Министерката за култура во Охрид промовираше неколку проекти реализирани со поддршка на Министерството за култура

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска престојуваше во работна посета на Охрид, каде заедно со директорката на „Завод и музеј – Охрид“ Тања Паскали-Бунташеска промовираа неколку финализирани проекти што се спроведуваа со поддршка на Владата и ресорното Министерство. Станува збор за три објекти опфатени со проектот за обнова за фасади во старите градски јадра, реконструкција на потпорниот ѕид зад Лапиодариумот во стариот дел на градот, како и обнова на депоата за чување и складирање културно-историски и етнолошки предмети. „Во рамки на проектот за реновирање фасади досега во Охрид се обновени…

повеќе...

Можности за соработка во областа на културата со Обединетите арапски емирати

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со Абдулазиз ал Калди, директор на Институтот за културно наследство на емиратот Шарџа од Обединетите арапски емирати. На средбата, на која присуствуваа заменик-министерот за образование Спиро Ристовски, амбасадорот на Републука Македонија во Обединетите арапски емирати Сашо Ташевски и директорот на Националната установа „Струшки вечери на поезијата“ Мите Стефоски, беа разменети мислења околу идните планови и проекти кои ќе ги интензивираат културните врски меѓу двете земји. На средбата, гостинот од ОАЕ истакна дека Република Македонија е…

повеќе...

Промовирана публикацијата „Симболите на Македонија“ од Јован Јоновски

Капитална публикација насловена „Симболите на Македонија“ од авторот Јован Јоновски, прва книга од ваков вид, која ги открива хералдичките обележја кои го дефинираат идентитетот на македонскиот народ, неговиот легимитет со препознатливи вредности и особености во семејството на европските нации, е промовирана денеска во Музејот на македонската борба за државност и самостојност. Станува збор за една исклучително значајна, раритетна публикација која е дел од богатата Годишна програма на Министерството за култура и која се занимава со хералдиката не како помошна историска дисциплина, туку како самостојна мултидисциплинарна наука. „Преку овој вреден авторски…

повеќе...

Канческа-Милевска се обрати на меѓународната конференција „Културното и духовното единство на словенските народи“

Во текот на својата официјална посета на Руската Федерација по повод 4-тиот Санктпетербуршки меѓународен културен форум, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска оствари работна средба со свои колеги министри за култура од повеќе земји меѓу кои Руската Федерација, Луксембург, Азербејџан, Молдавија и Босна и Херцеговина. На средбата беа разменети мислења околу идните планови и проекти кои ќе ги продлабочат културните врски помеѓу Република Македонија и претставниците на земјите учеснички на самитот,при што беше нагласена важноста од унапредувањето на културните политики кои придонесуваат за афирмација на заедничкиот карактер што го поседуваат словенските…

повеќе...

Кампања за мирно решавање на работните спорови

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски и директорот на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, Антонио Грациози на прес конференцијата ја информираа јавноста за Кампањата за мирно решавање на работните спорови. Целта на кампањата е да се информира јавноста, а особено работниците и работодавачите во земјата за придобивките од користењето на воспоставениот механизам за мирно решавање на работни спорови, преку користење на лиценцирани помирувачи и арбитри. Во Република Македонија од 2007-ма година постои Закон за мирно решавање на работни спорови кој е изменет и…

повеќе...

Вонреден инспекциски надзор во Центрите за социјални работи

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски на прес конференција информираше дека Министерството за труд и социјална политика во моментов врши вонреден инспекциски надзор во сите Центри за социјални работи низ Република Македонија при што рече дека инспекторите до сега утврдиле голем број на недостатоци во работењето на овие установи. „На граѓаните не им е одговарано во законски зададениот рок од 60 дена за остварување на правата од социјална заштита. Извештаите од непосредниот увид во семејствата направени од страна на Центрите не ја опишуваат во целост состојбата што…

повеќе...

Реконструирана Галеријата „Никола Мартиноски“ и ограден Македониумот во Крушево

Целосно е завршено реконструирањето на Галеријата „Никола Мартиноски“ во Крушево, a завршува и обновата на уште една фасада на куќа од староградска архитектура, досега седма во овој град. Направена е и ограда околу Македониумот – споменикот на Илинден, кој ќе почне да се реконструира откако ќе заврши тендерската постапка. По повод овие проекти кои се реализираат со средства од Министерството за култура, Крушево го посети министерката Елизабета Канческа-Милевска. На промовирањето на реновираната Галерија „Никола Мартиноски“, која го носи името на познатиот крушевчанец, еден од основоположниците на современата македонска ликовна уметност,…

повеќе...

Доделени 35 конзерваторски лиценци

Нови 35 лиценци за конзервација на движно и недвижно културно наследство им беа врачени денеска на стручни лица кои со тоа стекнаа право за непосредна заштита на предмети и објекти. Со нив, вкупниот број на лиценцирани козерватори достигна 47. Лиценците им ги врачи министерката Елизабета Канческа-Милевска која истакна дека во изминатите години меѓу приоритетите на Владата и на Министерството за култура е ревитализација на културното наследство, истражување на голем број археолошки локалитети на кои беа пронајдени многубројни артефакти од различни епохи кои беа соодветно заштитени и презентирани пред јавноста. Таа…

повеќе...

Работна средба на министерката Ташевска-Ременски со народниот правобранител Мемети

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари работна средба со народниот правобранител г. Иџет Мемети при што се разговараше за повеќе актуелни прашања коишто ја засегаат работата на министерството и правобранителството. Едно од заедничките прашања и најактуелно во моментов е состојбата со бегалската криза и констатираните состојби од страна на народниот правобранител при неговата неодамнешна посета на бегалскиот камп во Гевгелија. Исто така, Ташевска-Ременски и Мемети разговараа и за претставките коишто граѓаните ги упатуваат до народниот правобранител барајќи помош, а се во врска со укинувањето на социјалната…

повеќе...

Плакета за министерката Канческа-Милевска од Турски театар-Скопје

По повод 65 години постоење на Турскиот театар-Скопје, членови на ансамблот и директорот Атила Клинче денеска имаа средба со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Разговараа за активностите на оваа национална установа за која се гради нов, современ објект каде што во иднина ќе ги создава и изведува своите претстави. Задоволни од соработката со Министерството за култура, тие и доделија на министерката Канческа-Милевска Плакета на благодарност, за поддршката за развој на нивниот театар – инфраструктурна и кадровска, со оглед дека во последните неколку години ансамблот е подмладен со нови вработувања. Плакетата…

повеќе...