Традиционални македонски производи на Саем во Париз

Македонски ајвар, лутеница, макало, полнети гамби со сирење и други конзервирани производи од овошје и зеленчук произведени во Македонија се дел од палетата прехранбени производи што се презентираат на годинашното издание на Саемот „СИАЛ“ во Париз. Македонските производители од Македонската асоцијација на преработувачи на овошје и зеленчук (МАП) на саемот настапуваат под слоганот „Вкусот на Македонија“, а заедничкиот штанд е дизајниран во насока на препознатливост на Македонија како земја со вкусна храна, природни убавини, богата традиција и добра дестинација за започнување и развој на бизниси. Учеството на македонските производители го…

повеќе...

Шекеринска во Париз на настани посветени на актуелните предизвици со кои се соочува ЕУ

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска и утре ќе учествува на повеќе настани кои Партијата на европски социјалисти и француската Социјалистичка партија ги организираат во Париз, посветени на актуелните предизвици со кои се соочува ЕУ. Денеска Шекеринска ќе учествува на состанок на социјалистички и социјалдемократски европски партии на којшто ќе се усвои новата Агенда за Европа на ПЕС 2016-2019. Целта на новата Агенда на ПЕС е да понуди патоказ за промени во ЕУ по Брегзит. Утре заменик претседателката Шекеринска ќе биде една од говорниците на конференцијата посветена на бегалската…

повеќе...

Ликовната колонија „Куманово“ со изложба во Париз

Ликовната колонија „Куманово“ традиционално се одржува од 1974 година на неколку локации како конаците на „Прохор Пчињски“, манастирот во село Матејче, а во последната декада делата се изложени во Меморијалниот центар АСНОМ … Во Aмбасадата на Република Македонија во Париз, Франција, синоќа беше отворена изложба на Ликовната колонија „Куманово“. Посетителите на оваа изложба, која се реализира со поддршка од Министерството за култура, имаа исклучителна можност да видат осумнаесет ликовни дела потпишани од врвни светски имиња, како Денис Боувен од Велика Британија и Паоло Чампини од Италија, како и од академски…

повеќе...

Македонија првпат на Меѓународниот саем на книгата во Париз

Македонското книжевно творештво годинава ќе биде претставено на три саемски манифестации – на Саемот на книгата во Франкфурт, на Саемот на книгата во Истанбул и првпат на Меѓународниот саем на книгата во Париз, кој од 17 до 19 март ќе се одржува во Салонот на книгата во оваа метропола. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. На Саемот на книгата во Париз учествуваат повеќе од 1 200 издавачи, претставници на 50 држави од Европа и од светот и над 4 500 автори. Саемот е едно од…

повеќе...

Претседателот Иванов во Париз им оддаде почит на жртвите во терористичките напади

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, го посети местото во близина на концертната сала, „Батаклан” во Париз, каде во петокот беше извршен еден од терористичките напади. Во чест на загинатите жртви, претседателот Иванов запали свеќа и положи свежо цвеќе. Стотици граѓани на Париз, секојдневно, на ова место положуваат цвеќе во чест на загинатите жртви. „Со самото наше присуство на овој Самит, укажуваме дека целта која што ја имале терористите не ја постигнаа, не не исплашија. Ние дојдовме тука да бидеме солидарни и со Парижаните и со Французите, и да…

повеќе...

Шекеринска: Солидарност со граѓаните на Франција

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во изјава за медиумите истакна: „Ужаснати сме од серијата терористички напади кои што се случија во Париз доцна синоќа и сочуствуваме со болката на семејствата и на сите граѓани на Франција кои што се обединети во пораката дека нема да дозволат да живеат во страв. Денес и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати телеграма на сочуство до францускиот претседател, г-дин Оланд за големата трагедија која што се случи на француската нација и која што го загрози начинот на живот во сите слободарски држави во Европа.…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески изрази сочувство кон француските граѓани

По повод синоќешниот терористички напад во француската престолнина Париз, градоначалникот Никола Бакрачески, упати зборови на сочувство до амбасадорот на Франција во нашата земја, Н.Е. Лоренс Оер. „Знам дека во овој момент нема зборови со кои може да се најде утеха за ужасниот и кукавички чин со кој синоќа беа соочени граѓаните на Париз и Франција. Дозволете ми, во мое име и во името на граѓаните на Охрид да Ви изразам најдлабоко сочувсто за загинатите и повредени граѓани на Вашата земја. Молитвите на охриѓани денес се упатени кон Франција. Земјата која…

повеќе...

Македонија претставена на Меѓународен саем за културно наследство во Париз

Од 5-ти до 8-ми ноември во изложбениот простор „Карусел“ во рамки на престижниот музеј „Лувр“ во Париз во Париз, се одржа Меѓународниот саем за културно наследство, на кој Република Македонија за првпат се претстави на овој значаен саем, што ги обединува професионалците од областа на заштитата на материјалното и нематеријалното културно наследство од целиот свет. На македонскиот штанд, кој беше организиран од Управата за заштита на културното наследство, беа претставени голем број публикации, видеа и други видови промотивни материјали за богатата македонска култура, како и новите десет публикации за културното…

повеќе...

Министерката за култура Канческа-Милевска ќе се обрати на 38-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска од денеска престојува во работна посета на Република Франција каде што ќе се обрати на 38-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО, која се одржува во француската метропола. Одржувањето на 38-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО годинава е во знакот на одбележувањето на големиот јубилеј,- 70 години од востановувањето на оваа еминентна организација на Обединетите нации. Исто така, во рамките на престојот во Република Франција, Канческа-Милевска денеска ќе го посети и македонскиот штанд на Меѓународниот саем за културно наследство кој од 5 до 8…

повеќе...

Girls in Tech го организира 5тиот Lady Pitch Night во Париз, најголем европски натпревар за стартапи основани од жени

Girls in Tech Paris и оваа година организира Lady Pitch Night, настан на кој стартап комапнии со жени-основачи можат да се претстават пред европската стартап сцена. Оваа година, сите технолошки стартапи од 6 до 36 месеци, со седиште во Европа и со барем една жена во основачкиот тим, можат да аплицираат онлајн до 31 јули 2015. Избраните финалисти ќе имаат можност да го презентираат нивниот стартап пред панел од добро познато жири кое вклучува експерти, инвеститори и претприемачи во Париз, за што патните трошоци се покриени од организацијата. Сите финалисти…

повеќе...