Охридско лето со признание за најдобра манифестација по повод Светскиот ден на туризмот

Фестивалот „Охридско лето“ и оваа година се закити со признание од Министерството за економија за допринос во развојот на туризмот во категоријата- најдобра манифестција. Директорката на Охридско лето, Елизабета Јанкуловска вели дека традицијата на успешни фестивалски изданија со квалитетни настани и врвни уметници продолжува и во иднина а фактот дека тоа има голема улога во развојот на туризмот е мотив плус да се биде уште подобар и поуспешен со секое наредно фестивалско издание. „Голема е возбудата повторно, веќе по трет пат, да се добие едно вака големо признание но и…

повеќе...

„Охридско лето“ дел од четирите најзначајни регионални летни фестивали

Деновиве во црквата Св.Дух во Котор, Црна Гора, на иницијатива на меѓународниот фестивал КоторАрт беше потпишана Которската иницијатива, Меморандум за соработка на четирите најзначајни регионални летни фестивали: Меѓународниот фестивал КоторАрт (Црна Гора), Дубровнички летни игри (Хрватска), Фестивалот Љубљана (Словенија) и Охридско лето (Македонија). Спогодбата ја потпишаа Ратимир Мартиновиќ (директор на которАрт Дон Бранкови денови на музика и координатор на сите програми на КоторАрт), Младен Тарбук (интендант на Дубровничките летни игри), Дарко Брлек (директор на фестивалот Љубљана и претседател на Европската асоцијација на фестивали) и Елизабета Јанкуловска (директорка на Охридско лето).…

повеќе...

Заврши уште едно успешно издание на „Охридско лето“

На сцената Долни Сарај синоќа беше спуштена завесата на 55-тото јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“ со театарската претстава „Figurae veneris historiae“ на Горан Стефановски, во режија на Александар Поповски, а во продукција на Словенечкиот национален Драма театар од Љубљана. Квалитетно напишаните и режирани дела можат да ги изведат само квалитетни актери, што се потврди и од вечерашната театарска игра на словенечките актери. Посебноста на претставата прозлезе од оригиналноста во пристапот кон темата – третирањето на историјата на војната, но не како некаква приказна од линијата на фронтот, туку историјата…

повеќе...

Венгеров за крај на музичкиот дел на Охридско лето – Неверојатна изведба, невидени овации и 5 биса за брилијантниот виолинист

Музичката програма на 55-тото јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“ заврши со неверојатна изведба, невидени овации и 5 биса за брилјантниот Максим Венгеров и пијанистот Ваг Папијан. Во акустичната Света Софија Маестро Максим Венгеров, виолинистичкиот император како што го нарекува светската критика,  приреди концерт за паметење кој ќе остави трага во фестивалската историја на Охридско лето.  Неповторливо доживување за публиката која имаше прилика да ужива со звуците на Бах, Прокофиев, Франк, Исаи и Паганини. Според многумуна тоа беше  концерт кој претставува репер за врвна виолинистичка уметничка изведба. Вистинско уживање со музицирањето  на врвното…

повеќе...

Вечерва свечено се затвора фестивалот „Охридско лето“

Годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе биде затворено со театарската претстава „Figurae veneris historiae“ на Горан Стефановски, во режија на Александар Поповски, продукција на Словенечкиот национален драма театар од Љубљана.  Figurae veneris historiae“ може да се нарече „Љубов во време на војна“, бидејќи како и насилството така и љубовта има повеќе лица. И иако војната ја претвора еротиката во порнографија, нагонот за преживување не води само кон злоупотреба, убивање на непријателите туку исто и кон барање допир, блискост и топлина. Човекот е распнат меѓу обете, а посебно кога…

повеќе...

Стефановски: За Одисеј прибежиште е Итака, но за мене е Канео

Трите драмски дела „Одисеја“ „Огнени јазици“ и „Фигурае Венерис Хисториае“ од драмскиот писател Горан Стефановски собрани во една книга беа промовирани синоќа во Куќата на Уранија во Охрид, во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Селекторот на драмската програма на „Охридско лето“ Ѓорѓи Јолевски, најави дека годинешното јубилејно 55-то издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде затвореное вечерва, токму со последната драма на Стефановски, „Фигурае Венерис Хисториае“. „Ова е навистина исклучителен миг затоа што немаме можност Горан да го видиме постојано во Македонија. Се работи за исклучително дело“, рече Јолевски. Беседејќи за авторот…

повеќе...

Беспрекорна реализација, полни гледалишта, позитивни критики и задоволни уметници на Охридско лето

Јубилејното 55-то Охридско лето измина во знакот на беспрекорна реализација, полни гледалишта, позитивни критики и задоволните уметници. Ова е оценката по завршната прес конференција на која раководството и селекторите дадоа анализа на изминатите фестивалски денови. „Во овие 40 фестивалски денови се случи едно неповторливо доживување со големи музички звезди, врвни театарски претстави, премиери, гости од целиот свет, распродадени концерти после само два дена од нивното најавување. Тоа зборува дека работата сме ја завршиле беспрекорно“, вели Елизабета Јанкуловска директор на Н.У Охридско лето. „Имавме полни гледалишта и на музичките и на…

повеќе...

На „Охридско лето“ промоција на „Собрани драми“ од Горан Стефановски

Во организација на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе се одржи промоција на четвртата книга „Собрани драми“ од драмскиот писател Горан Стефановски. Делото ќе биде промовирано во Куќата на Уранија со почеток во 19 часот. Горан Стефановски е роден во Битола, на 27 април 1952 година, и е еден од најзначајните македонски драмски писатели. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Стефановски работел во драмската…

повеќе...

Извонредниот Венгеров вечерва ќе настапи на „Охридско лето“

Светски познатиот Максим Венгеров вечерва ќе одржи концерт на „Охридско лето“. Препознаен како еден од најдинамичните изведувачи во светот, добитникот на Греми наградата, виолинистот Максим Венгеров настапувал на распродадени концерти заедно со најпрестижните оркестри и диригенти во светот, а исто така одржувал и соло рецитали во секој голем град низ светот. Роден во 1974, ја започнал својата кариера како соло виолинист на пет годишна возраст, победил на меѓународните натпревари „Виењавски“ и „Карл Флеш“ на 10 и на 15 годишна возраст, студирал со Галина Турчанинова и Захар Брон, го остварил својот…

повеќе...

„Циклусите“ Стојановски ги воодушевија охриѓани

Дел од творештвото на академскиот уметник Крунислав Стојановски беше изложено синоќа во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Делата што беа поставени всушнот ги отсликаа седумте сликарски циклуси кои уметникот ги слика во текот на последните дваесет години. „Животот сам, за секого од нас, носи циклуси кои можат да бидат прекинати, продолжени, распарани, ритмични, кратки, долги… впрочем секакви, а можат да зависат од моментот, од опкружувањето, од личните искуства, од искуствата на групата или на поднебјето, од временската вистина на која и припаѓаме. Кога животот се преточува во и низ уметноста,…

повеќе...