Рестрикции во водоснабдувањето во општина Дебрца

Од Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ поради зголемената потрошувачка на вода апелираат до корисниците да не се злоупотребува водата освен за неопходните потреби. „Принудени сме да воведиме рестрикции за следниве денови во следните населени места: денес вода ќе има во населените места Оровник и Подмоље, утре  вода ќе има во Горенци, во недела вода ќе има во населените места Оровник и Подмоље и во понеделник вода ќе има во Горенци. Овој редослед ќе биде се додека има недостиг на вода и не се стабилизира состојбата.“ – информираат од ЈПК „Дебрца“.

повеќе...

Разрешен директорот на Јавното претпријатие „Дебрца“

Со решение од страна на Градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски разрешен е директорот на јавното претпријатие за комунална дејност во општина Дебрца, Јасмина Мицкоска, поради неисполнувањето на очекуваните резултати во претпријатието изминатиов период и реакциите од жителите на општина Дебрца. За в.д. Директор назначен е Стојмир Велјаноски, вработен во јавното претпријатие, согласно законските одредби од законот за Јавни претпријатија. Во наредните денови од страна на Градоначалникот ќе биде распишан Оглас за пројавување на интерес за функцијата – директор на јавното претпријатие на кој ќе се бара компетентна личност која…

повеќе...

ЈПК Дебрца: Отпадот во општината се подига согласно распоредот за подигање на комунален отпад во зимски услови

Во врска со денешното соопштение на Советничката група на СДСМ Дебрца, реакција испрати ЈП за комунална дејност, Општина Дебрца, во кое стои: „Сакаме да ја информираме јавноста, а и советничката група на СДСМ Дебрца дека отпадот во општината се подига согласно распоредот за подигање на комунален отпад во зимски услови на населени места во оние денови во кои е предвидена таа активост. Поради вондредните зимски услови во одредени населени места во повисоките делови со потешкотии се подига отпадот во овој период каде што отпадот не беше подигнат неколку денови, а…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Поради не вршење на комуналната услуга собирање на комуналниот отпад корисниците на услугата од Општина Дебрца да се ослободат од плаќање надоместок

Советничката група на СДСМ Дебрца денес испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „Јавното претпријатие „Дебрца“ – Белчишта, како давател на комуналната услуга собирање и транспортирање на комуналниот отпад повеќе од 20 дена не ја врши услугата, односно не го собира комуналниот отпад од граѓаните и правните субјекти од општина Дебрца. Причината за тоа е неможноста на специјалното возило за собирање на отпадот да влезе во населените места поради од снегот неисчистените општински патишта и улици, а кое нешто согласно Оперативната програма за зимско одржување на општинските патишта и…

повеќе...

Темелковски: Неопходни се јаки, опремени и капацитетно оформени јавни комунални претпријатија

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски се обрати на отварањето на Годишното собрание на Асоцијацијата на даватели на комунални услуги (АДКОМ) кое  се одржа во Охрид. Поздравувајќи го претседателот на АДКОМ, Игор Спасовски и изразувајќи задоволство од 11 годишната плодна и успешна соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата, заменик министерот Темелковски изјави: „Како во повеќето европски држави, така и кај нас, комуналните услуги, урбанистичкото планирање, следењето на состојбите на локално ниво и донесувањето на одредени прописи веќе е во надлежност на…

повеќе...

Продолжен рокот на огласот за субвенционирање на комунални услуги

Поради зголемениот интерес на граѓаните на општина Охрид, рокот, на огласот за субвенционирање на комуналните трошоци кој го објави градоначалникот Бакрачески, е продолжен. Заинтересираните граѓани барањата можат да ги поднесат заклучно со 05.12.2014 година. Вкупниот износ на субвенцијата изнесува 600,оо денари месечно за секој корисник и ќе биде составена од четири компоненти: покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари, покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари и покривање на трошоците…

повеќе...

Јавните претпријатија континуирано работат на комуналните проекти

Јавните претпријатија со заеднички сили, периодов реализираат неколку комунални проекти. ЈП Водовод- Охрид во текот на изминативе денови ги санираше отворените водоводни шахти по должината на булеварот “Туристичка“, и во најава е продолжување на ваквата акција низ целата територија на општина Охрид. ЈП „Нискоградба“ ,веќе се припрема за санација на бетонските шахти коишто од различни причини се уништени или оштетени,додека ЈП Градски гробишта веќе заврши со санација на скалите на влезот кај Холандскиот парк долж Кеј “Македонија“. Акциите за уредување кои Јавните претпријатија ги реализираат по налог на Секторот за…

повеќе...

Ќе се субвенционираат дел од комуналните трошоци

Градоначалникот Никола Бакрачески, денес на прес конференција го обелодени и вториот проект за социјално ранливите категории луѓе . Со проектот се предвидува општина Охрид со свои средства во висина од 600 денари да субвенционира дел од комунални трошоци на социјално ранливите граѓани на Охрид што тие ги имаат кон јавните претпријатија “ Охридски Комуналец“, МЈП “Проаква“, “Нискоградба“ и “Градски гробишта“. Субвенционирањето ќе биде на месечна основа а лицата кои се заинтересирани за помошта мора да се пријават на претходно распишан оглас од страна на локалната самоуправа. Вкупниот износ на субвенција…

повеќе...