Македонија доби од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дополнителни 21 милион евра со кои се овозможува, наместо реконструкција на постоечкиот, изградба на нов експресен пат од Штип до Кочани. Договорот денеска во Лондон го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, првиот потпретседател на Банката Фил Бенет и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов. Експресниот пат ќе биде со должина од 28 километри и ќе има четири ленти. Ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот, а ќе се влијае и на заштита на животната средина.…
повеќе...Tag: пат
Утре прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево
Од АМСМ информираат дека утре (понеделник) поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево-Охрид на делот помеѓу Пресeка и с.Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути помеѓу 14.30-16.30 часот.
повеќе...Груевски: Над пет милиони евра за Охрид, Струга, Вевчани и Дебар
Во регионот на Охрид, Струга, Дебар, па и Вевчани предвидени се 5,12 милиони евра за инфраструктурни проекти кои дел се преку Програмата за рурален развој што се распределени на овие четири општини, а дел се директни инвестиции од страна на различни министерства. Овие пет милиони евра директно ќе одат за развојот на овие четири општини, најави премиерот Никола Груевски. „Внимаваме на овој регион доста, се трудиме што повеќе да донесеме средства, инвестиции во различни проекти што се значајни за граѓаните како водоводи, канализациски мрежи, градба на инфраструктурни проекти, локални и…
повеќе...Одложено минирањето на патот Охрид – Кичево
Според информацијата од Македонија пат, добиена од АД Илинден, планираните активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид (планински премин Пресека – с.Врбјани) кои беа закажани за денес, се одложуваат. Утре прекин на сообраќајот кај преминот Пресека – Врбјани
повеќе...Почна реконструкцијата на регионален пат Битола – Ресен
По завршувањето на подготвителните теренски активности официјално почна реконструкцијата на регионалениот пат Битола – Ресен. Почетокот на градежните активности го означи премиерот Никола Груевски. Според него, по 35 години за првпат се прави реконструкција на оваа важна сообраќајница. Планирано е да се реконструираат 27 километри за што ќе бидат инвестирани шест милиони евра. Градежните активности се очекува да се завршат за 12 месеци.
повеќе...Дали ќе издржат семафорите на булеварот „Св.Наум Охридски“!?
Новите семафори на булеварот „Св.Наум Охридски“ ја издржаа летната туристичка сезона, но дали ќе издржат до нивното официјално пуштање во употреба!? На делницата кај Инекс Горица веќе е свиткана една сообраќајна информативна табла. WebOhrid
повеќе...Во понеделник минирање на патот Охрид – Кичево
На патниот правец А2 Охрид – Кичево (планински премин Пресека – с.Врбјани), поради изведување градежни работи на пат (минирање), во понеделник (17-ти август), сообраќајот ќе биде во прекин од 14.00 до 16.00 часот, информираат од АМСМ.
повеќе...Груевски: Почнуваме со рехабилитација на пет патни правци во вредност од 22 милиони евра
Во втората половина на август почнуваме со рехабилитација на пет регионални патни правци во должина од 70 километри, инвестиција вредна 22 милиони евра, информира денеска премиерот Никола Груевски. Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на плажата во Стење, истакна дека ќе се реконструираат патните правци Битола – Ресен – Буково, Смоларе – Мокрино, Брвеница – Гостивар… „Покрај овие пет регионални патишта, континуирано работиме и на автопатиштата. Таму работите одат добро, нема застои се се движи со добра динамика, според планираното. Работите и на патиштата и на автопатиштата се одвиваат со…
повеќе...Во сабота прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево
Од АМСМ информираат дека во сабота(8-ми август), на патниот правец А2 Охрид – Кичево, (планински превој Пресека – с.Врбјани) поради изведување градежни работи на пат (минирање) сообраќајот ке биде во прекин од 14.00 до 16.00 часот.
повеќе...Денес прекин во сообраќајот на патот Охрид – Кичево
Од АМСМ информираат дека поради изведување работи на пат (минирање) на патниот правец А2 Охрид-Кичево помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани денес во периодот од 11:00ч. до 13:00ч. ќе има прекин во сообраќајот во траење од 15 до 20 минути.
повеќе...