По повод Европската недела на мобилност која оваа година се одржува под мотото „Паметна и одржлива мобилност- влог за Европа“,Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид, денеска ја реализира манифестацијата „Ден без автомобили“. Активностите започнаа со собирање на учесниците пред зградата на Општина Охрид, каде се обрати градоначалникот Никола Бакрачески и настапи хорот при Основното училиште „Братство- Единство“. Градоначалникот Бакрачески рече дека треба да се гордееме што Општина Охрид е дел од мрежата на европски градови кои ја одбележуваат Европската недела на мобилност и…
повеќе...Tag: манифестација
По четврти пат одржана манифестацијата „Охридска софра 2016“
Со палењето на ѓомлезарските огнови, утринава во 8 часот, на просторот до манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Скребатно, започна четвртата туристичко- промотивна манифестација „Охридска софра“. Манифестацијата, што традиционално ја организира Општина Охрид, преку Секторот за туризам и локален економски развој,со помош на бројни спонзори и донатори, помина во несекојдневно дружење и уживање во вкусовите на традиционалната охридска кујна и музиката на групата „Низалка“, во прекрасниот манастирски амбиен каде природата се распослала со сета божествена убавина. Туристичко промотивната манифестација „Охридска софра“ во присуство на учесниците и бројните гости, меѓу…
повеќе...Утре во Скребатно ќе се одржи „Охридска софра“
Организираната промоција на локалните специјалитети и традиционалните рецепти за подготовка на познатото ѓомлезе, годинава ќе бидат промовирани на манифестацијата „Охридска софра“ која во сабота ќе се одржи во селото Скребатно. Подготовките за годинешната манифестација се завршени, а се очекува „Охридската софра“ да биде посетена од голем број граѓани, гости и туристи. Манифестацијата има натпреварувачки карактер, а посебно жири ќе одлучува за највкусното ѓомлезе. Годинава, во натпреварувачкиот дел за подготовка на ѓомлезето пријавени се 12 учесници. Официјалниот почеток на манифестацијата е 09 часот кога започнува припремата на ѓомлезето и традиционалните специјалитети…
повеќе...Во сабота ќе се одржи „Охридска софра“
Промоцијата на алтернативниот туризам во охридскиот регион, продолжувањето на традицијата која е темел на нашиот рурален развој, креативноста на жителите, производители на вкусното ѓомлезе, сирење и презентацијата на традиционалната храна годинава повторно ќе бидат дел од манифестацијата „ОХРИДСКА СОФРА“, која ќе се одржи во сабота(03.09.2016) во селото Скребатно. Програма Охридска софра 03.09.2016 09:00 часот – Официјален почеток на манифестацијата 11:30 часот – Дегустација, оценување и сумирање на резултатите 12:10 часаот – Обраќање на Градоначалникот 12:20 Прогласување на победниците и доделување на наградите 12:30 часот – Музичка програма Вокално инструментален состав…
повеќе...Книгата „Светлината на Света Гора“ на Иван Џепароски добитник „Браќа Миладиновци“ на СВП 2016
Книгата „Светлината на Света Гора“ од Иван Џепароски е годинашен добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик напишана меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата. Жири-комисијата составена од Вера Чејковска – претседател и членовите Весна Мојсова-Чепишевска, Санде Стојчевски и Братислав Ташковски денеска на прес конференција го соопштија добитникот. Добитникот Иван Џепароски изрази благодарност за наградата и рече дека „Задоволството е поголемо што во жири комисијата се тројца поранешни добитници на наградата „Браќа Миладиновци“, а двајца се и добитници на наградта „Димитар Митрев“ за…
повеќе...Свечено отворено 55-то издание на Струшките вечери на поезијата 2016
Струшките вечери на поезијата се голем триумф на македонската култура и традиција. На еден благороден начин го збогатуваат европскиот и светскиот културен простор, ги афирмирааат поетските вредности на сите светски јазици и го глорифицираат универзалниот сон на човештвото кој вели дека поезијата ќе го спаси Светот, истакна синоќа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на отворањето на 55. јубилејно фестивалско издание. Фестивалот почна со традиционалното читање на Константиновата Т’га за југ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, а по официјалното отворање продолжува со Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.…
повеќе...Утре почнуваат Струшките вечери на поезијата 2016
Триесет и двајца поети од 30 земји, меѓу кои Франција, Италија, Кина, Мексико, Израел, Австралија, Хрватска, Бугарија, ќе учествуваат на 55. Струшки вечери на поезијата што од 24 до 28 август ќе се одржат во Струга, а поетски читања ќе има и во Битола, Ресен, Охрид. Фестивалската програма завршува на 29ти август со поетско Матине на Матка и Меѓународен поетски митинг на Камениот мост во Скопје. Педесет и петтото фестивалско издание донесува радикални програмски измени, кои ќе овозможат посеопфатна презентација на поетското творештво. Секое попладне ќе се пие „Поетско кафе“…
повеќе...Летен џез караван со музички перформанс во „Куба Либре“
Во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“ поддржана од Министерството за култура во организација на општина Охрид, синоќа во барот „Куба Либре“ како дел од проектот „Летен џез караван„ свој музички перформанс изведоа Симон Киселички трио и групата Sethstat . „Во насока на зголемување на културната понуда на градот преку ваквите настани сакаме на граѓаните да им понудиме вистинско уживање во богатата културна понуда, која Секторот ТЛЕР при општина Охрид неколку години наназад ја збогатува со низа содржини во делот на уметноста и културата . Годинава започна како пилот проект,…
повеќе...Летен џез караван во Охрид
Министерството за култура во соработка со општините, оваа година по 9ти пат ја организира манифестацијата „Топол културен бран“. Како резултат на заложбите на општина Охрид за поголемо учество во културните настани и афирмација на Охрид како културен туристички центар во рамки на Манифестацијата, Секторот ТЛЕР при општина Охрид аплицираше со проектот „Летен џез караван“,кој се реализира во втората етапа од „Топол културен бран“. Според програмата, денеска (22.08.2016) во Барот „Куба Либре“ со почеток во 21 часот на „Летниот џез караван“ ќе настапат Симон Киселички трио, гостин Мартина Блажеска, Sethstat. Утре(23.08.2016)…
повеќе...Успешна промоција на уникатните ракотворби на охридските занаетчии
Во организација на Секторот за туризам и ЛЕР при општина Охрид и соработка со Занаетчиската комора од Охрид, од 19 до 21 август, за прв пат, на плоштадот „Крушевска Република“ се одржа Манифестацијата „Ohrid craft expo“ на која занаетчиите ги изложија своите производи, а истовремено беа промовирани потенцијалите на охридското занаетчиство како фактор за економски развој, зачувување на традиционалните вредности и атрактивно занимање на младите. Посетителите имаа можност да се запознаат со широката палета на производи (сувенири, бакрорез,книговез,накит) создадени од вештите раце на занаетчиите кои изразија подготвеност за воспоставување поинтензивна…
повеќе...