Во Охрид се одржува 15-та Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица 2017

Од денес 18-ти јуни па се до 29 јуни, Охрид ќе биде домаќин на 15-тата Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица 2017. Оваа олимпијада ќе се одржи во хотелите Метропол и Белви. На ова престижно меѓународно натпреварување, кое претставува значаен и голем спортски настан, за прв пат се организира во нашата земја, а учество ќе земат репрезентациите на: Македонија, Косово, Данска, Холандија, Украина, Обединетото Кралство, Јужна Африка, Шпанија, Италија, Словенија, Унгарија, Полска, Шведска, Романија, Србија, Хрватска, Бугарија, Литванија, Турција, Русија, Азербеџан, Индија, Молдавија, Грција, Германија, Црна Гора. Ќе…

повеќе...

Два сребрени медали за Бојан Трајковски на Светските зимски игри на Специјална олимпијада

Во просториите на Македонскиот олимписки комитет, спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски се сретна со Бојан Трајковски, претставник на Република Македонија на Светските зимски игри на Специјална олимпијада. Бојан Трајковски, на овие Светски зимски игри на Специјална олимпијада, одржана во Австрија, во дисциплините велеслалом и супер велеслалом, постигна голем успех и освои два сребрени медали. МОК упатува искрени честитки за Бојан и верува во уште подобри резултати на нашите најдобри спортисти, идни учесници на Специјалната олимпијада.

повеќе...

ММДЧП бара македонските спортисти да одбијат да дефилираат на Олимпијадата во Рио зад буквата „Ф“

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) бара од македонските спортисти да одбијат да дефилираат на Олимпијадата во Рио позади буквата „Ф“. „Меѓународниот Олимписки Комитет ќе ги следи директивите на ОН и САД и ќе продолжат да ги кршат најосновните права на Република Македонија, а тоа е правото да го користиме нашето сопствено име. На свеченото отворање на Олимписките игри во Рио, македонските спортисти повторно ќе бидат принудени да дефилираат позади буквата “F“, што е прва буква од “Former Yugoslav Republic of Macedonia”. Македонија на тој начин ќе потклекне пред американската…

повеќе...

Олимписка обука за напреден спортски менаџмент на Олимписките спортски организации во Македонија

Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) во соработка со Националните спортски федерации (НСФ), високо образовните институции и другите спортски институции и организации во Република Македонија, во тековната година успешно ја реализираше и заврши првата Олимписка обука за напреден спортски менаџмент. МОК во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ќе ја започне втората Олимписката обука за напреден спортски менаџмент, кој е основа и еден од главните фактори за постигнување на врвните спортски резултати на најдобрите македонски спортисти. Станува збор за многу обемна едукативна спортска програма која претставува квалитетна теоретско-практична платформа за унапредување на…

повеќе...

Во Охрид се одржува 9-та Јуниорска балканска информатичка олимпијада

Во Охрид се одржува 9-тата Јуниорска балканска информатичка олимпијада. Натпреварите започнаа на 14 септември и ќе траат до 19 септември. Јуниорската балканска информатичка олимпијада (JBOI) има за цел да ги мотивира учениците од Источна Европа кои се помлади од 15,5 години, да се заинтересираат повеќе за информатиката, да се тестираат и да ја докажат својата способност за решавање на проблемите со помош на компјутерите, и да се воспостават лични контакти со младите луѓе од регионот на Југоисточна Европа. Оваа Олимпијада е во организација на Здружението на информатичари на Македонија, а на…

повеќе...

Атлетите од специјалната олимпијада во домот на спортот

Агенцијата за млади и спорт ги прими учесниците на ЛОИ на Специјалната Олимпијада ЛА 2015. Оваа Олимпијада е всушност најглобален хуманитарен настан на кој 7000 атлети, 3000 тренери од 177 земји се натпреваруваа во 25 Олимписки спортови. Нашите претставници се вратија со повеќе од очекуваните резултати, две златни, шест сребрени и четири бронзени медали. Директорот на Агенцијата за млади и спорт им посака срдечно добредојде и им честита на огромниот успех. Златните Јулијана Петровска (100м. атлетика) и Марио Мицковски (25 м пливање) беа видно возбудени од освоените резулатати, но зад…

повеќе...