Кривична пријава за скопјанец кој украл мобилен телефон

Поради постоење основи на сомнение за сторенo казненo дело „кражба”, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Б.К. (33) од Скопје. Со намера противправно да присвои туѓи предмети, пријавениот, казненото дело го сторил во згодна прилика со бесправно одземање на мобилен телефон марка „Ајфон 6“ од ресторантот „Мекиците на Стража“ на превојот „Стража“. Б.К. искористил момент на невнимание на оштетениот и во погоден момент го одзел мобилниот телефон оставен на една од масите каде бил со неговото семејство.

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанецот кој крадел во куќа на ул. „Дејан Војвода“ во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И. (22) од Охрид. Со намера противправно да присвои туѓи предмети, пријавениот, казненото дело го сторил во периодот јануари-март оваа година од куќа на улицата „Дејан Војвода“ сопственост на С.М. од Охрид. Тој, во доцните ноќни саати, со подесен алат насилно ја отстранил заштитната метална решетка од прозорецот во приземјето на куќата но, не успеал да влезе. Потоа, со подесниот алат и насилно, успеал да ја отвори заштитната метална решетка од влезната врата…

повеќе...

Ограбена црква во струшко с.Мали Влај

Во периодот од 20:00 часот на 29.03.2017 до 09:00 часот на 30.03.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Никола“ во с.Мали Влај, струшко. Сторителот, без видливи оштетувања, влегол внатре и одзел четири икони. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Охриѓанец крадел велосипеди, апарати за домаќинство и дел од покуќнина

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И. (22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”. Во периодот од 26 јануари до 09 март 2017 година, на ул. „Дејан Војвода” во куќа сопственост на С.М., пријавениот насилно влегол и одзел неколку велосипеди, повеќе апарати за домаќинство и дел од покуќнината со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 250.000 денари.

повеќе...

Кривична пријава за кичевчанец поради извршени кражби во куќи и деловни простории

Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против З.К. (41) од Кичево. Пријавениот, казнените дела ги сторил кон крајот на минатата и почетокот на оваа година во куќи и деловни простории во Кичево. Тој, употребувајќи подесен алат и прибор како и физичка сила, насилно влегувал низ прозорците и вратите во куќи низ Кичево, вршел пребарување низ собите и одземал часовници, туш батерии, чешми, греалки, куфер, електрична пегла, делови од народни носии и други предмети. Во декември минатата година,…

повеќе...

Кривична за жител од Дебар поради пустошење шуми и кражба на дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „пустошење шуми“ и “кражба на дрва“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Н.К. (36) од Дебар. Пријавениот, во периодот од 20 до 22 јануари оваа година во атарот на селото Бомово поточно кај „Бомовските гробишта“, без одобрение за сеча, нелегално извршил сеча и одзел шест дабови дрва сопственост на Република Македонија во количина од 3,37 метри просторни со што направил штета во вредност од 23.590 денари. Во периодот од 23 јануари до 27 јануари оваа година, пријавениот исто така…

повеќе...

Кривична пријава за 23 годишен охриѓанец кој се обидел да ограби маркет

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Т. (23) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид”. На 14.02.2017 година пријавениот околу 11:35 часот влегол во маркет на ул. „Галичица“ и со закана со нож од вработената го побарал дневниот промет. Во тој момент вработената почнала да ја довикува нејзината колешка која била во магацинот, по што пријавениот го напуштил маркетот и побегнал.

повеќе...

Кривична пријава за лица од Горно Лакочереј поради кривично дело „разбојништво“

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(25) од Охрид и Г.Д.(18) од охридското село Горно Лакочереј. Пријавените, казненото дело го сториле на 24-ти овој месец околу 15 часот и 30 минути, во нива лоцирана во атарот на селото Горно Лакочереј. Тие, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, физички го нападнале Т.Д. (83), дедо на второпријавената Г.Д. кој во моментот се наоѓал во хаварисано возило оставено на нивата. Откако констатирале дека Т.Д. одмара на предните седишта кои биле…

повеќе...

Кражба во конаците на манастирот „Св.Врачи“ во с.Опеница

На 15.02.2017 година во 10.15 часот во ПС Охрид, телефонски се јавил Д.Ѓ. (48) од с.Лескоец, охридско, свештеник во манастирот „Св.Врачи“ во с.Опеница, охридско, и пријавил дека во периодот од 17.30 на 14.02.2017 година до 10.00 часот на 15.02.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во конаците на манастирот. Сторителот насилно ги отворил влезните врати од три соби од конаците на манастирот и извршил пребарување. Од една од собите одзел црна кожна чанта во која имало пиштол марка „Црвена Застава“, околу 50 куршуми за истиот и дозвола за оружје. Се…

повеќе...

Ограбена аптека во Охрид

Вчера околу 12,00 часот во Охрид на ул.„Никола Карев“, во аптека „Унафарм“, непознат сторител држејќи нож во рака, извршил разбојништво над вработената при што одзел 3.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

повеќе...