Во просториите на ВМРО – Народна партија во Охрид, коалицијата „ВМРО за Македонија“ денес ја одржа првата прес конференција, на која беше презентирана политичката платформа на коалицијата ВМРО за Македонија. Беа претставени и дел од кандидатите за пратеници од Охрид кои се на кандидатската листа за пратеници во 5тата изборна единица. Како што истакна претседателот на Општинскиот изборен штаб на Коалицијата ВМРО за Македонија, ЈонѐСтанковски, Коалицијата на овие избори ќе претставува главен адут на македонскиот народ за конечна демократизација на Македонија. „Коалицијата ВМРО за Македонија, на овие избори ќе биде вистинско изненадување…
повеќе...Tag: народна
ВМРО-НП: До каде е проектот за давање на касарната и военото стрелиште Мауцкер?
ОК на ВМРО Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „ВМРО Народна партија од Охрид ја прашува Владата на Република Македонија предводена од ДПМНЕ и ДУИ до каде е проектот за давање на касарната и военото стрелиште Мауцкер под надлежност на Локалната самоуправа, а со тоа да се придонесе за поголем економски развој на Охрид?! Имено, пред 3 години, со големи помпи од страна на Владата на ДПМНЕ и локалните функционери, се највуваше предавање на надлежностите на објектите и парцелите од касарната и месноста Мауцкер на…
повеќе...ВМРО-НП: Знаат ли од Општина Охрид чиј потомок вчера свечено пречекаа?
ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медумите во кое стои: „Претставници на Општина Охрид вчера свечено на аеродромот „Св. Апостол Павле“ организираше свечен дочек на обичен турист претставувајќи ја како принцеза иако, земјата од која што потекнува не е кралство туку република. Големото заадоволство на претставниците на Општината е на грбот на макдонскиот народ за сите маки што ги претрпел од предците на таа т.н. принцеза. Знаат ли од Општина Охрид чиј потомок вчера свечено пречекаа? Дали игнорирањето на годишнината на Охридското востание е добра волја во насока…
повеќе...ВМРО-НП: Општина Охрид повторно го заборави Охридското востание
Претставници на ВМРО – Народна партија од Охрид вчера го одбележаа ослободувањето на Охрид од српската окупација. Со полагање свежо цвеќе на спомен обележјето во Велгошти беше одбележана годишнината од Охридското востание. „За жал, и оваа година, овој чин беше игнориран од страна на Локалната самоуправа. Општина Охрид како да го заборави овој важен и значаен датум за градот. И покрај најавите изминатите година на секретарот Спасески дека местото околу спомен обележјето ќе биде уредено, се уште нема ништо од сето тоа.“ – истакнуваат од ВМРО-НП. Покрај претставниците на ВМРО…
повеќе...ВМРО-НП: Наместо најавените илјадници вработувања, вработени се околу 70 лица, што е далеку од најавите на Владата
ОК на ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Во периодов наназад, граѓаните на охридско – струшкиот регион беа сведоци на бројни посети на претставници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и секако, во склоп на тоа, многубројни изјави за бројни инвестиции и отворање на нови работни места и отворање на развојно индустриско зони. Години наназад медиумите беа преплавени од изјави дека Американска, Канадска и многу други фирми донесле одлука да отворат фабрики во развојните зони во охридско – струшкиот регион. ВМРО-Народна партија од Охрид ја прашува Владата,…
повеќе...ВМРО-НП: Кои конкретни проекти во охридско-битолскиот регион ќе бидат финансирани од еврообврзницата?
ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Последниве денови во јавноста доста се актуелизира последното задолжување на Република Македонија од страна на актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Се изнаслушавме аргументи и од позицијата и од опозицијата за оправданоста од издавањето на еврообврзницата и со тоа ново задолжување со досега највисока каматна стапка. Аргументите на власта беа дека буџетот е во добра кондиција и дека 450 милиони евра ќе се употребат за нови или довршување на веќе почнати проекти. Аргументите на опозицијата поучени од…
повеќе...ВМРО-НП: Изразуваме незадоволство од малиот број на проекти кои Владата ги прави во моментов во овој регион
ОК на ВМРО Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Деновиве бевме сведоци на посета на високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ на охридско–струшкиот регион, кои во својство на партиски претставници разгледуваа до каде е работата на неколкуте владини проекти во овој регион. Секако, неизбежно беше пред медиумите да се искаже задоволство од реализацијата на проектите кој ги спроведува владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. ВМРО–Народна партија од Охрид изразува незадоволство од малиот број на проекти кои Владата ги прави во моментов во овој регион и бара одговор на…
повеќе...ВМРО-НП: До каде е изградбата на најскапиот автопат во регионов, правецот Охрид – Кичево?
ОК на ВМРО-НП Охрид испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Општинскиот комитет на ВМРО – Народна Партија од Охрид ја повикува Владата на Република Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ да даде одговор до каде е изградбата на најскапиот автопат во регионов, правецот Охрид – Кичево?. Имено, според наши сознанија, овај патен правец за кој ќе се потрошат рекордно високи средства од околу 360 милиони евра за само 60 километри автопат, односно по 6 милиони евра за 1 километар автопат, наидува на сериозни проблеми и моментално работата…
повеќе...Охрид домаќин на конференција за платните системи и системите за порамнување хартии од вредност
Народната банка на Република Македонија, во периодот од 5ти до 8ми јуни, во Охрид, ќе биде домаќин на Деветтата конференција за платните системи и системите за порамнување хартии од вредност, којашто традиционално се одржува во соработка со централните банки на Холандија и Португалија. Воведно обраќање на Конференцијата ќе има вицегувернерката на Народната банка, Маја Кадиевска-Војновиќ, задолжена за Секторот за операции на финансиските пазари и платните системи. Конференцијата има меѓународен карактер и во неа ќе земат учество претставници од Европската централна банка, централните банки на Албанија, Белорусија, Бугарија, Грузија, Ерменија, Косово,…
повеќе...ВМРО-НП Охрид ќе врши ревидирање на членството
ОК на ВМРО-НП Охрид испрати допис до медиумите, во кој стои: „Времето на досегашниот начин на владеење помина. Овие темни и изгубени десет години за брзо ќе станат минато. За многу брзо време, граѓаните ќе живеат слободно и без никакви притисоци. ВМРО – Народна партија и понатаму работи на враќање на демократијата во Република Македонија. И понатаму продолжуваме да работиме за посветла иднина на нашата татковина и за нашите деца. За таа цел, ВМРО – Народна партија ќе врши ревидирање на членството, како и приклучување на своите симпатизери во работата…
повеќе...