уредено зеленило и чисти училишни дворови. Дел од образовните установи се веќе расчистени, а останатите ќе бидат опфатени во наредните денови. Извршено е темелно расчистување и хортикултурно средување на реонот опфатен со дворот на ОУ„Климент Охридски“ во населба Даљан, просторот околу школото, пристапниот пат и крајбрежниот појас во овој…
повеќе...Уреден дворниот простор кај џамијата „Емин Махмут“ во населба Воска
Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам на иницијатива на градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески беше уреден дворниот просторот кај џамијата „Емин Махмут“ во населба Воска. Просторот е партерно уреден, а на површина од 35 квадрати поставени се бехатон плочки. Градежните активности кои траеја два дена ги реализираше ЈП „Нискоградба“.
повеќе...Доделени пофалници за најубаво украсени новогодишни дворови
Денеска во просториите на Општина Охрид, беа доделени наградите за најубав новогодишно украсен двор. Првото место и наградата од шест илјади денари и припадна на Славка Маркулева од Охрид. Второто место им припадна на Иванка и Бруно Гигер, а третата награда ја освои Аце Ѓурчиноски. На најуспешните граѓани во украсувањето на своите домови, пофалниците им ги врачи секретарот на Општина Охрид, Димиитар Спасески, кој изрази уверување дека ваквата акција придонесува кон разубавување на Охрид и збогатување на празничната атмосфера. Комисијата која ја спроведе акцијата истакна дека и оваа година имало…
повеќе...Ставрески: Успешен проектот за откуп на дворното место, поднесени 306.000 барања
Вкупно 306.000 барања се поднесени до крајниот рок за откуп на дворно место. Од нив 234.000 се поднесени откако актуелната Влада донесе одлука откупот на дворното место да се врши по едно евро за метар квадратен. Ова го соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на отворената владина седница, оценувајќи го проектот како успешен. „Ова е еден историски процес и еден од најкрупните проекти со кој 306.000 семејства што поднеле барање и оди во добра насока. Ова беше еден од проектите за кој најмногу пати го продолжувавме рокот. Дававме…
повеќе...Продолжува акцијата за најубаво украсен новогодишен двор
Традицијата да се избира најубаво украсен новогодишен двор, продолжува и оваа година. Конкурсот за пријавување на граѓаните започнува со денешниот ден, а завршува заклучно со 25 декември. Посебна комисија од локалната самоуправа, во периодот од 26 до 30 декември, ќе ги посети сите граѓани кои ќе учествуваат во акцијата. Резултатите и наградите за најубавите празнично украсени дворови, ќе бидат објавени по новогодишните празници. Повеќе информации за акцијата – тука: Конкурс Пријава
повеќе...Ставрески: Над илјада барања дневно за откуп на дворните места
Граѓаните имаат голем интерес за откуп на дворните места. Рокот за поднесување на барањата истекува на 15 овој месец. Канцелариите на Управата за имотно правни работи ќе имаат продолжено работно време во наредните неколку работни денови. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески оговарајќи на новинарско прашање при денешната работна посета на Општина Василево. „Уште неколку дена останаа до завршување на рокот за доставување барање за откуп на дворните места по цена од едно евро за метар квадратен. Интересот е голем. Имаме над илјада барања дневно,“ изјави…
повеќе...