МВР: Законот мора да важи за сите

Министерството за внатрешни работи реагира на бескрупулозниот обид направен со прес-конференцијата на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, дополнителниот заменик министер Диме Спасов од сторител на неколку прекршоци да го претвори во жртва. МВР во врска со овој случај истакнува, дека во сите фази на постапката настојуваше да обезбеди високо ниво на професионалност и непристрасност што треба да биде стандард до кој тежи секој државен орган во Република Македонија. Оливер Спасовски како актуелен Министер за внатрешни работи е функционер кој е апсолутно свесен за последиците од своите постапки и тежината на своите…

повеќе...

Камери за полицајците за документирање на службените дејствија

Мобилен систем за снимање со камери поставени на полициските службеници за документирање на полициските постапки за промовирање на принципот на законитост и професионалност на полицијата, е новата опрема која денеска ја промовираа министерот за внатрешни работи Митко Чавков и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли. Опремата вредна 65.000 долари е донација на амбасадата на САД во Македонија и се состои од камери, поддршка на системот и обуки на полициските службеници на терен, нивните раководители и експерти за информатичка технологија. „Целта на овој проект е преку снименото документирање на постапките…

повеќе...

МВР: Избирачкиот список не е прочистен, прекршени се законите и Договорот од Пржино!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста, дека до Државнaта изборна комисија на 17. 04. 2016 година, спротивно на одредбите од законот и Пржинскиот договор е доставен допис, потпишан од дополнителниот заменик министер, Митко Чавков, со кој се доставува криптирано ЦД со лични податоци, односно избирачки список за потребите на ДИК. Со тоа грубо и дирекно се прекршува член 46 став 3 од Законот за измена на Законот за Влада (Сл. Весник бр. 196 од 10.11.2015 год), со кои се утврдува дека документите имаат правно дејство само доколку се потпишани…

повеќе...

Откриени царински измами и мигрант, запленети мотори, акцизни производи, девизи, облека

Mинатата недела, царинските службеници открија две царински измами, обид за нелегално преминување на границата од страна на 1 мигрант и повеќе обиди за криумчарење. Притоа, привремено се задржани возило со бункер, мотори за моторцикли и чамци, домашна ракија, цигари, девизи, семки од марихуана, облека, памучна ткаенина, футроли за мобилни телефони, загар и фалсификати. Царински измами Царинските службеници минатата недела открија два обиди за избегнување на плаќање на увозни давачки преку погрешно тарифирање на стока и погрешно декларирање на потекло на стока. Во првиот случај, во царинската испостава Аеродром Скопје-отсек за…

повеќе...

СЈО: Дали Јанева ќе оди на седница ќе кажеме кога ќе добиеме известување од Советот

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, ќе одлучи и ќе каже дали ќе присуствува на седницата на Светот на јавни обвинители в среда, за кога е презакажно разгледувањето на нејзиниот извештај, откако ќе добие писмена покана од Советот, кој денеска го одложи разгледувањето на документот поради неприсуството на Јанева. „Првин да добиеме писмено известување од Советот на јавни обвинители за седницата, па ќе се произнесеме во јавноста за нашиот став. Во овој момент не можеме да даваме коментари на изјави изнесени во јавноста“ – ни изјави портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче…

повеќе...

Проект „Стоп на пороците“

Во рамки на Проектот „Стоп на пороците“, денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа обука на волонтери од Црвен крст на Република Македонија, кој активно ќе бидат вклучени во реализација на проектот. На обуката беа присутни волонтери од Кавадарци, Прилеп, Охрид и Скопје. Главен обучувач на обуката беше доктор Лилјана Игнатова, која успеа подетално да ги информира учесниците околу техниките на делување во делот на волонтерството и проектот. Инаку, во изминатиот период во рамки на проектот беа опфатени 10 општини, со извршени презентации во основните училишта на…

повеќе...

Mинистерот Спасовски се сретна со Генералниот Директор за безбедност во Светскиот еврејски конгрес

Вчера во Кабинетот на Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски се одржа средба со Омри Сигелман, Генерален Директор за безбедност во Светскиот еврејски конгрес. На средбата се разговараше околу неколку точки од интерес за безбедноста на Република Македонија, еврејската заедница во Република Македонија, регионалните земји и светот. Исто така се зборуваше за заканите кои доаѓаат со интензивирањето на бегалската криза, односно заканите од радикализирани групи кои преставуваат опасност за сите земји во светот. Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спавовски ја искажа важноста за стабилизирање…

повеќе...

Грантови од по 600.000 денари за отворање приватни градинки

Со грантови од по 600.000 денари државата стимулира отворање приватни градинки. Со огласот што го објави денеска Агенцијата за вработување се предвидува распределба на средства за отворање 10 приватни градинки. Се очекува да бидат отворени 40 до 50 нови работни места и дополнителни капацитети за згрижување на 400 до 500 деца. Огласот ќе биде отворен 20 дена. Во центрите на Агенцијата за вработување можат да се пријават физички и правни лица, а приоритет ќе имаат невработените активни баратели на работа. „Оние кои ќе ја искористат финансиската поддршка од 600 илјади…

повеќе...

Иванов – Земан: Шенген зоната е доведена во опасност, потребно сеопфатно решение

Бегалската и мигрантската криза, билатералните односи и соработката, како и македонските европски и евроатлантски интеграции, беа во фокусот на денешната средба на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и претседателот на Чешката Република Милош Земан, во Прага каде што претседателот Иванов попладневно ќе учествува на вонредниот Самит на земјите од Вишеградската група. Македонскиот претседател изрази благодарност за помошта од Чешка која придонесува со присуство на сили и со опрема со цел поефикасна заштита и надзор на границата, поефикасен систем на регистрација на бегалците и намалување на безбедносните ризици во подрачјето…

повеќе...

Министерот Спасовски на средба со полицајците од ПС Мазрача

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги посетите полицајците во полициската станица Мазрача, за да ги види условите во кои работат и проблемите со кој се соочуваат, како и да им одаде признание и подршка за чувањето на државната граница. „Полицајците имаат сериозен проблем со начинот на сменското работење и тука ќе мора да побараме решение заедно со министерството за труд и социјална политика, додека за другите проблеми што се однесуваат на престојот во полициската станица министерството ќе обезбеди средства за нивно решавање“, рече Спасовски. Потоа министерот Спасовски ги…

повеќе...