По втор пат Новогодишен базар во ОУ „Живко Чинго“- Велгошти

Втора година по ред Основното училиште „Живко Чинго“-Велгошти во рамките на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ организира Новогодишен базар, на кој ќе бидат изложени за продажба голем број на новогодишни украси и колачи. „Од вредните раце на нашите ученици под раководство на нивните наставници и помош од родителите излегоа бројни украси, елки, честитки, икебани и други вредни подароци кои беа изложени во Спортската сала „Тодор Александров“, а ги купуваа бројните гости кои беа присутни на ова манифестација.“– информираат од училиштето. Собраните парични средства ќе се искористат за…

повеќе...

Основците од Дебрца го посетија Геријатриското одделение во охридската Општа болница

Учениците од Основното училиште „Дебрца“ денес го посетија геријатриското одделение во охридската Општа болница, каде што на сите згрижени лица им подарија новогодишни честитки и украси кои самите ги изработија со помош на своите родители во рамките на низата активности кои ги реализира училиштето по повод Новогодишните и Божиќните празници. „Целта на оваа посета е да покажеме колку малку е потребно во животот да се направи една добрина, за одредена категорија на луѓе во општеството да се почуствуваат сакани и среќни.“– велат од училиштето. Во рамките на овие активности учениците…

повеќе...

Предновогодишен концерт во ЦК „Григор Прличев“

Во недела, во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид ќе се одржи предновогодишен концерт, на кој ќе настапат Студио „Визави”, дечињата од  ЈОУДГ „Јасна Ристеска” – Охрид, „Распеано Рибарче“ и Дедо Мраз. Концертот ќе се одржи во недела, со почеток во 12 часот, а влезот чини 50 денари.

повеќе...

Продолжува предновогодишната програма на градскиот плоштад

На Градскиот плоштад и денеска продолжува реализацијата на дванаесетдневната предновогодишна програма. Денес на програмата се учениците од ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти со културно – уметничка програма. Настапот започнува во 17:30 часот, а ќе трае до 19:30 часот. Вчера попладнето предновогодишната програма ја започнаа „Распеаните рибарчиња“ и „Распеаните ѓерданчиња“.

повеќе...

Хуманитарна акција „Дете за дете“ во ОУ „Дебрца“

Основното училиште „Дебрца“организираше хуманитарна акција за Новогодишните празници под мотото од „Дете за дете“. Учениците заедно со нивните родители и наставници активно се вклучија во оваа хуманитарна акција покажувајќи ја својата солидарност и детска топлина за нивните другарчиња на кои им е потребна поддршката. Во акцијата се приклучија и градоначалникот на Општинана Дебрца, Игор Трајкоски и директорот на Јавното комунално претпријатие Дебрца. Новогодишни подароци ќе бидат дониранирани на сите дечиња од социјално загрозените семејства во Дебрца, покажувајќи им дека и тие се дел од Новогодишната и Божиќната магија.

повеќе...

Охрид украсен како од бајките

Охриѓани и посетителите на Охрид за претстојните Новогодишни и Божиќни празници можат да уживаат во празничниот амбиент. Бројни новогодишни реквизити го красат централното градско подрачје и периферните делови на градот. Годинава за прв пат украсувањето на чаршијата покрај со зеленило е дополнето со ѕвездено небо кое блесна по целата нејзина должина од градскиот плоштад до чинарот. Новина годинава е и украсувањето на Светилникот на охридското пристаниште, а на плоштадот „Св. Климент Охридски“ покрај останатите светлечки реквизити има и детски тунел. Годинава за новогодишното украсување на Охрид покрај службите од општината ангажирана…

повеќе...

Новогодишни работилници во училиштата во Дебрца

По повод новогодишните празници во сите училишта на територија на Општина Дебрца во рамките на проектот од МОН „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ се реализираа работилници за изработка на новогодишни украси. Во изработката со свои идеи учествуваа учениците, наставниците и родителите. Дел од изработените новогодишни украси учениците ќе ги подарат во Домот за стари лица во Охрид, а останатите новогодишни изработки ќе бидат изложени во училиштата и за истите ќе бидат организирани продажни акции.

повеќе...

Започнува дванаесетдневната Новогодишна програма на градскиот плоштад

На Градскиот плоштад, од денес започнува дванасетдневната Новогодишна програма, што ја организира општина Охрид. На плоштадот ќе биде поставена бина на која што учесниците ќе ги изведуваат своите настапи. Први кои што ќе настапат се учесниците на детскиот фестивал „Распеано Рибарче“ и најмладите членови од хорот при КУД „Гердан“ – „Распеани Герданчиња“. Во деновите од викенд програмата ќе се одвива од 12:30 часот до 14:30 часот, а во работните денови од 17:30 часот до 19:30 часот.

повеќе...

Охрид блесна во новогодишен сјај

Бројни новогодишни реквизити го красат централното градско подрачје и периферните делови на Охрид. Ѕвезденото небо веќе е поставено над охридската чаршија, а до крајов на оваа недела треба да бидат поставени и останатите декорации на плоштадот „Св. Климент Охридски“. Денес и утре ќе се декорира и светилникот на пристаништето каде ќе има прскалка со дијаметар од три метри. Годинава за новогодишното украсување на Охрид покрај службите од општината ангажирана е и фирмата „Метал Ват “ од Скопје којашто беше избрана за најдобар понудувач по претходно распишан оглас на Локалната самоуправа.

повеќе...

Охриѓани да не минуваат со возила по охридската чаршија

Од Секторот за сообраќај и улици при Општина Охрид упатуваат апел до сите охриѓани, да не минуваат со возила низ охридската чаршија затоа што покрај возењето на несоодветно место ги уништуваат и новогодишните реквизити кои деновиве се поставуваат по чаршијата. Надлежните потсетуваат дека светлечките украси се под висок електричен напон и затоа не треба да се допираат со раце. Новогодишното декорирање на Охрид треба да заврши во текот на оваа недела.

повеќе...