Промоција на книгата „Лидија од Филипи првопокрстената Македонка“ од Ангелина Маркус

Во понеделник (7-ми септември), ќе биде промовирана книгата „Лидија од Филипи првопокрстената Македонка“ од авторката Ангелина Маркус.  Промоцијата ќе се одржи во изложбениот салон во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, со почеток во 13.00 часот .

повеќе...

Збогатен книжниот фонд на охридската библиотека

„Козметика на непријателот“ од Амели Нотомб, „Сеќавање на љубовта“ од Алисон Ричман, „Девојката од хартија“ од Гијом Мисо, „Ако не постои утре“ од истиот автор се само дел од насловите кои од денеска читателите може да ги изнајмат од охридската библиотека. Книгите се купени со финансиска поддршка на Министерството за култура на РМ, а комплетен преглед на сите нови наслови, читателската публика може да најде на веб страната на Библиотеката НУ Библиотека Охрид.

повеќе...

Литературна средба со авторите на книгата „Зен верс“

Во изложбен салон при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи литературна средба со авторите на книгата „Зен верс“ (Маја Мојсова-хаибун, Соња Гаврилоска-Љулкова – катаута, Пере Ристески – хаига, Јован Ристески – илустрации и Милован Србиноски –хаику). Книгата е колекцијата на избрани хаига, хаику, катаута и хаибун творби, што ја прави оваа книга „Зен верс“ прво издание од ваков вид во македонската литература. Книгата излезе од печат во 2014 година. Предговорот на книгата го напиша професор доктор Лилјана Пандева. Литературната средба со авторите на книгата „Зен…

повеќе...

Ќе се промовира книгата „Бруклин“ од Дамјана Видическа

Утре, среда (3-ти јуни) во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовирана книгата „Бруклин“ на авторката Дамјана Видическа. Оваа книга е третото дело на Видическа. Пред тоа ги има издадено книгите „Мојата фамилија“ објавена во 2009 година и „Седумте желби“ објавена во 2011-та година. Почетокот на промоцијата на најновиот роман е во 13 часот и 30 минути, во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

повеќе...

Ќе се промовира книгата „Битка за спас на охридската ендемична пастрмка од нејзино истребување“ од Лазо Наумоски

На светскиот ден на екологијата 5-ти јуни во 18:00, во просториите на Центарот на Култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се промовира книгата „Битка за спас на охридската ендемична пастрмка од нејзино истребување“ од охридскиот екологист Лазо Наумоски. Содржински книгата обработува 5 поглавја, од стручен, научен и еколошки аспект за охридската ендемична пастрмка, Salmo letnica Karaman. • Генералии за авторот на книгата и иницијатор за мониторинг на риболовот на Охридското езеро во периодот 2004-2014 год. • Состојбата на рибниот фонд на Охридското езеро, пред да се воведат високите пловечи мрежи како риболовен…

повеќе...

Во понеделник донација во Охридската библиотека

Градежната компанија „Адора инженеринг“ и фондацијата професор д-р Ванчо Чифлиганец, во чест на одбележувањето на денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, во понеделник, 25 -ти мај , во 11:00 часот ќе подарат симболична донација на Охридската библиотека „Григор Прличев“. „Станува збор за книгата „Можеш и ти“, од авторот Венко Андоновски. Се работи за биографска книга за проф. д-р Ванчо Чифлиганец, познат стопанственик и успешен бизнисмен, своевиден прирачник за деловниот успех за сите оние кои се на почетокот на својот професионален пат.“– велат од Охридската библиотека. Со донации од…

повеќе...

Наградата „Гравитација 2015“ за поезијата на Пере Ристески

На конкурсот од Здружението за наука и култура НОВА, Битола, за необјавен роман, книга раскази и книга поезија, во категоријата необјавена книга поезија „Еден вечен неделен ден“ од Пере Ристески ја освои наградата „Гравитација 2015“. За стихозбирката рецензентот на книгата д-р Васил Дрвошанов вели: „Поетот Пере Ристески вешто го користи јазикот за изнесување на своите емоции, и тој не е само нем набљудувач на појавите во и околу себе си, туку, како што видовме досега, тој изделува одделни негативности и мајсторски, со неколку потези ги слика човековите војни, падови и искачувања на микроплан, овде и сега.…

повеќе...

Промоција на „На попатнина кон дома” и „Сништа сеништа” од Катерина и Борче Грозданови

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи заедничко поетско претставување на Катерина и Борче Грозданови преку нивните најнови збирки поезија „На попатнина кон дома” и „Сништа сеништа”. Промоцијата ќе се одржи утре 7-ми мај, во изложбениот салон со почеток во 18:30 часот.

повеќе...

Oтворен 27-от Саем на книгата

„Република Македонија е една од ретките земји во светот која со исклучително внимание ја поддржува издавачката и литературната дејност. Од 2008 година досега се издадени над 4.200 книги и изданија на македонски јазик и на јазикот на заедниците, а се откупени над 47.000 публикации со кои континуирано се збогатува библиотечниот фонд на институциите низ државава“ – истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во вечерашниот говор пред отворањето на 27. Саем на книгата. Во Македонија, нагласи Канческа-Милевска, првпат се реализираат и голем број капитални проекти кои го унапредуваат книжевниот, творечкиот, преведувачкиот…

повеќе...

Одбележан Светскиот ден на книгата и авторското право

Историјата на пишаниот збор е своевиден аналогон на историјата на цивилизацијата, која ја сублимира и синтетизира колективната и индивидуална меморија на човештвото. Ова го истакна директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“ Иван Заров на одбележувањето на „23 Април“, Светскиот ден книгата и авторското право за кој оваа година библиотеката подготви заедничка програма во соработка со десет странски културни центри во Македонија. „Всушност, силата на зборот восприемена во онтолошка смисла, од мугрите на цивилизацијата наваму е фундаментот врз кој почива човековата перцепција за себе и светот што го опкружува“ – нагласи…

повеќе...