По повод одржувањето на литературната манифестација, „Години на есејот“ што од 3-ти до 5-ти јуни се одржува во Охрид, Струга и Вевчани, заменик градоначалникот Ангел Јанев попладнево присуствуваше на Арт- работилницата што се одржа во Охрид. Организатор на културното случување е Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ од Струга. На настанот учествуваа писатели од Македонија, Хрватска, Србија, Албанија, Бугарија, Украина, Русија, Австралија и Канада.
повеќе...Tag: манифестација
Одложена манифестацијата „Ден на идеи“
Поради најавеното влошување на временските услови манифестацијата „Ден на идеи“ се одложува, а за новиот термин на одржување јавноста навремено ќе биде информирана. Целта на манифестацијата е да се постигне кохезија, соработка меѓу охриѓани и Локалната власт и да се направи синергија на идеите кои ги имаат граѓаните во насока на креирање на определени проекти и политики.
повеќе...Децата од „Росица“ дел од проектот „Почит кон различностите и мултикултурализмот“
Од ЈОУДГ„Јасна Ристеска“- Охрид информираат дека на 16-ти мај (сабота) со почеток во 12:00 часот на Малиот Плоштад кај старата библиотека ќе се реализира манифестација во рамките на проектот „Почит кон различностите и мултикултурализмот“. Проектот е во соработка со МТСП, УНИЦЕФ, Британска Амбасада, Центар за човекови права, Локалната Самоуправа и градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески. На манифестацијата ќе бидат присутни, како и ќе се обратат пред присутните, претставници од сите горе спомнати институции. На манифестацијата ќе учествуваат дечињата од објектот „Росица“ со повеќе активности.
повеќе...Одржана манифестацијата „Живеј здраво, живеј безбедно“
Во организација на Општина Охрид, Црвен Крст, Одделението за превенција при СВР Охрид и основните училишта, денеска на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, по повод Меѓународниот ден на здравјето и во рамките на проектот „Превенција од зависности“ се одржа манифестацијата „Живеј здраво, живеј безбедно“. Со овој настан Охрид се вклучи во глобалните кампањи за подигнување на јавната свест за заштита на здравјето и превенција од зависности. „Ја користам оваа манифестација, да Ве повикам да упатиме и заедничка порака дека мораме да ги искористиме сите сопствени и општествени ресурси и постојано…
повеќе...Јагула на охридски начин – приготвена од градоначалникот Бакрачески во „Охридската софра“ и „Вкусот на традицијата“
Кај манастирот „Пресвета Богородица“ во охридското село Скребатно денеска се одржа традиционалната туристичко- промотивна манифестација „ Охридска софра 2014“, на која бројните посетители можеа да вкусат ѓомлезе, домашно сирење, мед,градинарски производи и вкусни традиционални охридски специјалитети приготвени од студентите на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. На манифестацијата која се одржува втора година по ред и која има за цел да се промовираат руралниот туризам и традиционалните јадења од охридскиот регион, во натпреварувачкиот дел учество зедоа 24 учесници а за највкусни, тричлената комисија ги избра ѓомлезињата приготвени од Гоце…
повеќе...Во сабота ќе се одржи „Охридска софра 2014“
На 30-ти август (сабота) кај манастирот „Пресвета Богородица“ во селото Скребатно ќе се одржи традиционалната туристичко- промотивна манифестација „ Охридска софра 2014“ . Целта на манифестацијата е да се промовираат традиционалните јадења од охридскиот регион, при што централно место ќе има натпреварот во подготвување ѓомлезе, како еден од највкусните специјалитети. За натпреварот се пријавени 25 учесници , а наградниот фонд е 20 илјади денари. 10 000 денари за прво наградената, 6 000 денари за второ и 4 000 денари за трето наградената жена која ќе приготвува ѓомлезе. Подготовката на ѓомлезето…
повеќе...Средба во Спомен-домот на браќата Миладиновци
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга оствари работна средба со претседателот на Фондацијата на туркофонијата од Анкара, Република Турција, Јахја Акенгин, поет и учесник на 53. издание на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. На средбата, на која присуствуваше и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Владо Камбовски, како и раководството на Националната установа „Струшки вечери на поезијата“, стана збор за досегашните односи во областа на културата меѓу Република Македонија и Република Турција, кои, како што нагласи министерката за…
повеќе...Се одложува манифестацијата „Охридска софра“ 2014
Манифестацијата „Охридска Софра“ 2014, која требаше да се одржи на 23.08.2014 година, во с. Скребатно, се одложува. За новиот датум на одржување на манифестацијата, јавноста дополнително ќе биде информирана преку соопштение.
повеќе...Во сабота ќе се одржи манифестацијата „Охридска софра 2014“
Годинешната туристичко промотивна манифестација „Охридска софра 2014“ ќе се одржи на 23 август ( сабота) кај манастирот „ Пресвета Богородица“ во Скребатно. Оваа традиционална манифестација ја организира општина Охрид со поддршка на Министерството за култура, како дел од проектот „ Топол културен бран“ и бројни спонзори и помагатели. „Целта на манифестацијата е да се промовираат традиционалните јадења од охридскиот регион, при што централно место ќе има натпреварот во подготвување ѓомлезе, како еден од највкусните специјалитети. За натпреварот се пријавени 24 учесници , а наградниот фонд е 20 илјади денари. Подготовката…
повеќе...26-та Поетска ноќ во Велестово
На 15-ти август во охридското село Велестово, на сред село, со почеток во 21 часот, по 26-ти пат ќе се одржи манифестацијата Поетска ноќ во Велестово. Оваа година манифестацијата е посветена на поетското творештво на академик Катица Ќулавкова. За нејзиното творештво ќе беседи проф. д-р Владимир Мартиновски. Стихови ќе читаат членови на Независната аматерска театарска група Аматер од Охрид. „Поетска ноќ во Велестово е своевиден феномен, празник на поезијата кој, веќе завлезен во третата деценија, ненаметливо, стрпливо, упорно неа ја враќа на праизвориштето исполнето со духовна енергија и го буди…
повеќе...