Тилевски: Посветено работиме на градење и поттикнување на културата како темелна вредност на Охрид

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, д-р Митко Тилевски денес одржа прес-конференција пред црквата Св. Софија, на  која се осврна за проектите од Културата за развој на културниот туризам во Охрид. „Охрид – лулка на културните цивилазации, ризница од традиционални, историски и религиски вредности. Уникатните вредности во градот ни даваат насока и обврска за културен учинок во секоја активност која ја цениме како промотор на Охрид, почитување на неговите вредности и зачувување на градските ликови и нивните дела. Посветено работиме на градење и поттикнување на културата…

повеќе...

Мизо: Идната недела на владина седница ќе се формира индустриската зона Косел

„Точно три години сега почетокот на декември изминуваат од моментот откако се воспоставија првите контакти со ОДВ Електрик, на еден глобален конгрес од автомобилската индустрија кој се одржа во Берлин. Компанијата во релативно краток временски период од 4 и пол месеци ги направи анализите, Македонија беше споредена со други локации како што се Србија, Бугарија, Романија, Молдавија и Белорусија и одлучија да дојдат токму овде во Охрид. Во моментов веќе 220 луѓе работат во оваа компанија, во постоечки „браунфилд“ објект и таму се произведуваат компоненти за автомобилска индустрија кои одат…

повеќе...

Поголеми буџети за нови методи и повеќе здравствени услуги

Фондот за здравствено осигурување на Македонија 2016 година ќе ја започне со историски најголемиот буџет на институцијата во висина од 25 милијарди и 575 милиони денари. Овој буџет е за 1,4 милијарди денари повисок од минатата година, т.е. повисок е за 5,85%. Буџетот од околу 25,6 милијарди денари е двојно повисок во споредба со 2000та година е формиран фондот и кога изнесувал 12,5 милијарди денари, истакнаа на денешната прес-конференција директорите на ФЗОМ. „За правилна и транспарентна распределба на буџетот изминатите два месеци имавме преговори со чинителите на здравствениот систем и…

повеќе...

Регионална коференција „Миграција на балканската рута-донаторска координација и хуманитарни предизвици”

„Република Македонија е дел од Западно Балканската рута и е силно погодена од бегалската и мигрантска криза. Во услови на масовен прилив на мигранти од вакви размери, си поставивме две примарни цели. Првата- заштита на животот и здравјето на мигрантите, сузбивањето на криумчарењето на мигранти и трговијата со луѓе, а втората -заштита на националната и јавната безбедност и заштита на јавното здравје“. Ова меѓудругото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето денешно поздравно обраќање во рамки на Регионалната конференција – “Миграцијата на балканската рута – донаторска координација…

повеќе...

Олеснување на казнената политика – нови поволности во работењето на матичните лекари и стоматолозите

Целта на релаксирање на казнената политика и воведување на опомената како прва мерка е од особена важност за зајакнување на партнерските односи со матичните лекари. Опомената ќе замени голем дел на казни кои се изрекуваа од Фондот за технички грешки на матичните лекари, со што сакаме да ја зајакнеме партнерската улога со лекарите. Измените се следни: Осум договорни казни од ¼ капитација ги префрливме во опомени. Опомената ќе важи само доколку првпат се направи повреда на договорот, а доколку повторно се случи, тогаш се изрекува договорна казна и тоа во…

повеќе...

Национална конференција во Струга за учество на младите во процесите на донесување на одлуки во образованиот процес

Коалицијата на младински организации СЕГА, во рамките на проектот „Застапување на младинска акција за учество во училиштата“,од 19 – 22 ноември во Струга, организира Национална конференција за учество на младите во процесите на донесување на одлуки во образовниот процес во насока на обезбедување на структурен дијалог помеѓу младите и донесувачите на одлуки. Конференцијата ќе ја отворат Марјан Спасески, Директор на Агенција за млади и спорт на Р. Македонија, и Зоран Илиески, Извршен Директор на Коалиција на младински организации СЕГА. Целта на проектот е да се иницира структурирано учество на младите…

повеќе...

Охрид домаќин на заедничкиот консултативен комитет помеѓу ЕУ и Република Македонија

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, во улога на домаќин ги поздрави учесниците на „Заедничкиот консултативен комитет помеѓу ЕУ и Република Македонија“ што денес се одржува во Охрид а во организација на Регионалниот комитет на Европската Унија и Заедницата на Единиците на Локална Самоуправа (ЗЕЛС). „Ми причинува особено задоволство што 12 средба на Заедничкиот консултативен комитет помеѓу Европскиот комитет на региони и Република Македонија се одржува во Охрид. Убеден сум дека ние ќе бидеме добри домаќини, а благопријатноста на Охрид позитивно ќе влијае врз успешната работа на исклучително важните теми што…

повеќе...

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја негува релацијата со стопанството

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија заедно со претставници од Проектот ИМЕ финансиран од „Swisscontact” Швајцарија одржаа средба со претставници од Општина Охрид, туристичкиот кластер, локалната туристичка комора, туристички агенции, туроператори и од представници од хотелиерската асоцијација – ХОТАМ. На состанокот се презентираше 4 – годишната програма од ИМЕ Проектот (Increasing Market Employability) за развивање на Охрид како препознатлива туристичка дестинација која ке ја реализира фондацијата „ Swisscontact „ заедно со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија. „Меѓу активностите кои ги реализираме…

повеќе...

Тунтев: Нарачани апсења, атрактивни парцели, криминал во Охрид

Претседателот на ОО СДСМ Охрид и пратеник, Томислав Тунтев, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Проектот Вистината за Македонија продолжува. Граѓаните на Охрид се приклучуваат во борбата за враќањето на слободата, демократијата и правдата. Од градот-бисер на Балканот, јавноста ќе слушне за манипулациите со вистината и злоупотребата на медиумите од страна на власта на Никола Груевски. За парцели во Охрид, коишто се од интерес на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ. За фабрикувани скандали и местенки пред локалните избори. Јавноста ќе го слушне она што охриѓани добро го знаат. Дека за време на…

повеќе...