На патот кон Париз 2015: Подготвителни активности за COP 21

Во пресрет на Светската конференција за климатски промени која ќе се одржува во Париз од 30-ти ноември до 11-ти декември, Амбасадата на Франција, Канцеларијата на програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Скопје и Министерстово за животна средина и просторно планирање организираат низа настани за подигање на свеста кај широката јавност за прашањата поврзани со климатските промени и животната средина. Како прва активност, во резиденцијата на Франција, на покана на Н.Е Лоренс Оер, амбасадор на Франција, а со поддршка на Луиза Винтон, постојан координатор на Обединетите нации и постојан…

повеќе...

Премиерот Груевски на бизнис форум во Париз

Премиерот Никола Груевски заедно со министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Горан Мицковски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шекеровски, ќе престојува во Париз, Република Франција, на бизнис форум организиран од групацијата „Македонија 2025“. Целта е презентација на можностите за инвестирање и поволностите кои се нудат во Македонија како и поврзување на повеќе успешни бизниси водени од македонски и претприемачи низ Европа и светот и можностите за нивен импакт во развојот на македонската економија. На форумот предвидени…

повеќе...

Промоција на македонската култура во Париз

Со силен аплауз беше поздравена изведбата на современата балетска претстава „14 часа“ синоќа во преполната сала на Театарот Ле Палас во Париз, Република Франција. Многубројните присутни, меѓу кои и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер, амбасадорот на Македонија во оваа земја, Агрон Буџаку, претседателот на Фестивалот на кинематографиите на југоисточна Европа, Јордан Плевнеш, дипломати, високи претставници на УНЕСКО и претставници на Францускиот институт од Париз, со овации го поздравија настапот на првениците и солистите на Македонската опера и балет. Како особено успешни беа оценети…

повеќе...

Министерката за култура во посета на македонското атеље во Меѓународниот град на уметностите во Париз

Во македонското ателје, Канческа-Милевска и Лангле ја погледнаа и изложбата на реномираниот македонски ликовен уметник Ѓорѓи Чулаковски – Ѓото кој во моментов, со поддршка на Министерството за култура, остварува двомесечен судиски престој во Париз … Mинистерката за култура Елизабета Канческа–Милевска, која престојува работната посета на Париз, Република Франција, вчера го посети македонското атеље во Меѓународниот град на уметностите каде оствари работна средба со генералниот директор, Жан Ив Лангле. На средбата Канческа-Милевска изрази благодарност до Лангле за досегашната успешна соработка во чии рамки веќе 12 години повеќе од 100 реномирани македонски…

повеќе...

Министерот Ивановски на состанок на Комисијата за широкопојасен интернет во Париз

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска учествуваше на 11-от состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, кој се одржа во Париз. На собирот се покренаа прашањата за дефинирање на програмата и стратегијата на комисијата за тековната и наредната година, со поставување на нова глобална развојна агенда. Министерот Ивановски во Париз оствари средби со истакнати претставници од светот на информациско-телекомуникациските технологии, со кои размени мислења и идеи за актуелните состојби во ИКТ сферата. Бројките на Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ) покажуваат дека мобилниот широкопојасен интернет е најбрзо…

повеќе...

Николоски во Париз ќе учествува во работата на Мониторинг комисијата и Комисијата за правни прашања и човекови права

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Алексадар Николоски од утре, 10-ти до 12-ти декември во Париз ќе учествува во работата на Мониторинг комисијата и Комисијата за правни прашања и човекови права. На Мониторинг комисијата, Николоски ќе учествува во функција на потпретседател што претставува потврда за неговиот досегашен активен ангажман. На состанокот е предвидено да се расправа за исполнувањето на обврските превземни при членство во организацијата од страна на Црна Гора, настаните во Украина, пост-миониторинг дијалогот со Монако, а ќе се разгедува…

повеќе...