Работник паднал од бандера во Рача и починал на пат кон болница

Вчера околу 12:30 часот во населбата Рача во Охрид, С.Р. (42) од с.Стрелци, кичевско, при работа паднал од бандера и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицински центар Охрид. Поради сериозноста на повредите истиот бил препратен во Клинички центар Скопје, но набргу по пристигнување во Кичево починал. С.Р. бил вработен во фирма подизведувач за потребите на ЕВН, и во критичниот момент бил качен на бандера висока осум метри за да ги отстрани жиците. Бандерата се скршила во долниот дел по што Р.С. и бандерата паднале…

повеќе...

Финансиска помош за подмирување на долгот за електрична енергија во ОУ „Григор Прличев“

Актуелното локално раководство е континуирано посветено на решавање на проблемот со неисплатена електрична енергија на ОУ „Григор Прличев“ кон ЕВН Македонија во насока на одвивање на непречена настава за учениците во оваа образовна институција. Станува збор за проблем кој што е резултат на немарниот однос на претходните локални власти кон долгогодишниот нерешен имотно- правен однос на институцијата што довело до блокирање на сметката по судската извршна постапка. „Градскиот Совет на денешната седница донесе одлука ,односно одобрување за исплата на долгот којшто ОУ „Григор Прличев“ го има кон ЕВН Македонија во…

повеќе...

Утре можни се прекини во снабдувањето со електрична енергија

Поради планирана интервенција на екипите на АД МЕПСО за замена на проводници на 110 kV далекуводи на преносната мрежа на потегот Ресен-Охрид –Струга, утре во периодот од 11:00 до 14:00, можно е да има повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија. Во тој период снабдувањето со електрична енергија на корисниците од населените места на територијата на Општина Охрид и Општина Дебрца ќе се изведува преку алтернативните врски на оваа траса. Ако има промени во оптоварувањата и зголемена потрошувачка, можни се кратки прекини на испораката на електрична енергија во овие 3…

повеќе...

ЕВН Македонија отвори нова градска читалница во Струга

Во Домот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ЕВН Македонија отвори нова читалница. Оваа донација е продолжение на проектот на ЕВН Македонија за поддршка на македонската литература и творештво и за поттикнување на читачките навики. Еднаш неделно во читалницата ќе се одвиваат едукативни работилници за младата популација на возраст од 6 до 14 години, кои ќе ги спроведува асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој „Паблик“ во соработка со ИНКА, (Иницијатива за независен културен активизам). Интенцијата е преку неконвенционални методи да им се доближи книгата на учениците, притоа тргнувајќи од…

повеќе...

Пешевски: Преземаме мерки за сигурно и квалитетно снабдување со електрична енергија

Енергетската сигурност подразбира редовно задоволување на побарувачката на енергија при одржливи, еколошки прифатливи услови и цени кои не го забавуваат економскиот развој и не го загрозуваат животниот стандард на граѓаните. Тоа го истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски во обраќањето на семинарот „Прашања за енергетската транзиција и нејзините последици во Македонија“, што се одржува денеска во Скопје организиран од амбасадите на Германија и Франција во Македонија. За обезбедување енергетска сигурност, укажа Пешевски, потребна е поголема разнообразност на енергетските ресурси по видови, извори и снабдувачи, активна улога на регионалниот енергетски…

повеќе...

Од август повисоки сметки за струја?

Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат нова цена на струјата, која најверојатно ќе биде и повисока. За колкав процент и дали ќе биде зголемена цената на струјата, треба да одлучи Регулаторната комисија за енергетика до крајот на јуни. Сите три енергетски компании државните ЕЛЕМ и МЕПСО и приватната ЕВН, до Регулаторната комисија за енергетика ги доставиле своите пресметки за направените трошоци. Дека пресметките се доставени до регулаторите за порталот „Фактор“ потврдуваат од сите три компании. Сега, на потег е Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ги разгледа и одлучи,…

повеќе...

Претставници на ЕВН Македонија на средба со градоначалникот Бакрачески

Новиот член и заменик претседател на Управниот Одбор на ЕВН Македонија, Харалд Дамерер, денес на негово барање беше примен од  градоначалникот Никола Бакрачески. На средбата Дамерер ја истакна добрата соработка со локалната власт и изрази уверување дека и во иднина ќе продолжи со истата динамика. Дамерер ја поздрави заложбата за осовременување на уличното осветлување и истакна дека тоа се совпаѓа со стратегијата на ЕВН Македонија за правилно и штедливо користење на електрична енергија. Градоначалникот Бакрачески ја потенцира одличната соработка со Корисничко Енергетскиот Центар (КЕЦ) – Охрид, посочувајќи дека одредени непредвиливи…

повеќе...

ЕВН да вложи повеќе во Дебрца

По дводневни проблеми со напојување на електрична енергија, конечно денес им светна на лешанци и другите дебрчани, но сепак, како што кажуваат од жители од Дебрца, некои села уште немаат струја. Како што велат тие, изминатиот период прекините биле чести и долготрајни. Причина за ова е како што велат е стариот далеквод и столбовите кои се стари и повеќе од 60 години.  Потребно е, додаваат дебрчани, да се вложи во нова електрична инсталација за да се обезбеди редовно и капацитетно електрично напопјување на сите приклучоци во Дебрца. WebOhrid

повеќе...

ЕВН Македонија донираше помош за населението во поплавените подрачја

ЕВН Македонија се приклучи на акцијата на Црвениот Крст за помош на најпогоденото население во поплавите што ја зафатија Македонија. Донирани се флаширана вода за пиење и средства за дезинфекција како најнеопходни во овој момент за населението во Струмица, Штип, Чешиново-Облешево, Прилеп и другите подрачја во кои поради излевањето на реките водата не е за пиење или воопшто ја нема. Соработката со Црвениот Крст за помош на поплавените подрачја ќе продолжи и натаму, согласно потребите на населението во кризните подрачja.

повеќе...

Моментална состојба на дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија

Големото невреме проследено со врнежи од снег, дожд и ветер кое за викендот ја зафати замјава, предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија во одредени региони. Во регионот на Прилеп, Гостивар, Тетово, Велес,Кочани, Струга, Кичево, Дебар, Штип, Струмица и Охрид силниот ветер, влажниот снег и обилните дождови предизвикаа кинење на проводниците и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Екипите на ЕВН Македонија отстранија поголем дел од дефектите и денеска работат на санирање на дефектите во населените места кои се наоѓаат на повисоките планински предели и во поплавените подрачја. Се работи…

повеќе...