СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ ќе го одбележи патрониот празник

СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид ќе го одбележи 24ти мај Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј патрониот празник на училиштето. Чествувањето ќе се одржи вечерва во просториите на училиштето, со почеток во 18:00 часот. WebOhrid

повеќе...

Свежо цвеќе на Спомен – обележјето на Христо Узунов во градскиот парк

Во рамките на одбележувањето на 112 години од херојската смрт на Христо Узунов, денеска пред споменикот на војводата во Градскиот парк, свежо цвеќе положија делегации на Општина Охрид, институции, политичките партии и невладини организации. Пред спомен-обележјето на Христо Узунов се одржа историски час и културно-уметничка програма.

повеќе...

Започнаа активностите за одбележување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“

Со полагање свежо цвеќе пред спомен – обележјето на Христо Узунов во двор на училиштето денес започнаа активностите за одбележување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“. Оваа година се одбележуваат 112 години од смртта на Узунов. Покрај делегација на училиштето, предводена од директорот на училиштето, м-р Тони Симоновски, свежо цвеќе на бистата на Узунов положија заменик градоначалникот на Општина Охрид, Ангел Јанев, советниците при Советот на Општина Охрид, Јованка Точко и Дејан Пановски, МПЗ „Mетодија Патче“– Охрид, ветерани, како и ученици. Одбележувањето продолжува вечерва во 18:30 часот, во изложбениот салон…

повеќе...

Со низа активности ќе се одбележи патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“

Основното училиште „Христо Узунов “- Охрид со низа активности ќе го одбележи патрониот празник на училиштето. По тој повод во петок (21 април)  во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечена прослава. Погледнете ја програмата:

повеќе...

Свечено одбележан патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Со свечена приредба во Центарот за култура „Григор Прличев“, Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти вечерва го одбележа патрониот празник на училиштето. Овогодинешната програма за свечената приредба беше на тема: „На крилјата на љубовта“. Пред присутните во салата се обрати директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски, кој најпрво се заблагодари на сите присутни во салата за како што рече нивното доаѓање за прославата – патронен празник на ова училиште. „Веќе 141 година ОУ „Живко Чинго“ е колевка на образовани и воспитани генерации, кои понатаму успешно чекорат во животот, притоа наоѓајќи го…

повеќе...

Започнаа активностите за одбележување на патронатот на ОУ „Живко Чинго“

Започнаа активностите за одбележување на патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“, Велгошти. Утрово делегација на училиштето, предоводена од директорот Ѓоко Чингоски положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Живко Чинго. Активностите продолжуваат вечерва со свечената прослава која ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, со почеток во 18:00 часот. WebOhrid

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти свечено ќе го одбележи патрониот празник

Со свечена прослава, во понеделник (20-ти март) во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид, ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, ќе го одбележи патрониот празник на училиштето. На свеченоста, свој настап ќе имаат училишниот хор, учениците од погорните одделенија, најмалите ученици со свои музички точки, изведба на драмата „Госпоѓа министерка“, а ќе биде отворена и ликовна изложба. Директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски, на најуспешните ученици ќе им додели награди, како и благодарнци на заслужните субјекти. ОУ „Живко Чинго“ годинава одбележува 141 година од своето постоење. Во минатото, а и сега, учениците…

повеќе...

ОУ „Григор Прличев“ го одбележа својот патрон

Основното училиште „Григор Прличев“, синоќа, со свечена приредба подготвена од учениците, го одбележа својот патрон. Во рамки на чествувањето помеѓу ОУ „Григор Приличев“ и „ГЕТЕ“ институтот беше потпишан меморандум за соработка. Градоначалникот Никола Бакрачески, во обраќањето ја поздрави оваа соработка, која како што рече е уште една во низата на соработки кои општина Охрид ги остварува со Сојузна Република Германија. На ликовна изложба беа претставени најдобрите ликовни творби на училишниот конкурс по повод патрониот празник и беа врачени наградите за најдобрите.

повеќе...

ОУ „Св.Климент Охридски“ се подготвува за патрониот празник

Во пресрет на Патрониот празник на училиштето „Св. Климент Охридски“ – Охрид, во тек се интензивните подготовки, каде учениците под менторство на своите наставници, педагогот и со поддршка на родители, преку балетски точки, рецитал, хор и низа други активности, се подготвуваат да оддадат почит на големиот чудотворец и Патрон. Свечената приредба ќе се одржи на 8-ми декември во 19,00 часот во НУ Дом на култура „ Григор Прличев “ – Охрид. Паралелно со активните проби, привршува и изградбата на спортското игралиште во училишниот двор, каде се поставува гумена подлога. Тоа…

повеќе...

Детската градинка „Јасна Ристеска“ го одбележа патрониот празник

Со пригодна свеченост, синоќа во Спортската сала „Билјанини извори“, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го одбележа патрониот празник 7 Ноември. На свеченоста дечињата од оваа установа изведоа богата забавна програма и ги потсетија постарите на времињата кога тие биле деца.

повеќе...