Во тек е крводарителската акција во Центарот за култура „Григор Прличев“

Се бара кревет повеќе за да се дарува крв на денешната крводарителска акција што во организација на Црвен крст Охрид во соработка со Тамаро маркети се реализира во Центарот за култура „Григор Прличев“. Вработените во маркетите Тамаро, предводени од своите директори беа првите хуманисти, крводарители кои ја отворија денешната крводарителска акција. Од Црвен крст Охрид, се надеваат дека сите хумани охриѓани ќе го следат овој пример и ќе се приклучат на крводарителската акција, а воедно и ги покануваат на забава и дружба зачинета со дегустација на производи од маркетите Тамаро…

повеќе...

Традиционална крводарителска акција за празникот Св.Климент

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент, и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа на 8 август (вторник) во периодот од 19-24 ч. и на 9 август (среда) во периодот од 9-13 часот. Се покануваат сите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.

повеќе...

Трибина „Доброволно крводарителство-потреба и предизвик“ во Охрид

Во рамки на своите континуирани активности за развој и унапредување на крводарителството во општина Охрид и општина Дебрца, Црвен крст Охрид преку најразлични форми на организирање и дејствување, особено внимание посветува на мотивацијата на населението за доброволно дарување крв, што има за цел задоволување на потребните количества од драгоцената течност за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид. Во таа насока, а во пресрет на одбележувањето на 17-ти март, Денот на крводарителството во Република Македонија, Црвен крст Охрид организира јавна трибина на тема „Доброволно крводарителство-потреба и предизвик“. Трибината,…

повеќе...

Крводарителска акција во ФТУ Охрид

Црвен крст Охрид го заокружува ангажманот во крводарителството за оваа година, со организирање на редовна крводарителска акција на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид која ќе се реализира, утре (вторник) од 10-14 ч. во ФТУ. Се покануваат студентите на двата факултети во Охрид, но и сите хумани охриѓани кои сакаат да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот, да учествуваат на крводарителската акција.

повеќе...

Во недела крводарителска акција во организација на охридскиот Црвен крст

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот „Св.Климент“, оваа година ќе се реализира на 9-ти август (недела) во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид во периодот од 9-13 ч. Од Црвениот крст ги покануваат хуманите охриѓани и гости да бидат дел од оваа крводарителска акција и дарувајќи крв ја покажат својата хуманост.

повеќе...

Утре крводарителска акција во просториите на охридската гимназија

Во рамките на своите активности за обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти во летниот период, за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира утре од 10-14 ч. во просториите на ОСУ „Св.Климент Охридски“ -Гимназија, во Охрид. Се поканувааат сите сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв.

повеќе...

Црвен крст: Се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во Охрид

Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува. „Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град. Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв допринесе да бидат спасени многу човечки животи.“– информираат од Црвениот крст Охрид. Честитајќи им го 17 март, Денот…

повеќе...

Полициски службеници од СВР Охрид даруваа крв

Петнаесет полициски и други службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид денес доброволно даруваа крв во рамките на акцијата што претпладнево се одржа во службените простории на СВР Охрид. Оваа хумана активност е во рамките на традиционалната соработка што СВР Охрид ја има со Републичкот завод за трансфузиологија и Црвениот крст од Охрид. Според предвидената динамика, предвидени се најмалку три вакви акции за дарување на драгоцената течност и собирање на крвни единици. На овој начин и припадниците на полицијата даваат активен придонес во промоција на крводарителството како хумана човечка вредност…

повеќе...

Крводарителска акција во близина на фудбалскиот терен „Климент Колески“

Традиционалниот, меморијален турнир во мал фудбал „Климент Колески“, оваа година има и хуманитарен карактер. Во соработка со организаторите на турнирот, Црвен крст Охрид денес (петок) од 17:00 – 23:00 ч. организира крводарителска акција во непосредна близина на фудбалскиот терен „Климент Колески“ (ОУ „Григор Прличев“) на која покрај учесниците на турнирот-фудбалерите, крв ќе може да даруваат сите хумани охриѓани и гости. На крајот на фудбалскиот турнир, екипата која имала најповеќе крводарители, ќе биде прогласена за најхумана екипа и Црвен крст Охрид ќе и додели вредна награда. Ги охрабруваме и ги покануваме…

повеќе...

Традиционалната крводарителска акција „Плаошник“, годинава ќе се одржи во ОУ „Св. Климент Охридски“

Со оглед на новодонесените ставови и препораки од страна на Институтот за трансфузиона медицина Скопје и Црвениот крст на Република Македонија, а кои се однесуваат на организирањето на крводартелски акции на отворено (во шатори, тенди и сл.), од Црвениот крст ги информираат крводарителите дека, традиционалната крводарителска акција „Плаошник“ која Црвен крст Охрид ја организираше секој 8-ми август, на празникот Св.Климент, почнувајќи од 2005 година, оваа 2014 година нема да се одржи на Плаошник, туку во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид, на 08.08.2014 г. (петок) во периодот од 18-24 ч.

повеќе...