Улицата „Питу Гули“ еднонасочна!?!

Улицата „Питу Гули“ е еднонасочна!?! Не е, но овој знак веќе денови наназад ги збунуваше возачите. Станува збор за сообраќајниот знак „Забрана за сообраќај во една насока“, кој кога го гледате од кружниот тек помеѓу улиците „Сирма Војвода“ и „Јане Сандански“ делува како да е забранет приодот кон  улицата „Питу Гули“. Утрово, по укажувањето од нашиот фоторепортер, а благодарение на вработените во ЈП „Охридски Комуналец“ кои се најдоа на лице место, овој знак беше вратен во неговата првобитна положба. WebOhrid

повеќе...

Замаглено огледало на улицата „Св.Кирил и Методиј“

Пред да се искачите или пак на слегување од „Горна Порта“ тука е незгоднот свијок на улицата „Св.Кирил и Методиј“ каде што е потребно исклучително внимавање при разминувањето на возилата. Токму за таа цел е поставено и сообраќајното огледало, но по се изгледа дека тоа не е од корист во овие ладни утра. Имено, поради временските услови, ниската температура и влажноста на воздухот, ова огледало секое утро е замаглено. WebOhrid

повеќе...

Дали ќе издржат семафорите на булеварот „Св.Наум Охридски“!?

Новите семафори на булеварот „Св.Наум Охридски“ ја издржаа летната туристичка сезона, но дали ќе издржат до нивното официјално пуштање во употреба!? На делницата кај Инекс Горица веќе е свиткана една сообраќајна информативна табла. WebOhrid

повеќе...

Поставени знаци на пристаништата, мостовите и плажите на Охридското Езеро

Во тек е поставување на знаци на сите пристаништа, мостови и плажи на Охридското Езеро. Знаците се однесуваат на учесниците во водениот сообраќај, но и за капачите на плажите, бидејќи вакви знаци освен на пристаништата и мостовите, поставени се и покрај плажите. Знаците се со најразлична содржина: Забрането пливање и нуркање, точка на застанување на брод со насока каде да се укотви бродот, сидро за усидрување на пловни објекти, забранета зона за пента и сл. Моментално вакви знаци се поставуваат само на Охридско Езеро, а знаците ќе останат трајно, односно и…

повеќе...

MOTORWEY – македонски автопат

Туристи добредојдовте! Ние знаеме многу странски јазици. Да да, знаеме и англиски! Знаеме и да читаме и да пишуваме, но тоа не го гарантираме и за оние кои ги прават сообраќајните знаци. MOTORWEY – тоа е еден нов збор кој ќе биде во центарот на вниманието на сите оние странски туристи кои возејќи ќе поминат покрај автопатот Кичево-Охрид кој е во фаза на изградба. Грешката не е фатална, поентата се сфаќа, но… важен е впечатокот на прв поглед, зарем не!?! WebOhrid

повеќе...

Сообраќајните знаци и патокази мета на вандали

Сообраќајните знаци и патоказите во централното градско подрачје во текот на вчерашниот ден беа оштетени од страна на несовесни граѓани. Надлежните општински служби при утринската рутинска проверка на состојбата со сообраќајните знаци и новогодишните реквизити затекнаа целосно уништен патоказ во непосредна близина на кружниот тек кај плоштадот “Свети Климент Охридски“. Надлежните од општина Охрид упатуваат апел и молба до сите граѓани,жители и посетители на градов да не ги уништуваат јавните добра и да не го нагрдуваат градското лице во пресрет на новогодишните и божиќни празници.

повеќе...

Се поставуваат нови светлечки сообраќајни знаци

Во рамки на годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид ,оперативни екипи на ЈП Нискоградба, денес продолжија со поставување на светлечки сообраќајни знаци. Во текот на денешниот ден поставени се светлечки сообраќајни знаци за забавување на брзина на моторните возила долж булеварот “Туристичка“,и тоа на пресекот со улицата „Даме Груев“ во близина на ОУ “Григор Прличев“,и на пресекот со улица “Јане Сандански“ во близина на автобуската постојка. Од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици велат дека оваа практика на поставување на ваквите светчлечки…

повеќе...

Се поставуваат нови светлосни знаци на Булевар „Туристичка“

Општина Охрид, од вчера започна со промена на сообраќајните знаци на булевар „Туристичка“, што се наоѓаат кај пешачките премини. На местото на старите знаци, кои обележуваа пешачки премин се поставуваат нови светлосни знаци. Ваквите знаци ќе се постават по целата „Туристичка“ на сите места каде има пешачки премини. Целта на поставувањето на светлосните знаци е зголемување на видливоста на истите, а со тоа и зголемување на безбедноста на пешаците. Претходно светлосни сообраќајни знаци, беа поставени на пресекот на улиците „Партизанска“ и „Јане Сандански“ кај Комерцијална Банка и на пресекот на…

повеќе...

Одрон на патот – внимавајте на знакот!

Сообраќајните знаци се поставени за да ги предупредат возачите за нивна безбедност во сообраќајот. Но, често се случува некои возачи „да ги видат“ овие знаци одблизу. Таков е случајот на патот над Хидробиолошкиот Завод, на влезот од Охрид од кај Рача. Знакот „одрон на камења од десна страна“ е пред паѓање, а неговото столпче е искривено. WebOhrid

повеќе...

Сообраќајните знаци мета на несовесни граѓани

Мета на несовесни граѓани во изминатите неколку денови беа и сообраќајните знаци во централното градско подрачје. Ваквите вандалски чинови се забележани и врз другите јавни добра на територија на општина Охрид. Локалната самоуправа, апелира до граѓаните за поголема грижа и заштита на јавните добра и ги замолува доколку забележат било каков случај на уништување, веднаш да го пријават до надлежните инспекциски служби и полицијата.

повеќе...