Учество на припадниците на АРМ на „6-те Воени светски игри “ во Јужна Кореа

Екипа на АРМ од 2-ри до 12-ти октомври, учествува на „Шестите воени светски игри“ во Јужна Кореа, кои се во организација на Меѓународниот совет на воени спортови (МСВС). На најпрестижниот и најголем спортски настан каде учествуваат сите армии во светот, членки на МСВС, припадниците на АРМ ќе се натпреваруваат во следните спортски дисциплини: борење-слободен стил, трчање на 800, 1500, 5000 и 10 000 метри, како и маратон на 42 километри. Шестите воените светски игри се одржуваат во градот Мунгијонг, Јужна Кореа под мотото „Пријателството низ спортот“, каде припадниците на АРМ ќе…

повеќе...

Водени лудории по втор пат во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ во соработка со Општина Охрид како покровител на настанот на 19-ти, 20-ти и 21-ви август на градскиот базен „Атина Бојаџи“ како дел од проектот на Општина Охрид, Спортско лето, ќе ги организираат вторите по ред Водени Лудории. Спортскиот настан Водени Лудории како традицијата на многу минати генерации, а со цел да постане традиција на сегашните и идни генерации, претставува одлична можност за сите спортски рекреативци без ограничување на возраста да бидат дел од спортската забава и дружење која ја подготвуваат организаторите на настанот. ЈП „Билјанини Извори“ и…

повеќе...

Републичка ревија на песни, музика и игри на пензионерите на РМ

Заменик-министерот за култура на Република Македонија, Драган Недељковиќ, во Македонската опера и балет се обрати на свеченото отворање на Републичката ревија на песни, музика и игри на пензионерите, манифестација која во континуеитет ги афирмира македонската традиција, македонскиот фолклор и изворното творештво. На манифестацијата, на која присуствуваа и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, заменик-министерот Недељковиќ истакна дека Републичката ревија на песни, музика и игри е плод на силната желба, посветеноста и длабоката почит на пензионерите во негувањето на трајните културни вредности…

повеќе...

Кичевчанец приредувал игри на среќа без дозвола од надлежен орган

Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Г.А. (34) од кичевското село Грешница, Н.А. (41) од селото Зајас како и против правниот субјект „Студио д Бест“ сопственост на Н.А. На 27 минатиот месец, полициските службеници и инспекторите од УЈП-регионална дирекција Тетово, извршија контрола во уплатни места на спортска обложувалница „Џокер“ лоцирани во нерегистрирани објекти-чајџилница во селото Грешница сопственост на Г.А. и во „Студио д Бест“ соственост на Н.А.…

повеќе...

Јубилеен концерт на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, по повод 65 години од своето постоење, синоќа во Македонската опера и балет одржа јубилеен концерт … На концертот, покрај многубројната публика, присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Низ својата културна мисија низ децениите, Танец кој го носи епитетот најстар и единствен државен ансамбл од ваков вид, прерасна во достоен репрезент на најубавото, непроценливото македонско фолклорно богатство и творештво кое го потврдува идентитетот на македонскиот народ. Изведувајќи ги “Тешкото”, „Невестинското”, „Комитското” и другите македонски фолклорни игри на бројните настапи во…

повеќе...

Започна кампањата „Интерактивни спортски и забавни игри“

Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми и британскиот амбасадор Чарлс Гарет, во Битола ја промовираа кампањата „Интерактивни спортски и забавни игри“ како дел од проектот „Сите сме еднакви“. Целта на оваа кампања која стартуваше од основното училиште „Стив Наумов“, а е наменета за учениците од 6 до 11 години, е промоција на концептот тимска работа и фер игра, истакна Адеми. „Преку заедничко дружење децата да учат за културните вредности на сите луѓе кои живеат во нашата држава, со што на наједноставен начин ќе ги совладуваат, а со тоа…

повеќе...

Македонска експедиција за првпат на „Јадрански игри” во Биоград-Хрватска

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески ги испрати македонските претставници кои ќе земат прво учество на “Јадранските игри”. Тој им посака успешен дебитански настап со искрени желби македонскиот тим да се врати со едно од првите места. „Јадранските игри” претставува проект кој се одвива во текот на летото со цел збогатување на спортско-туристичката понуда. Програмата се состои од тим, што ја претставува државата во традиционалните дисциплини на Јадранското Море. Оддржувањето на проектот во првата и втората година, наиде на големо одушевување кај публиката, со што третата и…

повеќе...