Основци од „Кочо Рацин“ учествуваа на ликовен конкурс „Народни носии“ во Бугарија

Учениците од трето 2 одделение, од ОУ „Кочо Рацин“, Охрид, Анабела Шокароска и Мартин Ристевски учествуваа на ликовен конкурс од Стара Загора Бугарија на тема „Народни носии“. Основците кои беа под менторство на наставничката Виолета Петковска добија благодарници и беа наградени со книги од детската писателка од Бугарија, Нуса Рајнова.

повеќе...

Зголемен бројот на ликовни изложби, колонии и нивни учесници и посетители

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, бројот на организираните ликовни изложби изнесува 595 и во споредба со 2014 година е зголемен за 5.3%. Во истиот период, за 3.7% е зголемен бројот на ликовните уметници-учесници на изложбите, а за 2.3% е зголемен бројот на посетителите на ликовните изложби. Во 2015 година се организирани 26 ликовни колонии, а бројот на учесниците, во споредба со 2014 година, е зголемен за 12%.

повеќе...

Основци од „Христо Узунов“ учествуваа на Државната изложба на детски ликовни творби

Ученици од ОУ „Христо Узунов“ учествуваа на 41-та Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“. Ученичката Барбара Ѓореска од VIII – 3 одделение ја освои првата награда, под менторство на наставникот Ристе Никлески, а додека ученикот Филип Настоски од I -3, под менторство на наставничката Славица Настоска се здоби со диплома за успешно учество.

повеќе...

Ликовната колонија „Куманово“ со изложба во Париз

Ликовната колонија „Куманово“ традиционално се одржува од 1974 година на неколку локации како конаците на „Прохор Пчињски“, манастирот во село Матејче, а во последната декада делата се изложени во Меморијалниот центар АСНОМ … Во Aмбасадата на Република Македонија во Париз, Франција, синоќа беше отворена изложба на Ликовната колонија „Куманово“. Посетителите на оваа изложба, која се реализира со поддршка од Министерството за култура, имаа исклучителна можност да видат осумнаесет ликовни дела потпишани од врвни светски имиња, како Денис Боувен од Велика Британија и Паоло Чампини од Италија, како и од академски…

повеќе...

Изложба на Решат Амети по повод 25 години ликовно творештво

Државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби денеска во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, заедно со директорката Дита Старова-Ќерими, одржа прес-конференција по повод 25-годишниот јубилеј од ликовното творештво на познатиот сликар Решат Амети. На прес-конференцијата присуствуваа и сликарот Амети и кустосот Маја Крстевска. „Амети има повеќе од 200 самостојни изложби во Република Македонија, а своите дела ги изложувал и во дел од најголемите светски метрополи, како: Њујорк, Бостон, Хамбург, Анкара, Цирих, Брисел, Софија, Париз, Виена, Тирана, Нирнберг, Мајнхајм, Дижон, Шарлоа, Кронингем и Приштина“, истакна, меѓу другото, државниот…

повеќе...

Ученик од ОУ „Кочо Рацин“ освои трето место на Ликовен конкурс во Бугарија

Третооделенецот Филип Ставрески од ОУ „Кочо Рацин“ во Охрид освои трето место на ликовниот конкурс од галеријата „Гала АРТ“ од Стара Загора, Бугарија, кој беше отворен од 10-ти јануари до 29-ти февруари годинава. Како што информираат од училиштето, од организаторите Филип освен диполома, добил и комплет сликарски материјали. На овој конкурс учествуваа и ученичките Анабела Стефаноска и Стефанија Алачкоска од ОУ „Кочо Рацин“ кои добија благодарници за одлично претставување. Основците на конкурсот учествувале под менторство на наставничката Виолета Петковска.

повеќе...

Богата меѓународна промоција на ликовното творештво

Во областа на ликовната уметност, во септември e предвидено да се реализираат неколку значајни проекти … Имено, со поддршка од Министерството за култура, македонскиот уметник Сергеј Андреевски во периодот од 1-ви до 15-ти септември ќе реализира изложба со сликарски перформанс „Молитва на песот“ во рамките на Меѓународниот руско-балкански фестивал „Росбалкфест 2015“ во Москва, а во организација на Амбасадата на РМ во Прага на 10 септември ќе се реализира изложбата „Невидливо Скопје (градот низ урбанистички планови)“. Исто така, на 5-ти ноември годинава Решат Амети ќе одржи своја изложба во Берлин, Германија,…

повеќе...

Отворена 10-та меѓународна уметничка колонија на ликовни уметници во организација на здружението „Драудакум“

На 24-ти јуни, Државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехапи ја отвори 10-та Меѓународна колонија на ликовни уметници која традиционално се одржува во Гостивар, во хотелот Панорама, во организација на здружението на ликовни уметници „Драудакум“. Државниот секретар им посака многу успех и плодна соработка на сите присутни уметници од околу 15 земји, притоа заблагодарувајќи се на претседателот на здружението, Решат Ахмети за вложениот напор и ентузијазам. Министерството за култура и во иднина ќе продолжи да ги поддржува ваквите културни настани, чија цел е афирмација на сликарството не само во…

повеќе...